Connect with us

Македонија

МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални незаконски дејствија

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции дека сториле нешто што не е во согласност со законските прописи во смисла на соодветни докази кои не соодветствуваат со потребни законски процедури.

Тошковски го изјави ова по прашањето дали МВР ќе го провери сертификатот за англиски јазик на директорот на АБН, Бојан Христовски, за кој постојат наводи дека е невалиден.

Тој истакна дека МВР ќе постапува согласно законските прописи и дека се преземени процесни дејствија во неколку постапки.

– Во изминатиот период од МВР се преземени процесни дејствија во неколку постапки, тие се како завршно дејствие на претходни предистражни дејствија кои што траеле многу повеќе од десетина дена. Така што сметам дека во рамки на она што ни е надлежност ќе настапиме, рече тој во изјава за медиуми по денешната прес-конференција на ЗНМ по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите.

Во однос на прашањето дали смета дека Христовски треба да поднесе оставка, министерот одговори дека смета дека, како што рече „не треба да навлегувам во тој дел“.

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, потврди дека се стигнати анонимни пријави против Христовски, кои се здружени во еден предмет и ќе бидат предмет на истрага.

– Минатата недела во ОЈО се стигнати анонимни пријави против сегашниот директор на АНБ. Тие се здружени во еден предмет и ЈО ќе постапува. Во овој момент не можеме да ви дадеме никакви информации со оглед дека пријавите се штотуку распоредени, односно дадени на одреден јавен обвинител, изјави државниот јавен обвинител.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, е под истрага поради наводи дека неговиот сертификат за англиски јазик е фалсификуван. Според информациите, Христовски поседува ТОЕФЛ-сертификат издаден од непостоечки испитен центар во Пловдив, Бугарија. 

Македонија

Земјотрес почувствуван во Македонија

Published

on

Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтер утрово е регистриран во Македонија.

Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.

Continue Reading

Македонија

Илиевски: Нека е честит Денот на албанската азбука!

Published

on

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, упати честитка по повод Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на јазикот и културното наследство. Тој порача дека различностите се богатство што треба да го негуваме и дека општина Брвеница ќе продолжи да гради заедништво и меѓусебна почит меѓу заедниците.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Албанската азбука е составен дел од идентитетот на секој албанец

Published

on

На свечената академија, кој што се одржа во Владата на Република Македонија, по повод Денот на албанската азбука, свое обраќање имаше и првиот вицепремиер Изет Меџити.

– Конгресот во Битола беше повикот од бришењето и асимилацијата на албанскиот јазик од меморијата на албанците. Оваа мобилизација на албанската интелигенција и политичкото раководство во Битола во 1908 година, токму во времето на востаничките движења на балканските народи, означи нов моментум за албанците на почетокот на 20 век. 

Меџите додаде дека како прв вицепремиер му е чест да биде домаќин на официјалните манифестации кои ќе се одржуваат во текот на денот по повод Денот на албанската азбука.

После свечената академија во Владата, како што кажа Меџите ќе се продолжи со Научен симпозиум во Институтот за албанско наследство, доделување на наградата 22 Ноември во Собранието, како и културно уметнички манифестации во Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк