Connect with us

Македонија

Општина Битола: јавен повик за кандидати за членови на локалното собрание на млади

Published

on

Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Битола распишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.

Локалното собрание на млади претставува тело кое е составено од по еден делегат и еден заменик делегат кои ќе бидат предложени од страна на младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.                                                                                           

Локалното собрание на млади објавува Јавен повик за кандидирање на членови за Локалниот младински совет на Општина Битола и ги избира членовите на младинскиот совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.

Од редовите на Локалното собрание на млади се избира и изгласува тричлена комисија, составена од членовте на Локалното собрание на млади, која е одговорна за следење на целокупниот процес за изборот на членови на Локалниот младински совет.    

Членовите на Локалното собрание на млади не се ограничени од членување во Локалниот младински совет.

Членовите на Локалното собрание на млади имаат задача:

-Да работат на спроведување на активностите на Собранието.

-Да учествуваат во подготовка на документи.

-Да изберат членови на Локалниот младински совет.

Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

-Да имаат активности на територијата на Општина Битола;

-Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик;

-Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Битола и да се на возраст од 15 до 29 години;

Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на е-маил: popovskan@bitola.gov.mk  или да ги поднесат во архивата на Општина Битола, Бул. „1-ви Мај“ бр.61 со ознака – „За јавен повик за формирање на Локално собрание за млади”.

Повеќе информации за повикот достапни се на следниот линк:

Македонија

Меџити: Сериозно сме посветени на унапредување на механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда

Published

on

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денес учевствуваше и имаше обраќање на меѓународната конференција на тема „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина” која ќе им овозможи на народните правобранители и националните институции за човекови права од целиот регион и пошироко да споделат сознанија и стратегии за зачувување на човековите права во услови на загрозување на животната средина.

На отварањето на Конференцијата, првиот заменик претседател на Владата Меџити нагласи дека во Република Северна Македонија, правото на здрава животна средина како основно човеково право е загарантирано со Устав, наведувајќи дека кај нас еколошкото право опфаќа широк спектар на правна регулатива во областа на животната средина, пред се националното законодавство, меѓународната правна регулатива, односно меѓународните конвенции и други правни договори и документи во меѓународната сфера, како и законодавството на Европската Унија

„Како Влада сериозно сме посветени на креирање и имплементација на  политики за намалување на притисокот кој човекот го прави врз животната средина, заштита и унапредување на квалитетот на човековата околина, но и обезбедување на заштита на самата природа и биодиверзитетот” додавајќи дека од друга страна, тоа подразбира и обезбедување на социјален сегмент преку учество на јавноста во носењето на одлуките, но и преку одржливо користење на природните ресурси заради зелена трансформација на економскиот систем и зголемување на можностите за таканаречените зелени работни места.

Меџити истакна дека Министерство за животна средина и просторно планирање ги има воспоставено механизмите за пристап на јавноста до информации и за учество на јавноста при донесување на одлуки, но потребно е да се унапредат механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда. Според него, од особено значење е зајакнувањето на улогата на народниот правобранител во обезбедување на еколошката правда во земјава, како и зајакнување на способноста на националните институци за човекови права да одговорат на еколошките предизвици преку заедничко учење и заеднички иницијативи, осигурувајќи дека тие ќе бидат подготвени и опремени за решавање на новите прашања.

Армен Григорјан, постојаниот претставник на Прогармата за развој на Обединетите Нации рече дека мораме да ја поврземе заштитата на животната средина со унапредувањето на правдата, почитувањето на владеењето на правото и заштитата на човековите права. „Во тек на политичките преговори што се водат на мултилатерално ниво, вклучително и на Климатскиот самит на Обединетите Нации во Азербејџан и оној за биолошка разновидност во Колумбија, се е поголемо чувство дека дискусиите не се доволни. Сведоци сме и на еколошките предизвици со кои се соочува македонското општество во моментов. Борбата за спас на нашата планета не е само политичка, туку и правна, заснована на норми, стандарди и принципи за човекови права и токму во тој контекст мораме да ги поддржиме националните институции за човекови права и народните правобранители да ги исполнат своите улоги, особено во унапредувањето на правото на чиста, здрава и одржлива животна средина. Нивните улоги во промовирањето на еколошката правда ќе стануваат се поважни во годините што следат, во време кога ресурсите и капацитетите се веќе на граница на искористеност. Но добрата вест е дека се поставуваат основите за еколошката правда”.

Народниот правобранител Насер Зибери се осврна на предизвиците со кои се соочува светот од аспект на животната средина и на разурнувачките ефекти од недоволната грижа. Тој ја изрази својата загриженост дека состојбите со животната средина во Република Северна Македонија и реалноста не одат во прилог на уставната заложба на здрава животна средина утврдена со член 43 од Уставот. „Сепак драго ми е дека на оваа конференција имаме претставници на Врховниот суд и народни правобранители од повеќе земји со чиј придонес ќе ги зајакнеме капацитетите” изјави Зибери велејќи дека околу 40 претставки се стигнати до Народниот правобранител во врска со животната средина заклучно со октомври оваа година.

Меѓународната конференцијата се одржува од 20 до 21 ноември во Скопје и е организирана во рамки на проектот „Зголемување на улогата на Народниот правобранител во еколошката правда” што е финансиран од Норвешкото министерство за надворешни работи, а се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН во Скопје.

Continue Reading

Македонија

ПРЕСВРТ ВО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Кекишев тврди дека Палчо не е извршител на убиствата, туку Велибор Манев

Published

on

На крајот од денешното судско рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски, обвинетиот Влатко Кекишев до Судечкиот совет доставил изјава која ја испратил преку затворот .

Според извори на ТВ21, во изјавата пишува дека првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо воопшто не бил присутен на местото и времето на извршување на убиствата, туку извршител на убиства е Велибор Манев.

Адвокатот на Влатко Кекишев, Игор Ефремов по рочиштето за медиумите изјави дека и тој сега за прв пат ја гледа изјавата, и е зачуден што не е доставена преку него како бранител на Кекишев, туку е доставена преку затворот.

Continue Reading

Македонија

Анима Мунди: Куче над 20 пати ѕверски удирано по глава од вработен во фирма во Момин Поток

Published

on

„Страотен облик на суровост и изживување врз мирно бездомно животно во фирма во Момин Поток – куче над 20 пати зверски удирано по глава од вработен! Во друштво на четири полнолетни лица, мажи, мирно бездомно куче е удирано со дебело дрво, најкрвнички и со сета сила, без било кој да интервенира додека кучето урлика од болка и не можејќи да избега или се спаси; случај кој ќе останеше невиден доколку не беше евидентиран на камерите за видео надзор“, велат од Анима Мунди.

„Со какви психопати сме опкружени, доколку од 5 лица, ниту еден во ова ѕверство не препознава екстремна суровост, инстинктивно не се обидува да интервенира и го сопре?

Како и во секоја нормална држава бараме итно процесирање на кривична постапка и најстрога, тригодишна казна затвор за сторителот.

Три години затвор без исклучок зошто ваква омраза и суровост може да направи само девијантно и крајно опасно, садистичко битие, психопат без контрола и без грам емпатија кон послабите.

Колку за илустрација, во Англија би бил осуден на петгодишна затворска казна, а во Грција за вакво мачење се предвидува и до 10 години затвор и глоби до 15 000 евра.

Државата мора да ја препознава и најстрого казни суровоста кон животните која е во државите во ЕУ индикатор за насилство врз деца, жени, ранливи категории; показател на сериозна психопатологија.

Согласно информациите кои ги имаме овој монструм е приведен и нема да дозволиме да се извлече. Бараме јавно произнесување на Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во однос на овој случај кој е шокантен и кој ќе го следиме до крај.

Анима Мунди изготви Предлог Иницијатива за измена и дополна на Кривичниот законик која ќе биде доставена во Владата, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и ресорните министерства наредната недела, секако и до медиумите и јавноста, за која очекуваме унифицирана поддршка од сите релевантни субјекти. Насилството врз животните е показател на сериозна психосоцијална и морална девијација и мора да се препознае како такво, превенира, казни, запре!

Благодарност за човекот кој го однел во ЈП Лајка, ветеринарите на ЈП Лајка и доктор Марин Величковски кои се борат за да се спаси ова куче, мирно и најкротко на свет.

А ние се бориме вакво нешто да не се повтори, а сторителот и таквите како него да не излезат од зад решетки“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк