Connect with us

Балкан

УЖАС ВО АЛБАНИЈА: Убиен млад фудбалер на Динамо Тирана, бил избоден до смрт

Published

on

Мартин Цани, 14-годишниот фудбалер на Динамо од Тирана е убиен во училишниот двор во главниот град на Албанија, јавуваат локалните медиуми.

Цани бил избоден шест пати, што за жал било фатално.

Динамо излезе со соопштение во кое изразува длабоко сочувство до семејството Цани и ја истакнува поддршката во овие тешки моменти.

– Бевме длабоко шокирани од трагичната вест за прераното заминување на нашиот играч Мартин Цани, член на селекцијата до 15 години. Претседателот Адријан Барди и клубот ФК Динамо Сити изразуваат искрено сочувство до семејството Кана и се со нив во овие многу тешки моменти. Почивај во мир Мартин – гласеше соопштението на клубот од Тирана.

Балкан

Драматичен пад на населението во Албанија

Published

on

Населението на Албанија се намалува за:

• 4 жители секој час

• 91 жител секој ден

• 33.000 жители годишно

Continue Reading

Балкан

Од 100 до 150 евра новогодишен бонус за пензионерите во Албанија

Published

on

Албанскиот премиер Еди Рама денеска, објави,  како што ја нарече, одлична вест за пензионерите, кои ќе добијат новогодишен бонус во износ од 100 до 150 евра во зависност од висината на пензиите.

За таа цел, додаде, владата во наредните денови ќе издвои фонд од 100 милиони евра.

-Овој бонус ќе биде на две нивоа: Сите пензионери кои имаат пензија до 20 илјади лека или 200 евра ќе добијат по 150 евра, што е трипати поголем износ од претходниот бонус. Пензионерите кои имаат пензија поголема од 20 илјади лека ќе добијат двојно поголем бонус од претходните години, односно по 100 евра, рече Рама.

Оваа разлика меѓу првата и втората група, според него,  не се прави за да се даде “помалку на оние кои имаат повисока пензија, туку за да се даде повеќе на оние кои имаат помала пензија“
 
-Бонус од по 150 евра ќе добијат повеќе од половина милион пензионери. Точно, 511 илјади, каде покрај 400 илјади 500 баби и дедовци, опфатени се и 65.800  трудови инвалиди и 44.600 корисници на пензија како мајки или деца без родители. По 100 евра ќе добијат други околу 210 илјади пензионери  нагласи премиерот Рама.

Тој вети дека владата планира исплата на бонус за пензионерите и во месец март.

Continue Reading

Балкан

Грција забрзано ќе го отплаќа долгот настанат во должничката криза, најавува Мицотакис

Published

on

Грција планира да ја забрза отплатата на јавниот долг и во 2025 година да исплати најмалку пет милијарди евра од долгот настанат за време на должничката криза, најави денеска премиерот Киријакос Мицотакис.

Според АП, тој додал дека ова треба да биде најнов знак за економскиот пресврт на земјата.

„Ние сме фокусирани на фискалната дисциплина и ова е знак на довербата што ја имаме во однос на јавната потрошувачка“, рече Микотакис.

Иако Грција има највисок јавен долг кон БДП во целата еврозона, таа постигна значителен пресврт во децениската должничка криза кога земјата беше блиску до банкрот, додека грчката економија секоја година ја надминува еврозоната од пандемија и се очекува да продолжи да го прави тоа во 2025 година и 2026 година.

Во исто време, во грчкото општество се чувствува и значително незадоволство од зголемувањето на трошоците на животот, а повеќе синдикати најавија нов бран штрајкови и протести, кој ќе започне во среда.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк