Connect with us

Македонија

Скопјани утрово смрзнаа по постојките – автобус ни за лек

Published

on

Ноќеска,  пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое велат дека и покрај некакви притисоци, ЈСП ќе вози во полн капацитет. Но, сликата утрово не ја оправда најавата од Град Скопје. Автобуси немаше ни за лек и тоа на на подолгите релации кои го поврзуваат едниот со другиот крај на главниот град. 

Повеќе од 40 минути се чекаше на „5-ка“ или „15-ка“. Симптоматично беше што „5-ката“, не дојде како кружна, туку автобусот дојде директно од депото во Автокоманда, откако веројатно им беше јавено дека од 7.30 кога замина „3 бе“, единствено помина уште „35-ка“. Но, тојавтобус ве носи до Народна банка, за потоа да заврти кон „Мавровка“. Ако сакате до Рекорд, немаше како да се стигне. 

Граѓаните се смрзнуваа на постојките, а потоа автобусот се преполни. Нервозни и смрзнати нервозата ја истурија кон постарите граѓани кои решиле да одат на Зелен пазар.  Помладите сметаа дека не можат да стигнат на работа и во училиште поради нив, кои ги преполнуваат и онака ретките автобуси.

Некои медиуми забележуваат дека и викендов автобусите на ЈСП биле реткост. Покрај посебниот сообраќаен режим заради одржување трка, автобусите ги немало и на рутите кои биле слободни. Неофицијално, нема нафта за автобусите на ЈСП. 

Состојбата со јавниот превоз најверојатно ќе станува сѐ полоша затоа што освен расправии и префрлање на вината, никој од надлежните не се ни обидува да најде некакво решение.

Ова може да се насети и од храбрите изјави на министерот за транспорт и врски Александар Николовски и градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски кои рекоа дека  ќе мора да се чекаат локалните избори за да се решат проблемите на граѓаните со јавниот превоз.

Ѓорѓиевски, изрази разочараност од недостатокот на сериозност во интервенирањето на Градот Скопје. Според него, постојано се бараат изговори, а вистинскиот проблем е неспособноста да се управува со јавниот превоз.

„Жалосно е што мораме да чекаме на локалните избори за да се реши оваа состојба. Верувам дека по изборите, во рок од неколку месеци, ситуацијата ќе се подобри“, изјави Ѓорѓиевски.

Веројатно, овие изјави ги темелат на очекувањата идниот градоначалник на Скопје кој ќе биде избран на локалните избори на есен да биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со што би ја ималподдршката на мнозинството советници во Советот и на централната власт. Во таков случај можеби и ќе стигнат нови автобуси на скопските улици. Но, сите знаеме дека Арсовска стана градоначалник со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, но по првата посериозна кавга таа веќе никогаш не ја доби нивната поддршка за предлозите поврзани со јавниот превоз.

За градоначалничката Данела Арсовска вината е во советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои не ѝ дозволуваат да набави нови 250 автобуси, за нив пак и за нивните сопартијци проблемот е во неспособноста на градоначалничката и на менаџментот на ЈСП „Скопје“. Сепак, ако горивото е проблем, воопшто не е битно со колку автобуси ќе располага претпријатието. Нема автобус што вози на воздух.

Во меѓувреме градскиот превоз пропаѓа, автобуси има сѐ помалку, расте бројот на возила со дефекти, возниот ред не се почитува ниту е можно поинаку во услови кога нема доволно автобуси. Приватните превозници и понатаму возат само попладне, односно како ќе им текне, незадоволни од цената која им се плаќа за изминат километар. За нив нема одговорност затоа што не ја извршуваат услугата за граѓаните договорена со Град Скопје, а од Градот молчат и не објаснуваат зошто ништо не преземаат.

Официјално од ЈСП долго време ништо не објасниле, од последното предупредување летово кое дојде од првиот човек на претпријатието Драги Кушовски кој се пожали дека од септември ќе им недостасуваат стотина автобуси за нормален градски превоз. Оттогаш досега од него и од претпријатието нема никаква реакција на постојаните поплаки на граѓаните кои користат јавен превоз. Затоа и не се знае зошто викендов немаше автобуси, ниту зошто утрово изостанаа повеќето. Ова навистина наликува дека нема гориво за автобусите на ЈСП.

Вчеравечер, пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое се  вели „Ве известуваме дека и покрај сите притисоци, од утре ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет“, за утрово тоа да се покаже сосема неточно. Каква иронија!

Како ќе помине зимава со превоз во Скопје, може да се претпостави, затоа што никој од надлежните ниту се чувствува повикан да ги каже состојбите, ниту да пресече како ќе биде. Нѝ останува да се стрпиме до есен, до избори, а потоа уште неколку месеци да се консолидираат, да се испосменат директори, па тие директори да научат како се работи, е потоа, може ќе…

Македонија

Изгубеното лице во Маврово пронајдено во добра состојба

Published

on

Лицето кое беше пријавено како изгубено над Галичките терени во Маврово е пронајдено и е во добра општа состојба, известува Регионалниот Центар за Управување со Кризи (ЦУК) Тетово.

Пријавата била примена вчера во 17:58 часот на бројот за итни случаи 112. Веднаш по пријавата, РЦУК Тетово стапил во контакт со пријавителката и со Полициската станица (ПС) Маврово.

-Екипи од ПС Маврово, ПС Ростуше и Националниот парк „Маврово“ се упатија на терен, на локацијата каде што е евидентиран последниот телефонски повик од изгубеното лице. Околу 18:45 часот, РЦУК Тетово доби информација дека лицето е пронајдено и дека е во добра општа состојба, стои во соопштението од РЦУК Тетово.

Continue Reading

Македонија

Независен синдикат на ЈСП: Причината за колапспт на ЈСП е недостаток на нафта за автобусите

Published

on

Немањето нафта е причина за колапсот во ЈСП, велат од Независниот синдикат на претпријатието за ТВ24. Од таму додаваат дека дека повеќе од три месеци се соочуваат со недостаток на нафта, но ситуацијата ескалираше вчера кога воопшто не беше испорачана нафта во двете автобази. Од синдикатот не знаат што се случува, велат ова е голем срам за градот. 

Ноќеска, пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое велат дека и покрај некакви притисоци, ЈСП ќе вози во полн капацитет. Но тоа што денес се случуваше на терен се коси со најавата од Град Скопје. Повторно во утринските часови кога автобусите им се потребни на граѓаните нив ги немаше, а посебно беа погодени подолгите релации кои го поврзуваат едниот со другиот крај на главниот град.

Continue Reading

Македонија

Кривична против ексдиректор на болницата во Кичево, дониран ЕХО апарат си однел дома

Published

on

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 49-годишниот С.Т. од Кичево поради сомнеж дека извршил проневера.

„Тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари“, се вели во известувањето на МВР.

Апаратот бил дониран се со цел да биде ставен во употреба кога во Македонија беснееше ковид пандемијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк