Connect with us

Инфо +

Утре без струја повеќе места во Македонија – дознајте дали сте на листата!

Published

on

Известување за прекин на електрична енергија: Утре, 13.11.2024, повеќе делови од градови и населени места низ Македонија ќе останат без струја поради планирани работи на дистрибутивната мрежа. Овој прекин е дел од тековните активности за подобрување на снабдувањето со електрична енергија.

Македонија

Димитриевски: Вчера купував правосмукалка и се мислев да не ми излезе Груби од рафтот

Published

on

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели:

Вчера купував еден производ во една продавница тука во Скопје, правосмукалка и отидов на рафтот, викам сега да не ми излезе Артан Груби од рафтот. Претпоставувате во која фирма. Таква бламажа и недозволени пропусти, но факт е дека секој извршува одредена позиција и функција и самиот полициски службеник кој го направил пропустот треба да одговара, вели Димитриевски. 

Continue Reading

Инфо +

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса

Published

on

Поранешната вршителка на неколку државни функции Силвана Бонева објави заедничка фотографија со поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и поранешниот пратеник Ромео Тренов.

– И после многу години, задоволство е, кога и да се сретнеме, по било кој повод!, објави Бонева на Фејсбук

Continue Reading

Свет

Конечно ќе ја дознаем вистината за Кенеди: Трамп нареди да се објават класифицирани документи

Published

on

Новиот американски претседател Доналд Трамп донесе наредба со која се налага да се направи план за објавување на илјадници доверливи владини документи за атентатот на Џон Ф. Кенеди во 1963 година, настан што со децении поттикнува различни теории на заговор, јавуваат светските медиуми.

Извршната наредба што претседателот ја потпиша вчера, исто така, налага да се декласифицираат и преостанатите записи на федералната влада поврзани со атентатите на Роберт Кенеди и свештеникот Мартин Лутер Кинг, еден од главните предводници во борбата за права на афроамериканците во САД во 1960-те години во САД.

„Повеќе од 50 години по атентатите на претседателот Џон Кенеди, сенаторот Роберт Кенеди и свештеникот д-р Мартин Лутер Кинг-Јуниор, федералната влада не ги објави во јавноста сите свои записи поврзани со тие настани. Нивните семејства и американскиот народ заслужуваат транспарентност и вистина. Во национален интерес е конечно да се објават сите записи поврзани со овие атентати без одлагање“, се вели во наредбата на Трамп, пренесува „Гардијан“.  

Говорејќи пред новинарите вчера, новиот американски претседател рече:

„Многу луѓе го чекаат ова долго, со години, со децении. Сè ќе биде откриено“

Трамп за време на неговата изборна кампања најави дека јавно ќе ги објави последните материјали од сè уште доверливите документи за атентатот на Кенеди во Далас. Тој даде слично ветување за време на неговиот прв мандат (2016-2020), но на крајот ги послуша апелите на ЦИА и ФБИ за воздржаност.

Инаку, новиот американски претседател Трамп го номинираше внукот на Кенеди, Роберт Кенеди Јуниор за министер за здравство во неговата нова администрација.

Наредбата што вчера ја потпиша претседателот на САД им налага на директорот на националното разузнавање и јавниот обвинител да развијат план во рок од 15 дена за декласификација на преостанатите записи за атентатот на Џон Ф. Кенеди, а во рок од 45 дена за другите два случаи.

Трамп му го предаде пенкалото што се користеше за потпишување на наредбата на својот помошник и го упати тоа да му биде предадено на Роберт Кенеди Јуниор.

„Мислам дека тоа е одличен потег, бидејќи треба да има поголема транспаретност во нашата влада и тој (Трамп) го одржува своето ветување дека владата ќе ја каже вистината на американскиот народ за сè“, рече Кенеди Јуниор, изразувајќи благодарност до претседателот Трамп во изјава за Ен-би-си њуз“. 

Во меѓувреме, Џек Шлосберг, внук на Кенеди, ја осуди најновата извршна наредба на Трамп нарекувајќи ја „политички реквизит“.

„Вистината е многу потажна од митот – трагедија која не требаше да се случи. Не е дел од неизбежна голема шема. Декласификацијата е користење на ЏФК како политички реквизит, кога тој не е тука да го возврати ударот. Нема ништо херојско во тоа“, вели Шлосберг во објава на Икс.

Неколку илјади од милионите владини записи поврзани со атентатот на Џон Ф. Кенеди допрва треба да бидат целосно декласифицирани. И додека многумина кои го проучувале она што досега беше објавено велат дека јавноста не треба да очекува какви било големи откритија, сепак постои интензивен интерес за детали поврзани со атентатот и настаните околу него.

Кенеди беше застрелан во центарот на Далас на 22 ноември 1963 година, додека неговата поворка минуваше пред зградата на училишниот депозитар, каде што 24-годишниот атентатор Ли Харви Освалд се позиционираше во „снајперско гнездо“ на шестиот кат. Два дена по убиството на Кенеди, сопственикот на ноќен клуб во Далас, Џек Руби го застрела Освалд за време на трансферот во затвор.

Во раните 1990-ти, федералната влада наложи сите документи поврзани со атентатите да бидат сместени во една збирка во Националниот архив на САД.

Документите објавени во последните неколку години нудат детали за начинот на функционирање на разузнавачките служби во тоа време, а вклучуваат телеграми и белешки на ЦИА во кои се разговара за посетите на Освалд на советската и кубанската амбасада, како и неговото патување во Мексико Сити само неколку недели пред атентатот. Поранешниот маринец претходно пребегнал во Советскиот Сојуз пред да се врати дома во Тексас.

Сепак, во колекцијата има некои документи кои истражувачите не веруваат дека претседателот ќе може да ги објави.

Експертите се сомневаат дека во преостанатите тајни архиви има големи работи кои би ја промениле прифатената верзија на настаните. За време на изборната кампања, Трамп вети дека ќе ги декласифицира преостанатите владини документи поврзани со атентатот.

Тој даде слично ветување во неговиот прв мандат, но се повлече на инсистирање на ЦИА и ФБИ, бидејќи овие агенции тврдеа дека некои документи треба да се чуваат од јавноста поради страв од откривање на тајните на националната безбедност.

Трамп рече дека Мајк Помпео, неговиот поранешен директор на ЦИА, го убедил да не ги открива за време на неговиот прв мандат.

„Всушност, Мајк Помпео, државниот секретар, ме замоли да не го правам тоа, а јас се чувствував како да знае нешто што можеби, знаете, кога ве замоли да не го правите, велите „зошто? „Тој не мислеше дека е добро време да ги пушти“, рече Трамп.

Во контекст на оваа одлука, Трамп рече дека е голема.

„Сè ќе се открие, луѓето тоа го чекаат со години. Повеќе од 50 години по атентатите на претседателот Џон Кенеди, сенаторот Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг Џуниор, федералната влада не ги објави јавно сите свои записи поврзани со тие настани. Нивните семејства и американскиот народ заслужуваат транспарентност и вистина. Од национален интерес е без одложување конечно да се објават сите записи за овие атентати“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк