Connect with us

Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Визија и посветеност за подобра Кисела Вода

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, го изразува својот искрен ангажман и посветеност кон заедницата, создавајќи иднина со конкретни проекти и иницијативи. Преку своето залагање за подобар квалитет на живот, Ѓорѓиевски покажува дека работата за својот народ не е само обврска, туку и чест која ја носи со гордост и одговорност. Во своето обраќање, тој потенцира дека секој денар од граѓаните се користи за нивна добробит, од инфраструктурни проекти кои го унапредуваат секојдневието, до инвестиции во културата, спортот и образованието. Со бројни активности и програми, како поддршка на младите и пензионерите, грижа за семејствата и силен фокус на локалните компании, Орце Ѓорѓиевски го отвора патот за просперитет и развој на општината. Ветува дека најдоброто допрва доаѓа – со јасна визија и неуморна работа, во чекор со потребите на граѓаните.

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода: 

Најголема чест е да работиш за својот народ, да ги исполнуваш своите ветувања, да ги менуваш работите на подобро, да создаваш иднина. Да ги решаваш проблемите кои си ги наследил, да реализираш проекти за кои си ја добил довервата од народот, ако можеш, и повеќе од тоа што си го ветил. Да дадеш отчет за сработеното и за потрошениот народен денар.

Обврска е да го изградиш она што предходно не го изградиле, а требале да го изградат. Кога се сака, се се може. Нас не дефинира трудот и резултатите од тој труд. За да се успее, мора да се работи.

Градиме! Паркинзите кои ги градиме, го зголемуваат редот. Улиците кои ги градиме, го подобруваат секојдневието. Исправаат децениски неправди, создаваат пријателство за подобра иднина.

Инвестициите во спорто се за здрав дух во здраво тело. Само со вредности и идеи може да се надпреваруваме со светот.

Нашата иднина е во најмладите. Наша обврска е да обезбедиме среќа и насмефки за нашите деца.  Содржините за забава на децата го јакнат семејството.

Новите изградени и реконструирани градинки  значат посреќни и образовани деца.  И поголеми можности за кариеран развој за мајките и татковците.

Се грижиме! Пензионерите да имаат бесплатен транспорт за основни потреби. Црвено копче за известување на надлежните, повисоки пензии, бесплатни екскурзии.

Се грижиме! Семејството да ги намалат трошоците за образование на своите деца. Да добијат бесплатни ранци и училишен прибор. Да имаат смарт табли и прочестувачи на воздух во училиштата. Да ги легализираат своите домови. Да откупат дворни места. Да се релаксираат во новите паркови.

Создадовме Дом на културата, кој е центар на културниот живот на поширокиот дел од градот. До гордост на Кисела Вода. Задоволство е да се гледа како граѓаните уживаат во културата. Го развиваат својот потенцијал, се надпреваруваат, културно се воздигнуваат. Така се чува и унапредува нашиот идентитет.

За да има инвестицији, потребни се средства кои ги обезбедуваат бизнисите во нашата општина. Секогаш ќе ја имаат мојата поддршка и помош, за нивен  раст и нови вработување.  Силни компанији значат силна обштина.

И повеќе средства за граѓаните, повеќе нови проекти, повеќе инфраструктура, повеќе за тебе почитуван граѓанину.  Кога се сака, сè се може. Работиме, градиме, се грижиме, даваме отчет.

И најважното, најдоброто допрва доаѓа.

Целото видео може да го погледнете тука

Македонија

НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД БУГАРСКАТА ФОНДАЦИЈА „МАКЕДОНИЈА“

Published

on

Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в недела на 12 јануари на кејот на Вардар во Скопје и во црквата Свети Димитрија.

Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

Стојанов во последно време е особено активен во Албанија каде дели бугарски книги и учебници за македонското малцинство.

На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.

Continue Reading

Македонија

Општина Битола: Бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки!

Published

on

Општина Битола обезбедува бесплатен превоз за сите љубители на зимските спортови до скијачките центри Нижеполе и Копанки. Оваа иницијатива има за цел да го промовира активниот животен стил и да овозможи достапност на зимските активности за сите граѓани. Искористете ја можноста за удобен и бесплатен превоз до овие популарни дестинации!

Continue Reading

Македонија

УТРИНСКА МАГЛА НА ПАТИШТАТА Еве каде има намалена видливост

Published

on

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 до 150 метри на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80 метри на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато, соопшти АМСМ.

Оттаму потсетуваат дека мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино Село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк