Connect with us

Македонија

Банките и Владата повторно ќе преговараат за кредитот од Орбан: Постои договор за роковите на исплата, не и за каматата

Published

on

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании откако на првата средба во неделата успеаја само да ги приближат ставовите.

Неофицијално, постои договор околу роковите за исплата, тоа да биде до три години грејс период и до 15 години рок на отплата затоа што некои компании сакаат и порано да го вратат кредитот.

Но двете страни не можат да се договорат околу каматата што ќе треба да се исплаќа, а премиерот Мицкоски се надева дека таа ќе биде колку што е можно пониска за да може и фирмите да ги добијат парите по пониска камата.

Премиерот не спомна дали тоа ќе значи дека компаниите ќе си ја платат целосната камата за кредитот или она што ќе биде договорено помеѓу банките и Владата ќе оди на трошок на граѓаните како што најави министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера по средбата со Македонската банкарска асоцијација, на која требаше да се прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, во однос на каматата, рече дека уште ќе се преговара.

– Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова за конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите.

Можеби за некоја година би издале еврообврзница со која предвреме би го вратиле овој кредит, бидејќи знаеме дека немаме таму каматна стапка. Може ќе се одлучиме и за други механизми, во зависност од интересот на државата. Целта е каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да добие пониска камата. Реално има трошоци што ги имаат банките, но да видиме што може од тие трошоци да се намали, зависи тука и од политиките на централната банка. Затоа велам, да не зборуваме се уште за проценти, да ги доближиме ставовите, и тогаш официјално ќе излеземе со позиција, рече Мицкоски.

Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот.

Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни – 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот.

Македонија

КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ за Димитров и Османи – Богојески во шоуто на Бетмен

Published

on

Во рамки на „Бетмен Илиевски шоу “ на Алфа ТВ, повик за кривична одговорност за врхушката на предходната власт на ДУИ и нивните сдс измеќари упати лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески.

Тој говореше за потребата од кривична одговорност за политичарите за лажни политички ветувања и за нивни погрешни одлуки.

„Говориме за кривична одговорност за лажни политички ветувања. Премногу трпат државата и граѓаните од погрешните проценки и одлуки на политичарите. За проценка не, но кога имаме одлука, мора да има и одговорност. Но не само казна на избори, поминаа изборите и толку. Тоа не е завршена работа. Потребно е да има и кривична одговорност. Посебно во делот на двата протоколи кон бугарскиот договор, потпишани од Димитров и Османи, кои драстично ја влошија македонската позиција во однос на бугарската. Потоа прифаќањето на францускиот предлог со кој бугарските уцени станаа дел од европската рамка. Да не говорам за предвремената имплементација на Преспанскиот договор и наметнување на северна во сите пори на животот во земјава, без отварање на преговори со ЕУ. Македонија ја разоружаа. Најмалку што треба да направиме е да утврдиме одговорност за врхушката која го туркаше тој процес, надвор од одредбите на договорот.“ – истакна Богојески.

Богојески даде забелешки и на процесот за реформирање на ЕУ и неможноста Унијата да се проширува, без внатрешно да се стабилизира. Особено за решение на бугарските уцени преку донесување на граѓански или европски Устав на Македонија, сличен на тој во Грција.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: Македонија и Косово го отвораат патот за енергетска иднина

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го потпиша меморандумот за енергетска соработка меѓу Македонија и Косово.

Со овој документ се поставуваат темелите за заеднички енергетски проекти, инвестиции и размена на знаење, насочени кон стабилна енергетска транзиција, развој на обновливи извори на енергија и обезбедување сигурно снабдување.

„Балканот може и мора да биде пример за енергетска одржливост. Ова партнерство е важен чекор кон градење подобра енергетска иднина за сите нас,“ истакна Божиновска.

Меморандумот ја истакнува важноста на регионалната соработка за постигнување долгорочна енергетска стабилност и одржлив развој.

Continue Reading

Македонија

Нов отворен систем на патарини, како тој во Србија, најави министерот Николоски во вечерашното гостување на Телма. 

Published

on

Се обидувам да најдам грант средства за да направиме отворен систем на патарини и да ја зголемиме ефикасноста на патувањето, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт  Александар Николоски во гостување на ТВ Телма.

 “Планираме да направиме отворен систем на патарини. Сега ние имаме систем како во Грција, а отворениот систем е како во Србија. Во однос на автопатската делница од Скопје до Охрид нема потреба од инвестиции за ова бидејќи тие сега се градат, а за делницата од Табановце до Гевгелија потребни се големи средства и верувајте дека континуирано бараме извори на финансирање во вид на грантови”-  истакна министерот Николоски.

Во однос на модернизација на патарините тој истакна дека тоа е поради воведување на таговите што ги користат и странски граѓани и е дел од обврските на Отворен Балкан  

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк