Connect with us

Македонија

Денес во Битола дискусија “Проширувањето и Западниот Балкан – Предизвици и можности“

Published

on

Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел, во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Академијата за Европски интеграции од Скопје, ја организираат втората панел дискусија во рамки на Катедра Аденауер 2024, што ќе се одржи денеска  Битола, а темата е „Проширувањето и Западниот Балкан – Предизвици и можности“.

Свое излагање ќе имаат: Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања, Горан Илиќ, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Елена Тиловска-Кечеџи, Професор на Правниот факултет – Кичево при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Кирил Миноски, поранешен министер за финансии, Александар Спасеновски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Васко Наумовски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Настанот ќе го отворат претставниците на организаторите, односно Игор Неделковски, Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Давор Пашоски, Програмски менаџер во Фондацијата Конрад Аденауери Анѓела Ангеловска, Проектен менаџер во Академијата за Европски интеграции – Скопје.

Македонија

Две тетовски села утре ќе бидат без струја

Published

on

Утре, на 07.11.2024, две тетовски села ќе бидат без струја. Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе вршат реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа на локациите наведени во прилог.

БОГОВИЊЕ и РАКОВЕЦ прекин од 08:00 до 15:00 часот

Continue Reading

Македонија

Ќе има поскапување на струјата?

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари. Како што рече денеска, сепак, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), како независно тело, го има последниот збор.

Оваа Влада, истакна Мицкоски, не е феудална, туку според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир.

-Нема да бидам измамник како што беше минатата влада, да кажувам дека Владата ги субвенционира сметките на граѓаните. Тоа не го прави. Ние сме Влада која според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир. Ние не сме феудална Влада, туку Влада која треба да се грижи за стандардот на граѓаните и затоа нема да ги лажам граѓаните дека и покрај тоа што на берзите цената на струјата е 100, 200, 300 евра за мегават час, а тука граѓаните ја плаќаат помалку од 60 евра, дека ние субвенционираме. Не, ние работиме заедно со граѓаните зашто се грижиме за социјалниот карактер на државата и од тие причини не очекувам дека ќе има поскапување на струјата. Сепак, секогаш РКЕ е таа што го има последниот збор, истакна Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Семејна драма во Тетовско: Полицијата морала да интервенира

Published

on

На 05.11.2024 во 14.40 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Б.М.(44) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга, при што употребил и стаклени предмети. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк