Connect with us

Македонија

ВЛЕН: Ја отстранивме ДУИ како најголем загадувач на животната средина, сега на ред се ПМ10 честичките!

Published

on

ДУИ, партијата која две децении го држеше животот на граѓаните како заложник на својата неспособност и корумпираност, денес се осмелува да критикува и лицемерно да се претставува како бранител на животната средина. Оваа партија, која ги управуваше државните институции и ја загрози иднината на нашите граѓани, сега зборува за „итни акции“ и „грижа за здравјето“.
Но прашањето е – каде беа тие изминативе 20 години? Тогаш не беше ли време за итни акции и грижа за здравјето? Тогаш за што беше време? За коцкарници, за трговски центри?

Додека беа власт, Министерството за животна средина неколкупати беше управувано од кадри на ДУИ. Цели 12 години. Што направија? Оставија депонии во Тетово, Кичево, Струга – вистински еколошки бомби кои и денес го загадуваат воздухот, водата и почвата. Ова е нивното наследство – загадување, негрижа и корупција. Оставија депонии низ цела држава. Не решија ниту едно круцијално прашаење за заштита на животната средина.

ДУИ не се грижеа за граѓаните ниту како власт, ниту сега како опозиција. Нивната реакција е ништо повеќе од евтин обид за манипулација и дефокусирање од нивната одговорност. За разлика од нив, Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, под раководство на Изет Меџити, веќе презема конкретни чекори за решавање на долгогодишните проблеми што ги остави ДУИ.

Додека беа на власт ДУИ промовираа смешна зелена агенда. Али Ахмети и Артан Груби да дадат одговор каде се плодовите на нивната зелена агенда. Кој имаше добивка од нивната зелена агенда?
ДУИ владееше со Министерството за животна средина од 2011 година, до 2023 година. Тоа се цели 12 години. Од нивните 12 години резултатие се нула, и не се споредливи со сето она што е превземано во нашите само 5 месеци.

Во време кога болниците се полнат со граѓани кои страдаат од последиците на загадувањето, Владата работи на зајакнување на мониторингот на квалитетот на воздухот и ќе инвестира во чисти енергетски решенија. Додека ДУИ создаваше депонии, денес се работи на чистење и затворање на истите и се работи на проекти за имплементација на модерни системи за управување со отпад.
ДУИ нема легитимитет да зборува за животната средина, бидејќи нивните 20 години власт го докажаа спротивното. Граѓаните знаат кој е одговорен за кризата што ја наследивме, но исто така знаат и кој сега работи на вистински решенија.

Грижата за здравјето на граѓаните е приоритет на оваа Влада, а оние што оставија хаос, депонии и корупција ќе одговараат за своите дела – пред граѓаните и историјата.

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Горно-Долно Лисиче

Published

on

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Горно-Долно Лисиче

Continue Reading

Македонија

Возот серија 411 103-104 повторно во служба на патниците!

Published

on

По четири месеци пауза, патничкиот воз серија 411 103-104 повторно е во сообраќај! Со целосно нови тркала и зголемена функционалност, возот е ставен во служба на патниците на популарната релација Скопје – Гевгелија – Скопје.

Железници на Северна Македонија продолжуваат со своите напори за унапредување на железничкиот превоз, обезбедувајќи сигурни и удобни патувања за сите корисници.

Од компанијата најавуваат уште една позитивна вест: вториот патнички воз на релација Скопје – Гевгелија, кој беше укинат во март 2024 година, наскоро ќе биде вратен во сообраќај.

Continue Reading

Македонија

АД ЕСМ: Новиот топловод под мостот „Беласица“ проработи без прекини

Published

on

Новиот топловод под мостот „Беласица“ од ноќеска е целосно ставен во функција и обезбедува стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија, информира АД ЕСМ.

Новиот топловод под мостот „Беласица“ од ноќеска е целосно ставен во функција и обезбедува стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија, информира АД ЕСМ.

Откако вчера најави дека можно е да има прекини во испораката при поврзувањето на топловодот, денеска АД ЕСМ информира дека се поминало без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката на топлинска енергија.

Соопшти дека поставувањето на новите топловодни цевки е завршено „во рекордно краток период од помалку од два месеца, благодарение на високата ефикасност и посветеноста на тимовите на АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина“.

-Иако првично беше предвидено привремено прилагодување на квалитетот на испораката за мал дел од корисниците за време на финалните активности, ефикасната координација и професионалноста на екипите овозможија поврзувањето на новиот топловод со постоечкиот систем за дистрибуција на топлинска енергија да помине без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката. Задоволен сум што со тимска работа и вложување на натчовечки напори успеавме да го завршиме зафатот за 40 дена и овој капацитет веднаш да го ставиме во целосна функција, истакнува Петар Милетиќ, директор на ЕСМ-Дистрибуција на топлина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк