Connect with us

Скопје

Возете внимателно: Сообраќајка на булеварот „Партизански Одреди“

Published

on

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека на булеварот Партизански Одреди, во насока на движење од улицата Шекспирова кон крстосницата со булеварот 8ми Септември, во близина на Хотел Карпош, пред малку се случи сообраќајна незгода.

ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон овој потег и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Скопје

Турчин збеснал во казино во Центар

Published

on

Приведен е државјанин на Република Турција од полициски службеници на СВР Скопје оти се однесувал агресивно во казино и со остар предмет се заканувал на вработените во едно казино на подрачјето на Центар. 

„На 17.11.2024 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.Г.(34) од Република Турција затоа што во казино на подрачјето на Центар во Скопје агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на вработените“, информира МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Скопје

Кој ги донел првите лизгалки – Како некогаш изгледало градското лизгалиште под Кале?

Published

on

Постарите генерации сигурно се сеќаваат на изгледот на старото градско лизгалиште под Кале. 

Во Фејсбук групата „Стари скопјани“, членот Стрезо Вубалевски, споделил фотографии токму од таа локација. Фотографии на кои е прикажано едно друго време, различно функционирање на секојдневието.

Со фотографиите, напишал и опис во кој се зборува за историјатот на градското лизгалиште.

-Лизгањето во градот еволуирало од замрзнатото скопско езерце во Градскиот парк. Тогаш никој немал вистински лизгалки, туку се импровизирало. Се носеле високи чевли, а над нив штици кои се подесувало со штраф. Првото лизгалиште во Скопје е отворено во почетокот на седумдесетите години на минатиот век. Првите лизгалки во Скопје ги донел некој Словенец, а потоа се појавиле во продавниците на тогашната „Македонија шпорт“. Имало машки и женски, според големината и бојата и женските обично биле бели, а хокејските биле само за привилигираните. Нив почнале да ги носат од странство – од познатите соц-ексукрзии по Чехословачка, Полска, Русија родителите се враќаа со лизгалки на голема радост на своите деца.

Во доцните седумдесети години хокејот на мраз бил актуелен во Македонија. Во Скопје тогаш постоеле два клуба – Вардар и Скопје кои се натпреварувале во тогашната единствена Прва сојузна лига, а потоа и во Втората лига. Иако знаеле да губат и со 40 разлика од тогашните најдобри екипи од Словенија, Јесенице и Олимпија, сепак ќе остане забележано во аналите дека и на овие простори се играло хокеј.

Во тоа време во Скопје се одржале и Ц-квалификации за Светско првенство, кога трибините околу лизгалиштето во Кале биле полни. Во почетокот на осумдесетите години и двата клуба се распаднале. Најпознати хокеари биле браќата Грчевски – Васко, Ѓорѓи и Блаже, потоа браќата Аиновски – Ристо, Павел и Перо, голманот Чупевски, бекот Ѓорги Ковачевски и други. – се вели во описот на фотографиите.

Continue Reading

Скопје

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ В НЕДЕЛА Поради атлетска трка е изменет режимот на ЈСП

Published

on

Во целост ќе бидат затворени улиците од пред ТЦ Палома Бјанка до Црвен крст (ул.Димитрие Чуповски и ул.11ти Октомври) и од Собранието до ГТЦ (ул.Филип Втори Македонски).

Ве информираме дека во недела (17.11.2024 год) во период од од 16:00 до 18:00 часот или до ослободување на затворените улици, поради одржување на Атлетска трка, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, информираат од ЈСП Скопје.

Во целост ќе бидат затворени улиците од пред ТЦ Палома Бјанка до Црвен крст (ул.Димитрие Чуповски и ул.11ти Октомври) и од Собранието до ГТЦ (ул.Филип Втори Македонски).

Изменети траси ќе имаат линиите 4, 4А, 5, 7, 15, 21, 21А, 21Б, 22, 23, 24, 27, 50, 50А, 57 и 59.

ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ

Линија бр.4: Во насока од нас.11ти Октомври кон Хром ќе сообраќаат на тој начин што од ул.11ти Октомври врти лево по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат десно по бул.Климент Охридски, лево на бул.Партизански Одреди и продолжува по својата траса.

Во обратна насока од бул.Партизански одреди ќе вртат десно по бул.Климент Охридски, лево по ул.Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.4А: Во насока од Усје кон Тафталиџе ќе сообраќа на тој начин што од ул.11ти Октомври врти лево по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат продолжува право и од кружниот тек кај католичка црква продолжува по ул.Митрополит Теодосиј Гологанов по својата траса.

Во обратна насока од ул.Митрополит Теодосиј Гологанов, десно по бул.Климент Охридски, лево по ул.Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.5: Во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров ќе сообраќаат на тој начин што од Југодрво продолжува право по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат продолжува право и од кружниот тек кај католичка црква продолжува по ул.Митрополит Теодосиј Гологанов по својата траса.

Во обратна насока од ул.Митрополит Теодосиј Гологанов, десно по бул.Климент Охридски, лево по ул.Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.7: Во насока од Лисиче кон Карпош ќе сообраќаат на тој начин што од Југодрво продолжува право по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат десно по бул.Климент Охридски, лево на бул.Партизански Одреди и продолжува по својата траса.

Во обратна насока од бул.Партизански Одреди врти десно по бул.Климент Охридски, лево по ул. Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.15: Во насока на Ново Лисиче кон Карпош ќе сообраќаат на тој начин што од Југодрво продолжува право по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат десно по бул.Климент Охридски, лево на бул.Партизански Одреди и продолжува по својата траса.

Во обратна насока од бул.Партизански Одреди врти десно по бул.Климент Охридски, лево по ул.Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линии бр.21, 21A, 21Б и 22: Во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково ќе сообраќаат така што кај Комплекс банки продолжува по бул.Крсте Мисирков, лево по бул.Гоце Делчев, бул. Партизански Одреди и продолжува по својата редовна траса.

Во обратна насока се движи по истата променета траса.

Линија бр.23: Во насока од нас.Аеродром кон Дом на печат ќе сообраќа на тој начин што од Југодрво продолжува право по ул.Кирил и Методиј до Дом на печат.

Во обратна насока од бул.Мајка Тереза, лево по ул.Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија бр.24: Во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе ќе сообраќаат на тој начин што кај подвозникот врти лево по ул.Кирил и Методиј, кај Дом на печат десно по бул.Климент Охридски, лево на бул.Партизански Одреди и продолжува по својата траса.

Во обратна насока од бул.Партизански Одреди врти десно по бул.Климент Охридски, лево по ул.Железничка и продолжува по својата траса.

Линија бр.27: Во насока од нас.Аеродром кон Дом на печат ќе сообраќа на тој начин што од Југодрво продолжува право по ул.Кирил и Методиј до Дом на печат.

Во обратна насока од бул.Мајка Тереза, лево по ул.Железничка, кај Неуромедика ќе вртат лево по Јужен булевар до крстосницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по ул.11 Октомври и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линии бр. 50, 50А, 57 и 59: Во правец на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош ќе сообраќаат на тој начин што од стојалиштето на Битпазар вртат десно по бул.Гоце Делчев, а после мост Гоце Делчев и бул.Блаже Конески продолжуваат по своите редовни траси.

Во обратна насока се движат по истите променети траси.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк