Connect with us

Македонија

По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни

Published

on

Во рок од само една година по трет пат се уништува и крши црквата и православните гробишта во долненското село Гостиражни. Деновиве комплетно се искршени и уништени надгробните споменици на 13 од 16 гробови. Жителите велат дека ова никогаш досега не се случуваnо. Инаку Гостиражни е село со мешано население од македонска и албанска етничка заедница.

„Ужас е ова што се прави во селото Гостиражни. Не сум видел никого, не знам кој може да биде. Кој се што се луѓево што го прават ова незнам. Зошто некој би кршел црква и гробови, да вознемирува починати души не знам. Искрено сега мене ми е страв. Кога тие почнале на  умрените, ќе почнат и на живите. Сега со страв идам тука кај камбаната да ја удрам во недела или за празник“, изјави Владо Спасески, клисар во црквата жител на село Гостиражни.

Иако и трите случаи на сквернавење на црквата и гробиштата се пријавени во полиција, направен е увид, но сторителите не се пронајдени.

„Со сите живееме, во селото немало проблеми, кавги немало, како дојде до ова не знаеме. Сум разговарал со луѓе и тие велат кој може да прави вакви работи, ова е грев“, додаде Крсте Крстески, жител на село Гостиражни.

Според Митрополитот Петар пак, во чија Епархија се наоѓа Долени ова биле обиди за заплашување на и онака малкуте Македонци преостанати тука не само во Гостиражни туку и во другите села.

„Притисоци на разни начини со цел и намера за етничко чистење на Македонците од тие села. И ова ќе продолжи. Врз нашата црква таму се врши силен притисок, во селото Пешталево беше договорено да се изгради и црква и џамија во центарот на селото, а сега има 2 џамии, а ниту една црква, иако е мнозинското население е православно македонско. Тогаш кога требаше да го осветиме камен темелникот имаше страшни притисоци и закани со огнено оружје“, изјави Владика Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски.

И жителите на Гостиражни и претставниците на МПЦ бараат поголема ажурност од институциите и разрежување на овие случаи.

Македонија

Починато лице кај старо Роналдо во Тетово

Published

on

Вечерва е пронајдено починато лице во близина на старо Роналдо во Тетово веднаш до обложувалницата Моцарт.

За повеќе информации чекаме од СВР Тетово

https://www.facebook.com/share/v/12BtiZpJRB2/?mibextid=TRmnTU

Continue Reading

Македонија

Коњановски и Битола со силна поддршка за Ана и Алексеј на детската Евровизија во Мадрид

Published

on

Во организација на основното училиште „Даме Груев“ и со поддршка од општина Битола, синоќа во Кристалната сала на Офицерскиот дом се одржа голем собир за поддршка на македонските претставници на детската Евровизија, Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски.

Со знамиња, транспаренти и навивачки реквизити, бројни битолчани, вклучувајќи го и градоначалникот Тони Коњановски, професорите и учениците од училиштето „Даме Груев“, каде што учат Ана и Алексеј, со ентузијазам го проследија нивниот настап. Македонските претставници настапија со песната „Маратон“, која плени со својот уникатен сценски перформанс и музичка изведба.

„Ова е посебен момент за Битола. За прв пат на детската Евровизија имаме претставници од нашиот град, кои со својот талент и посветеност покажаа како се претставува Македонија на европската сцена. Горд сум на Ана и Алексеј и им посакувам што поголем успех,“ изјави градоначалникот Коњановски, кој пред заминувањето во Мадрид ги прими младите музичари во својот кабинет за да им даде поддршка и мотивација.

Настапот на Ана и Алексеј беше следен со громогласен аплауз и овации од присутните во Офицерскиот дом, кои преку директниот пренос ја споделија нивната енергија и гордост. Настанот претставуваше вистински празник на музиката и младешката креативност, а Битола уште еднаш покажа дека стои зад своите талентирани млади.

Continue Reading

Македонија

Снежна бајка во Невеска: Бисерот на егејска Македонија

Published

on

Село Невеска, лоцирано во срцето на Лерин, егејска Македонија, претставува бисер на природната и културната убавина, особено во зимските месеци.

Во снежните денови, селото се претвора во бајковит пејзаж, со традиционалните камени куќи опкружени со бело покривало, кое како да го запира времето. Високите борoви и букови дрвја, прекриени со мраз и снег, создаваат глетка од незаборавна убавина. Низ тесните калдрмисани улици, сè уште се слуша шепотот на историјата, додека тивко паѓа снегот, омекнувајќи го секој звук.

Селото е опкружено со планински падини, совршени за зимски прошетки и истражување. Одредени точки нудат неверојатен поглед на околните ридови и долини, кои зиме изгледаат како бескрајна бела покривка. Традиционалните куќи и камените ѕидови се украсени со снег, а чадот од оџаците додава топлина и живот во ова снежно ремек-дело.

Невеска ја доловува суштината на македонското планинско наследство, спојувајќи го спокојството на природата со историјата и културата на регионот. Ова село во зимска облека е како создадено за да инспирира уметници, фотографи и љубители на природата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк