Connect with us

Македонија

Младите кренаа раце од кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина поради незаинтересираност на Арсовска

Published

on

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година.

Како што велат оттаму, до одлуката дошле по неколку обиди да стапат во контакт со претставниците на градот, кои требало со советот да ја презентираат кандидатурата на градот пред жири комисијата за Европска младинска престолнина.

„Неуспехот да стапиме во контакт и на самиот почеток да воспоставиме одржливо партнерство само ни покажа дека градот не е суштински посветен на младите и кандидирањето за оваа титула не е мотивирано од вистинските потреба за поставување на младите високо на листата на приоритети. Овој заклучок дополнително ни се потврдува со фактот дека градот не покажа доволно посветеност за надминување на препреките за формирање на локален младински совет, усвојување на локална стратегија за млади, ниту пак отварање на младински центар, дел од механизмите кои се основа и на самата кандидатура за Европска младинска престолнина 2027“, пишува во соопшението.

Од НМСМ апелираат до преставниците на локалните и националните институции активно да се вложат во обезбедување на услови за суштинско младинско учество и заеднички со младите да креираат програми и политики кои одговараат на нивните вистински потреби и во ваквите процеси целосно им стоиме на располагање.

Велат дека и покрај овој резултат, НМСМ ќе продолжи да бара поддршка и да вложува напори визијата која ја имаме за Скопје да стане реалност, активно да ги поддржува младите и да застапува пред институциите за политики кои ги адресираат нивните приоритети и обезбедуваат зголемен младински стандард и квалитет на живот.

Македонија

Пукано во 20-годишно момче од Шуто Оризари – посочен е можниот сторител

Published

on

Денеска (14.11.2024) во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, Ш.М.(20) од Скопје бил повреден од огнено оружје, а како можен сторител бил посочен Х.И.(47) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Мајка ја наведувала нејзината малолетна ќерка на проституција

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, поднесе кривична пријава против Љ.Н.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Пријавената, во периодот од 2020 до 24.10.2024, ја наведувала нејзината малолетна ќерка на проституција, за што добивала паричен надомест.

Continue Reading

Македонија

Вработена во МВР го оштетила Буџетот за над 189.000 денари

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Пријавената С.Т. – на работното место помошник на министерот во Центарот за обука на МВР, во периодот од септември до октомври 2023 година, постапила несовесно во вршење на своите должности и овластувања, на тој начин што на лица со кои министерството имало склучено договор за основна обука за полицаец (генерација 2023/2024) им овозможила да продолжат со основната обука и покрај тоа што им бил откажан договорот за основна обука поради тоа што не ги освоиле потребните бодови за продолжување на обуката во друг модул. Пријавената самоволно и незаконски им овозможила да ја продолжат обуката на начин што им биле прифатени поднесените приговори, им било извршено ретестирање спротивно на подзаконските прописи што ја регулираат предметната материја и им овозможила да засноваат работен однос во министерството и покрај тоа што во договорот била предвидена одреба согласно која во случај на спор постапувањето е во надлежност на судот.

Со тоа што им овозможила на кандидатите за полицаец понатамошно право на обука, престој и исхрана во Центарот за обука во МВР, таа го оштетила буџетот на МВР во вкупен износ од 189.777 денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изрече задолжителни мерки да се преиспита основаноста на склучените договори за работа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк