Connect with us

Македонија

Издрогиран скопјанец прегазил жена и ја усмртил, избегал и се обидел да го прикрие стореното

Published

on

Поведена е истражна постапка против скопјанец поради сомнеж дека сторил кривично дело: Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1, но и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода според член 301 став 2 од Кривичниот законик.

Имено на 2 ноември, 46-годишен скопјанец го управувал своето возило „хонда“ под дејство на дрога со брзина поголема од дозволената во селото Марино. Кога се доближил до раскрсница меѓу две улички не забележал дека на коловозот има жена-пешак. Неможејќи навреме да запре, со автомобилот удрил во телото на жената, која се здобила со тешки телесни повреди и починала. Осомничениот, по несреќата, веднаш го напуштил местото на настанот и се обидел да го прикрие стореното кривично дело.

Против обвинетот од страна на Јавниот обвинител е доставен предлог за определување мерка притвор.

Македонија

Филков: Ефикасен правосуден систем е клучен за владеење на правото и борба против корупцијата

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков, на отворањето на 15-тата сесија на Националната конвенција на ЕУ во Република Северна Македонија, нагласи дека ефикасниот правосуден систем е темел за владеењето на правото и создавање бизнис-ориентирана средина. Според него, таквиот систем не е само предуслов за економски развој, туку и основен инструмент за борба против криминалот и корупцијата, како и за заштита на човековите права.

Главен предизвик останува должината на судските постапки, со оглед на тоа дека граѓаните очекуваат брзи и професионални решенија за своите случаи. Филков истакна дека Министерството е посветено на реформските чекори кои произлегуваат од Извештајот за напредокот на земјата. Меѓу мерките се воведување временски рокови за одредени фази на судските постапки, примена на електронски процедури за специфични случаи и реформирање на законодавството.

Министерството ќе продолжи со посветена реализација на приоритетите согласно Развојната Секторска Стратегија за правосудство 2024-2028 година, со цел да постигне независен и стабилен правосуден систем кој ги почитува човековите права и ги исполнува очекувањата на граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Денес во Битола дискусија “Проширувањето и Западниот Балкан – Предизвици и можности“

Published

on

Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел, во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Академијата за Европски интеграции од Скопје, ја организираат втората панел дискусија во рамки на Катедра Аденауер 2024, што ќе се одржи денеска  Битола, а темата е „Проширувањето и Западниот Балкан – Предизвици и можности“.

Свое излагање ќе имаат: Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања, Горан Илиќ, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Елена Тиловска-Кечеџи, Професор на Правниот факултет – Кичево при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Кирил Миноски, поранешен министер за финансии, Александар Спасеновски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Васко Наумовски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Настанот ќе го отворат претставниците на организаторите, односно Игор Неделковски, Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Давор Пашоски, Програмски менаџер во Фондацијата Конрад Аденауери Анѓела Ангеловска, Проектен менаџер во Академијата за Европски интеграции – Скопје.

Continue Reading

Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД.

– Срдечни честитки по повод изборот на Доналд Трамп за Претседател на Соединетите Американски Држави и многу успех во извршувањето на одговорната функција, наведува претседателката во објавата на Фејсбук.

Таа нагласува дека Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.

– Уверена сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели, истакна Сиљановска Давкова.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк