Connect with us

Инфо +

Ако предложи Комисијата, Владата експресно ќе прифати карантин или полициски час

Published

on

Полициски час, карантин, затворање на училишта или на други стопански субјекти засега нема. Ова е денешниот заклучок на комисијата за заразни болести која предводена од министерот за здравство Венко Филипче им порачаа на граѓаните да носат маски и да не се групираат повеќе од 4-ца на отворено, а ако немаат потреба нека седат дома.

Оваа формула од мерки ги давала резултатите ќе заклучи, пак, премиерот Зоран заев. Тој е против карантин, но ќе прифати таков предлог ако комисијата побара од владата. Дали економијата добива предимство пред здравствениот систем, Заев на новинарско прашање ќе одговори дека ситуациајта е стабилна, а полицијата неместо да гони прекршители на полициски час може да биде корисна за други намени.

Од друга страна, пак, Заев побара,а претседателот Пендаровски даде потпис, владата да може да располага со армијата. Граѓаните да не стравуваат, ќе ја гледаат пред болниците, а целтта е да помага во воспоставување ред.

Граѓаните немаат можност по 21 часот да се групираат на отворено, и да седат во угостителски објетки, но затоа трговските центри остануваат отворени за движење. Косово и Грција од регионот први се определија за ограничување на движењето на граѓаните, по примерот на повеќето до западно европските земји во кој паднемијата зема замав со пораст на бројот на заразени граѓани.

Македонија

ДУИ се распаѓа, Општинскиот Совет Оризаре му се приклучи на Демократското Движење на Изет Меџити

Published

on

Демократското Движење продолжува да се шири со нови и докажани кадри, а неодамна ја доби поддршката од Општинскиот Совет на Оризаре во Општина Липково, кој претходно беше дел од ДУИ.

Во редовите на ДД се приклучија:


• Невзад Аспи – дипломиран правник, општински советник и поранешен претседател повеќе од 6 години на Општинскиот Совет на ДУИ-Оризаре.


• Азмин Шерифи – дипломиран правник, со над 16 години искуство во судскиот систем.


• Енвер Јашари – поранешен војник на ОНА и познат активист.


• Елнур Мемети – ангажиран во приватниот сектор.


• Егзон Саити – психолог.

Оваа група претставува комбинација на политичко искуство, професионализам и активизам, дополнително зајакнувајќи го Демократското Движење во регионот на Липково. Со овие засилувања, ДД има за цел да го зголеми своето влијание и да ја продолжи својата агенда за промени.

Continue Reading

Македонија

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје

Published

on

Во несреќата учествувале најмалку две возила од кое едното е сериозно оштетено.

Сообраќајот на овој правец се одвива отежнато.

Повеќе информации очекуваме од МВР.

Видео: https://youtube.com/shorts/_xDkLgGy9SE?si=t4FsRnoanGwB1Eny

Извор: 24info.mk

Continue Reading

Македонија

Развојната и комерцијалните банки ги потпишуваат договорите за унгарскиот кредит

Published

on

Започна потпишувањето на договорите на Развојна банка со деловните банки со што се заокружува постапката за пласман на 250-те милиони евра од унгарскиот заем кон компаниите. Договорите коишто ги одобри Владата на последната седница, се веќе потпишани од страна на Министерството за финансии и Развојната банка на Северна Македонија, соопштуваат од Министерството за финансии.

Станува збор за 250 милиони евра кои ги обезбеди Владата за поддршка на приватниот сектор, Условите се рокот на отплата да биде до 15 години, вклучен грејс период до 3 години, камата од 1,95 проценти, и без надоместок за одобрување и управување.

Средствата, согласно усвоените услови од страна на Владата и потпишаните договори, може да се користат за основни средства од страна на сите компании во сите сектори со исклучок на секторот производство или трговија на алкохолни пријалоци, освен на пиво и вино, производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија. Исто така, средствата нема да можат да се користат за рефинансирање на претходни заеми.

„Со ова се покренува инвестициски циклус во приватниот сектор од над 250 милиони евра имајќи предвид дека корисниците на кредитите треба да учествуваат со 20 процети сопствени средства во реализација на инвестицијата. Средствата од страна на банките ќе се одобруваат и исплаќаат врз основа на доставена документација, во транспарентна постапка, која ќе овозможи и соодветна контрола на искористувањето на средствата, наведува Министерството за финансии.

Целиот текст на https://www.slobodnaevropa.mk/a/33299562.html

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк