Connect with us

Македонија

ПРЕСВРТ ВО СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Кекишев тврди дека Палчо не е извршител на убиствата, туку Велибор Манев

Published

on

На крајот од денешното судско рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски, обвинетиот Влатко Кекишев до Судечкиот совет доставил изјава која ја испратил преку затворот .

Според извори на ТВ21, во изјавата пишува дека првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо воопшто не бил присутен на местото и времето на извршување на убиствата, туку извршител на убиства е Велибор Манев.

Адвокатот на Влатко Кекишев, Игор Ефремов по рочиштето за медиумите изјави дека и тој сега за прв пат ја гледа изјавата, и е зачуден што не е доставена преку него како бранител на Кекишев, туку е доставена преку затворот.

Македонија

Кој ќе биде без струја утре? Проверете ги деталите за прекинот!

Published

on

Најава за прекин на електрична енергија на 21.11.2024

Согласно известувањето од ЕВН Македонија, утре, 21 ноември 2024 година, поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од Скопје и други места низ Македонија.

Делови без електрична енергија:

Continue Reading

Македонија

Сања Божиновска: Децата се инспирацијата за нашата иднина

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по повод Светскиот ден на детето, учествуваше на специјална седница на Владата под слоганот „Слушнете ја иднината“.

Заедно со премиерот и останатите министри, Божиновска разговараше со децата за клучни теми како климатската и еколошката криза, напредните технологии и демографските предизвици. Таа истакна дека децата се инспирација за сите проекти кои се реализираат, нагласувајќи дека сегашните активности се вложување во нивната иднина.

„Вашите прашања и идеи денес можат да станат решенија за утре,“ порача Божиновска, поттикнувајќи ги децата да размислуваат креативно, да бидат љубопитни и активно да се вклучуваат во науката и технологијата.

Таа ги охрабри младите генерации да сонуваат и да размислуваат за тоа како нивната страст и иновации можат да помогнат во создавање на напредна и одржлива иднина за Македонија. „Среќен Светски ден на детето!“ заврши Божиновска со силна порака за поддршка на младите.

Continue Reading

Македонија

Алкотест за добро утро во државни и во приватни фирми

Published

on

Правилник секој ден ги предупредува вработените во беровски Комуналец дека може да бидат тестирани и ако пиеле алкохол ќе добијат казна или отказ. Ваквата пракса има и во други градови, а вработен во РЕК Битола, кој бегал преку прозорец за да не го тестираат, завршил на суд. Според СЗО, секој возрасен во Северна Макеоднија пие по 4,5 литри алкохол годишно

Упатство за вршење алкотестирање секое утро им посакува добредојде на вработените во комуналното претпријатие во Берово. Истакнато е уште на влезната врата во Јавното претпријатие за комунални работи (ЈПКР) „Услуга“ и од него вработените може да прочитаат дека може да бидат тестирани дали дошле пијани на работа или не и дека може да се соочат со последици.

Берово, градот познат по беровските сирење и ракија кој се наоѓа во источниот дел на државата покрај границата со Бугарија, не е единствениот каде одлучиле алкотестирањето да го воведат како опција, барем на хартија, за да воспостават ред и дисциплина меѓу вработените. Како пракса тоа постои и во јавни претпријатија во други градови, во државни фирми, како и во низа компании од приватниот сектор.

Според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) објавен годинава, во Северна Македонија секој жител над 15 години, пие по 4,6 литри алкохол годишно. Но, во споредба со останатите земји од Западен Балкан, македонските граѓани најмалку конзумираат алкохол.

Целиот текст тука Радиос Слободна Европа

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк