Connect with us

Македонија

Надлежните смируваат – цената на струјата нема да предизвика шок кај граѓаните

Published

on

Понудите кои енергетските компании ги испратија на проверка кај РЕК се превискои и нереални и регулаторот најголоемиот дел од нив нема да ги прифати.

Следува период на дполнителна проверка на документацијата која е испратена до регулаторот со која енергетските компании бараат признавање на трошоци за нивното работење кое директно влијае врз цената на електричната енергија која што ја плаќаат граѓаните. 

Марко Бислимовски првиот човек на Регулатрорна комисија за енергетика  вели дека никогаш не дозволил ниту сега ќе дозволи ценовен шок на струјата 

„Да видиме по која цена најверојатно ЕСМ ќе понуди на универзалниот снабдувач па ќе имаме конкретни информации инаку такви големи поскапувања никогаш не биле прифатливи за регулаторната комисија за енергетика не не не не сме ги прифатиле ги гледаме но тоа нема да се случи  во секој случај.“ – вели Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски  вели дека должноста на владата е да обезбведи социјален мир и да работи во интерес на граѓаните.

„Ние сме влада која што треба да се грижи за стандардот на граѓаните и затоа нема да ги лажам граѓаните и да кажувам дека и покрај тоа што на берзите цената на електричната енергија е 100, 200, 300 евра за мегават час а тука граѓантие ја плаќаат помаљлку од 60 евра дека ние ја субвенционираме не, ние заедно со граѓантие работиме затоа што ние се грижиме за социјалниот карактер на државата и од тие причини не очекувам дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија.“ – вели Мицкоски.

Кон крајот на годината треба да се донесе новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите компании, таа цена ќе важи за следните шест месеци односно до јули 2025година.

Македонија

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, во врска со тоа дали ќе се укине недела неработен ден вели дека неговиот став е дека или сите да работат со двојна или тројна дневница за работниците за тој ден или никој да не работи.

„И сега е недела работен ден, но, само за одредени економски оператори. Напишано е кои се тие оператори, во законот дури се ставени во квадрат. На пример, работи еден трговски центар што го отваравте со фанфари. Значи, и сега има економски оператори што работат во недела. Моето лично мислење е или никој да не работи во недела, вклучително и тие што сега работат, или, пак, тие што сакаат да работат да им даваат двојна дневница на работниците“, рече Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Ноќно скијање и снежни авантури во Ски-центарот Стрежево

Published

on

Снежната магија продолжува! Овој петок (27 декември) Ски-центарот Стрежево повторно организира ноќно скијање од 19 до 22 часот. Идеална можност за сите љубители на зимските спортови да уживаат во уникатното искуство на осветлените патеки.

За дополнително уживање, нашата чајџилница утре (четврток) ќе биде отворена од 8 до 16 часот, нудејќи топли напивки за вашите снежни моменти.

Подгответе ја вашата ски-опрема и повелете во Ски-центарот Стрежево за незаборавни зимски авантури.

Continue Reading

Македонија

Тетовското комунално претпријатие конечно ги исплати заостанатите плати

Published

on

Вработените во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ конечно ги добија платите што им доцнеа за четири месеци – август, септември, октомври и ноември. Исплатата е овозможена благодарение на одлуката на Советот на Општина Тетово, кој на седница одржана на 11 декември, одобри покривање на загубите на претпријатието со износ од 60 милиони денари (приближно 970.000 евра). Со оваа сума, покрај заостанатите плати, ќе бидат покриени и долговите за здравствено и пензиско осигурување на вработените.

„После повеќе од три години, од 2021 година наваму, конечно добивме редовна исплата. Ова е првпат да имаме редовна плата за ноември,“ изјави Мирослав Симоски, раководител на секторот за православните гробишта.

Проблемите со доцнењето на платите го следеа претпријатието веќе три години, а вработените неколкупати организираа прекини на работата барајќи исплата на заостанатите средства и придонеси. Недостигот од здравствено осигурување беше особено тежок, бидејќи вработените сами ги подмируваа трошоците за лекови и медицински услуги поради честите повреди на работното место.

За да се надмине финансиската криза и големиот долг, на почетокот на годината „Тетово“ беше преструктурирано. Новоформираното претпријатие „Шари“ ги презеде водоводот и канализацијата, додека управувањето со отпадот беше доверено на словенечката компанија „Саубмахер“ преку приватно-јавно партнерство. Претпријатието „Тетово“ задржа сектори како што се Јавна чистота, Зелен пазар, Православните гробишта и Паркови и зеленило.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк