Connect with us

Македонија

Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот

Published

on

Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот и потребна е интервенција на логопед. Ова го покажуваат последните терстирања на децата од 4 до 6 години згрижени во градинките.

-Податоците се алармантни. Тестиравме околу 500 деца, згрижени во градинките и резултатите покажаа дека секое второ дете има проблеми со говорот, но за жал, во последно време и се зголемува проблемот со деца кои воопшто не зборуваат. Најчесто станува збор за една полиморфна дислалија, односно каде се опфатени фонемите и изговорот на Р, Л, потоа еден парасигматизам каде имаме замена на Ш и Ж, со С и З. Но за жал, најчесто, во последно време се појавуваат случаи на тотално отсуство на говор, една алалија каде што треба алармантно да се реагира од логопед и дефектолог., вели Даниела Пајмакоска Момироска, еден од двајцата логопеди кои работат со децата во прилепските градинки „Наша иднина“.

Според Пајмакоска Момироска, една од главните причини е – екранизацијата, или напредокот на технологијата, но и отсуството на поголем надзор на родителите над децата. Алармира на голема комуникација меѓу родител и дете.

-Живееме во нова технолошка ера, тоа е разбирливо. Но не може да им дозволиме на децата постојано да се изложени на телевизорите, таблетите, телефоните. Отсуствува комуникацијата родител-дете. Таа комуникација мора да се засили и не смеат младите да бидат пропуштени сами на себе. Затоа главната препорака е: родители, комуницирајте со децата. Зборувајте им и кога ги земате од градинка како го поминале денот, и кога сте дома со некои обврски, пак, разговарајте, комуницирајте, одговарајте на сите прашања на децата. Бидете упорни и кога не сакаат да зборуваат. Најдете време за своите деца, препорачува логопедот Даниела Пајмакоска Момироска, вработена во градинките „Наша иднина“ во Прилеп.

За родителот Габриела Стефаноска чие дете на петгодишна возраст е згрижено во детска градинка, мора да се обрне внимание на проблемот и не смее да биде табу тема.

-Моето дете има проблеми со изговорот на неколку тврди согласки. Работам со логопед во градинката, а и надвор од неа. Не сакам да има проблем поматаму, ниту да биде за потсмев меѓу врсниците или пак да се појави булинг. Ситуацијата со проблемите во говорот е алармантна. Во групата на моето дете од 35 деца, 30 посетуваат логопед. Не смее ова да биде табу тема и добро е што родителите се охрабруваат. Затоа, логопедот и помошта што може да ја добијат, топло им ја препорачувам, вели Стефаноска која има дете во училиште и со кое претходно работела посетувајќи логопед.

Македонија

УХМР со предупредување: Се очекуваат обилни дождови

Published

on

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утре времете се очекува да биде облачно додека преку ден ќе има повремени врнежи од дожд наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје претежно облачно од преку ноќта и потоа преку денот со повремени врнежи од дожд,повремено пообилни.

Времето во во петок и до сабота наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

Continue Reading

Македонија

Внимавајте, од денес полицијата казнува за една работа плус

Published

on

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:
– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4×4):
– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:
– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
– пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;
– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици, се појаснува во соопштението од МВР, се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

МВР апелира до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ: ПОЛИТИКАТА ДА ЈА ОСТАВИМЕ НАСТРАНА, ОВА Е ШАНСА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ

Published

on

На почетокот на денешната седница на Советот на Општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски им се заблагодари на советниците за поддршката на иницијативата која ја достави до Советот за одржување на вонредната седница за нивното прифаќање, со како што рече, Општина Битола да има одобрена програма за развојните планови за периодот 2025-2027 година.

Со ова рече тој се овозможува континуитет во работењето на локалната самоуправа, особено во континуитетот на продолжување на инфраструктурните проекти и зафати.

„Би сакал да кажам дека Општина Битола е во фаза на изготвување на огромна проектна документација која вклучува проекти од водоводната и канализационата, патната инфраструктиура, паркинзи, проекти и во градот и во руралните средини, што ќе значат подобрување на условите за живот во општината“ рече Коњановски.

Тој искрено ги замоли да ги остават настрана дневната политика и интересите на партиите, а сега да се обединат, не само декларативно, туку на дело за поубава и подобра Битола за сите нас.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк