Connect with us

Македонија

КУД „ИЗВОР“ ПРОСЛАВИ ДЕВЕТНАЕСЕТ ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Published

on

 

Во неделата, во Дом на култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово се одржа значаен концерт на културното уметничко друштво „Извор“ од с. Јегуновце, кое по 19-ти пат од своето основање ја прослави својата традиција и работа со годишен концерт. „Извор“ , претходно познат како „Југохром“ чии почетоци се далечната 1974 година, постои од 2005 г. и наредната година се спрема за голем јубилеен концерт по повод 20 години постоење, промоција на македонската фолклорна култура, како и реафирмација на полошкиот регион со негување на локални песни и игри.

 

На концертот се собраа многу обожаватели, пријатели и љубители на фолклорната музика, кои уживаа во богатата програма составена од традиционални песни и игри. Играорците на КУД „Извор“ се претставија со: „Моме Митро“, „Пијанец“, „Водарки“, како и „Посеље“ – оро кое го носи името на пределот во кое друштвото функционира и игрите кои потекнуваат од тој простор. Покрај домаќините, гости беа КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од с. Теарце и двајца вокални изведувачи од Фолклорното студио „Блажевски“ од Скопје.

 

Културното уметничко друштво „Извор“ покрај настапите на македонско тло, има настапувано во неколку европски земји, меѓу кои: Полска, Унгарија, Словенија, Турција, Бугарија, Србија, Хрватска, Црна Гора и др. Токму ова лето, младинскиот ансамбл беше гостин на меѓународен фестивал во Мохач, Република Унгарија. Раководител е истакнатиот кореограф и уметнички раководител на играораниот кор во НУ „Танец“, Јовица Блажевски, кој е во „Извор“ уште од неговите почетоци, додека претседател е Ненад Блажески, локален стопанственик.

 

По повод овој годишен концерт, претставниците на друштвото изразија благодарност до сите поддржувачи и покровители, нагласувајќи дека нивната поддршка е клучна за одржување на духот на фолклорната традиција. Организацијата истакна дека претстои јубилејна година во која „Извор“ сака да ги изненади гостите со преубава и несекојдневна програма по повод дваесетгодишниот јубилеј. Групата продолжува да работи на нови проекти и да се бори за зачувување на македонската фолклорна традиција за идните генерации. Фолклорот е важен симбол на полошките предели, што несомнено „Извор“ го докажува со текот на времето.

Македонија

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски: Преку 4 милиони евра за надградба на електро преносната мрежа во Пелагонија

Published

on

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, објави значајна инвестиција од над 4 милиони евра за надградба на електро преносната мрежа во Пелагонискиот регион. Оваа инвестиција опфаќа реконструкција на трафостаницата Битола 2, која се очекува да заврши овој месец. Со нејзиното завршување, ќе се подобри стабилноста на електричната мрежа и ќе се обезбеди непрекинато снабдување со електрична енергија за компаниите и граѓаните.

„Инвестираме во иднината на Македонија, за развојна и економски силна земја,“ изјави министерот Николовски, истакнувајќи дека оваа инвестиција ќе има долгорочни придобивки за економијата и за секојдневниот живот на граѓаните во регионот.

Continue Reading

Македонија

Министерот за правда, Игор Филкив, во работна средба со Академијата за судии и јавни обвинители

Published

on

Министерот за правда, Игор Филкив, се сретна со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски, и заменик директорот, Илир Исени. Средбата се одржа во духот на конструктивен дијалог, каде што се дискутираа предизвиците со кои се соочува Академијата, како и решенијата кои ќе овозможат подобри просторни услови и зголемени капацитети за обука на идните судии и обвинители.

Една од централните теми беше потребата за оптимизација на роковите за полагање испити, со цел процесот да стане побрз и поефикасен. Ова би им овозможило на кандидатите побрзо да го завршат обуката и полесно да пристапат до своите нови улоги.

Министерот Филкив потенцира дека министерството ќе продолжи да работи во тесна соработка со Академијата, со фокус на размена на искуства и ресурси, кои ќе придонесат кон создавање на иновативни и современи програми за обука. Новите програми ќе бидат дизајнирани така да ги одговорат на реалните потреби на правосудниот сектор и да го зголемат професионализмот и ефикасноста на идните судии и обвинители.

Continue Reading

Македонија

Човек од Боговиње каснат од куче скитник на улица во Тетово

Published

on

На 06.11.2024 во 10.00 часот во СВР Тетово, С.Р.(36) од с.Боговиње, тетовско, пријавил дека на улица „146“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк