Connect with us

Македонија

Злоупотребени лични податоци на 588 лица: Кривична против две физички и две правни лица од Скопје

Published

on

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Н.Т.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување на исправа” и „злоупотреба на лични податоци”, против правно лице со дејност во сателитска комуникација и емитување телевизиски програми од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци” и „фалсификување исправа”, против К.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина” и против правно лице – регистрирано за курирски услуги од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.

Првопријавениот Н.Т., управител на второпријавеното правно лице, во текот на 2024 година, во повеќе наврати злоупотребил лични податоци на вкупно 588 лица, корисници на услуги, на кои што претходно им истекле договорите за користење на услугите од правното лице и со тие лични податоци склучил фиктивни договори како да наводно се склучени нови 588 договори за користење на услуги со второпријавеното правно лице за емитување сателитски телевиски програми.

Врз основа на овие фиктивни договори, од второпријавеното правно лице, по неколку испорачани фактури трансферирал 1.637.080 денари на четвртопријавеното правно лице со кое што имал склучено договор за деловно – техничка соработка за наводна монтажа и демонтажа на сателитска опрема, за наводно склучените договори. Третопријавениот К.А., како управител на четвртопријавеното правно лице, уплатените парични средства ги вадел и ги давал во готово на првопријавениот Н.Т..

Македонија

Мечка на патот кон Калето на Тетово

Published

on

Пред неколку моменти! Мечка на патот кон Калето на Тетово, речиси на влезот во градот.

Фотографија од Идајет Шаини, 26.11.2024

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ГИ ПРИМИ БАЛКАНСКИТЕ ПРВАЦИ ВО БОКС, БРАЌАТА РУСТЕМОВСКИ

Published

on

Градоначалникот Тони Коњановски денес организираше прием на браќа Рустемовски, Ружди,Ален и Ардијан кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со победа обезбедувајќи златни медали.

Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.

Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето изгуби од Украинецот Зименко.

„Градоначалникот Тони Коњановски им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи“.

Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.

Continue Reading

Македонија

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

Published

on

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во рамки на соработката со бизнис секторот обезбеди можност за користење стипендии за студенти од семејства со ниски приходи.

Апликативниот процес се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење кој работи во состав на УКЛО-Битола, а се однесува за студенти на Електротехничкиот отсек при Технички факултет-Битола.

-Нашите студенти може да учествуваат на објавен повик за доделување десет стипендии од програмата ЛОСТ за стипендирање студенти од УКЛО од семејства со ниски месечни приходи, студенти на Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет-Битола. ЛОСТ е проект на ЕВН Македонија АД Скопје, кои ќе доделат 10 стипендии во висина од 10.000 денари месечено, за студенти од семејства со ниски приходи. Повикот е со широк опфат и може да се пријават студенти кои прв пат се запишале во прва, втора, трета или четврта година, информираа од УКЛО-Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк