Надградникот, дел од златната рака, златни пристени и другите предмети укажуваат дека покојникот пограбн таму, како и импозантната гробна архитектура седум метри во должина и четири во широчина, ги надминува сите познати архајски некрополи на Балканот
На локалитетот на струшко Корошишта, познат како Корошешката некропола, пронајдени се непроценливо вредни археолошки наоди – златен наградник, два златни прстена, извести МРТ.
Археолозите истражувале голема гробница – гроб на маж и жена во селото Корошишта. Според бројните откриени скапи подароци, златни предмети се претпоставува дека станува збор за лица од аристократијата во тој период.
„Станува збор за исклучително важно откритие. Надградникот, дел од златната рака, златни пристени и другите предмети укажуваат дека покојникот пограбн таму, како и импозантната гробна архитектура седум метри во должина и четири во широчина, ги надминува сите познати архајски некрополи на Балканот“, изјави Перо Араџанлињев, раководител на археолошките истражвања.
Истакна дека тоа укажува на тоа дека покојникот бил дел од семејството коешто владеело со оваа област. Аранџалињев потсети дека според пишаните документи од 6 век пне во регионот околу Охридското Езеро биле распорастранети Ахелиетот.
Како што извести дописниката на МРТ од Охрид, овој локалитет станал предмет на интерес на ерхеолозите пред четири годинини, кога сопственици на нивата на која се наоѓа гробницата обработувајќи го земјиштето пронашол бронзен шлем што го пријавил во Завод и музеј Охрид.
„Истражуваниот локалитет потекнува од Архајскиот период од 6 век пне, и наликува по многу нешта на позмнатата Требенишка некропола. Во рамките на истржуваната гробна целинарегистрирани се околу 80 наоди, од кои сега се само дел претставени“, рече на прес-кнференцијата по овј повод министерот за култура, Заоран Љутков, истакнувајќи дека ова откритие ќе има големи влијание врз самото научно разбирање на исстражуваниот локалитет и периодот од кој потекнува, како и ќе има импликации врз локалниот туризам.
Откриените артфакти ќе бидат конзервирани во Заводот и музеј Охрид а потоа ќе бидат пренесени во Археолошки музеј, Славица Бабамова.
Локалитетот во Корошишта е заштитен и обезбеден, но неговата точна локација не се открива, за да биде заштитен од дивите копачи на артефакти.
Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
На покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, Ѓорѓиевски изрази чест и задоволство што имал можност да биде дел од овој значаен настан и да поразговара со научната елита од Македонија и пошироко.
„МАНУ е институција со научен и уметнички интегритет, која била и ќе остане чувар на македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Таа претставува столб на нашата државност и мост за градење односи меѓу различните национални и етнички групи во Македонија,“ изјави Ѓорѓиевски.
Тој упати честитки до добитникот на меѓународното признание „Блаже Конески“ за оваа година, професорот Мотоки Номачи од Јапонија, кој е член на словенско-евроазискиот истражувачки центар при Универзитетот Хокаидо Сапоро.
Денот на МАНУ беше одбележан со свечена програма, во која учествуваа академици, научници и јавни личности, потврдувајќи ја улогата на Академијата како водечка институција во зачувувањето на македонското културно и научно наследство.
Министерот за правда, Игор Филков, денеска ја истакна значајноста на новоформираната Комора на вештаци, која конечно започна со работа по осумгодишно мирување. Со запишувањето на Комората во Централниот регистар на 25 октомври 2024 година, правосудниот систем доби институција која ќе обезбеди поголема транспарентност, независност и професионалност во процесот на вештачењето.
„Функционирањето на Комората беше еден од моите први приоритети кога ја презедов функцијата министер за правда. Ова е значаен чекор кон подобрување на правосудниот систем, бидејќи квалитетното и навремено вештачење е од клучна важност за донесување правични судски одлуки,“ изјави Филков.
Претседателот на Комората, Виктор Камнар, нагласи дека новата институција ќе го зголеми квалитетот на судските постапки преку обезбедување високо професионални вештачки наоди. Камнар најави и дека следниот месец ќе биде објавен јавен повик за лицата кои сакаат да станат вештаци, со обуки од 60 часа како предуслов за добивање лиценца.
Министерството за правда ќе продолжи да ја поддржува Комората во напорите за професионален развој и унапредување на процесите, додаде Филков, оценувајќи дека оваа иницијатива ќе ја зголеми ефикасноста на правосудството.
Зелените кредити бележат годишен раст во портфолијата на банките и во третиот квартал од 2024 година. Според податоците на Народната банка, на крајот на септември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 1,4 милијарди денари, или 7,4%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 2,8 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што се инвестициите во нова еколошка технологија.
Според податоците на Народната банка, на крајот од третото тримесечје од 2024 година, состојбата на зелените кредити во билансите на банките изнесува 20.350 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Заклучно со третото тримесечје од 2024 година, состојбата на кредитите одобрени на компаниите изнесува 19.355 милион денари, додека на домаќинствата изнесува 995 милиони денари.
Уделот на зелените во вкупните кредити сѐ уште е на релативно ниско ниво, но од крајот на 2019 година, заклучно со третото тримесечје од 2024 година, се забележува промена од 2,2 % на 4,4 %.
Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки.