Connect with us

Скопје

Муча: Нема нафта, околу 70 отсто од автобусите се паркирани во базите, можно е и утре да нема градски превоз

Published

on

Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како ѓто рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани.

„Одговорот е едноставен, нема нафта. Утрово возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1.200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини“, рече Муча.

Најави дека е можно утре воопшто да не сообраќаат автобусите доколку во теков на денов не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие.

Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ денеска преку соопштение апелираат до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.

„Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП“, се вели во соопштението.

Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси.

„Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци“, стои во соопштението.

Од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ велат дека не е точна информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот.

Информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот, одговорно тврдиме дека не е така туку потребна е реформа во јавниот градски превоз. Ние сме последната дејност каде што нема покачување, немаме волшебно стапче да ги надоместиме загубите. Со покачувањето на цената ќе можеме да работиме рентабилно, но и нашите корисници ќе добијат понови еколошки климатизирани автобуси, се вели во соопштението од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“.

Скопје

Ѓорѓиевски: „Мојот народ одлучува!“

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на вториот Буџетски форум за креирање на буџетот за 2025 година, објави значајни мерки за поддршка на жителите на општината.

„Мојот народ одлучува“ е принцип кој не е само слоган, туку и насока во работењето, изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи ја важноста на транспарентноста и директната комуникација со граѓаните.

На форумот, кој собра пензионери, млади, спортисти и претставници на граѓанските здруженија, беа договорени нови проекти за следната година. Пензионерите со пониски примања ќе добијат финансиска поддршка, додека за матурантите е предвидено субвенционирање на возачки дозволи. Исто така, ќе се воведе платена пракса за студентите кои живеат во општината.

Ѓорѓиевски изрази задоволство што општината досега успешно реализирала 95% од неговата четиригодишна програма, но и проекти иницирани директно од жителите. „Вашите предлози се основа за креирање на буџетот, а заедно можеме да ги поставиме приоритетите за развој на нашата општина,“ изјави тој.

Градоначалникот им се заблагодари на жителите за довербата и поддршката, ветувајќи уште поголема посветеност во правењето на Кисела Вода подобро место за живеење.

Continue Reading

Скопје

САНАЦИЈАТА Е ПРИ КРАЈ, ПУШТЕНА Е ГЛАВНАТА ЦЕВКА И ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ВОДА, ВЕЛАТ ОД „ВОДОВОД“

Published

on

Пуштена е водата во главаната водоводна цевка во Скопје и за неколку часа ќе има вода во домовите, велат од ЈП „Водовод и канализација“. Од претпријатието информираат дека активностите се во завршна фаза односно поправени се дефектите кај Порта Влае, мост Обединети нации и на булевар Партизански одреди во Карпош 4, за што беше потребно затворање на главната цевка.

Во моментов се работи на завршување на последната постапката за реконструкција на затварач Ф700 на улица Никола Парапунов.

„Овој зафат се одвива независно од останатите и за него не е неопходно затворање на главниот довод. Затоа полнењето на главната цевка веќе е започнато и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

Од Институтот за јавно здравје апелираат граѓаните да не ја пијат веднаш водата по нејзиното пуштање во водоводната мрежа зашто контактното време на резидуалниот хлор и водата во мрежата може да потрае и до 1 час. Може да се очекува водата за пиење по пуштањето во водоводната мрежа да ја промени бојата, добие невообичаен мирис, да има видлива заматеност или евентуално ситни зрнца или песок.

„Непосредно после доаѓањето на водата во водоводните цевки во домовите, потребно е да се испуштат сите чешми во домот да истечат неколку минути, па да се провери дали органолептичките својства се во ред, па дури потоа да се пие. Најдобро е во текот на првите часови после пуштањето на водата во водоводната мрежа, граѓаните сè уште да консумираат пакувана вода, сè до добивањето на известување од јавното претпријатие дека водата е исправна и безбедна за консумација“, велат од Институтот за јавно здравје.

Извор: СДК.мк

Continue Reading

Скопје

Сообраќајна несреќа на „Партизански одреди“: Автомобил извртен и оштетен, делови распрскани низ булеварот

Published

on

Вечерва, после мостот „Обединети нации“, на булеварот „Партизански одреди“ во насока од Влае кон Карпош 4, се случи сообраќајна несреќа. Едно од возилата е тешко оштетено, со делови распрскани низ коловозот, а автомобилот е извртен од силината на ударот. Засега нема информации за состојбата на патниците или евентуалните повреди.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк