Connect with us

Македонија

Внимавајте како возите: Полицијата сопира на повеќе места

Published

on

На 19.11.2024 во периодот од 11.00 до 15.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, во содејство со инспектори од сообраќај при општините Тетово и Гостивар, извршиле акциска контрола во врска со зајакнати мерки и активности кон возачите кои во јавен сообраќај вршат јавен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Притоа, на улица „Илинденска” во Тетово било сопрено патничко возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.И.(58) од с.Голема Речица, во 12.15 часот било сопрено патничко возило „ауди а4“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(55) од с.Камењане и во 12.45 часот било сопрено патничко возило „киа пиканто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(58) од с. Доброште.  Додека, во Гостивар во 11.45 часот на улица „Живко Брајковски“ било сопрено патничко возило „опел мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(51) од Гостивар, во 11.55 часот на истата улица било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(58) од Гостивар, на улица „Илинденска“ во 12.30 часот било сопрено патничко возило „фолксваген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(60) од с.Добридол, во 13.10 часот на улица „ЈНА“ било сопрено патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од А.Р.(56) од с.Речане, гостиварско и во 13.40 часот на улица „ЈНА“ било затекнато патничко возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од С.Џ.(71) од с.Речане, гостиварско. Кај сите нив е констатирано дека вршат јавен превоз на патници без да поседуваат соодветна документација и по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.   

Македонија

Коњановски: Реконструкцијата на „Стив Наумов“ напредува според планот

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес направи увид во работните активности на третата делница од улицата „Стив Наумов“. Реконструкцијата на оваа улица, со вкупна должина од 2 километри, опфаќа целосна замена на водоводната и канализационата мрежа, како и обновување на коловозот.

Во својата изјава, Коњановски истакна дека работите се одвиваат според утврдениот план и дека последната делница од улицата ќе биде завршена до крајот на годината.

„Со овој проект ја подобруваме не само инфраструктурата, туку и квалитетот на живот на граѓаните. Општина Битола продолжува со реализација на важни инфраструктурни проекти кои се дел од нашата визија за модерна и функционална урбана средина,“ изјави Коњановски.

Реконструкцијата на улицата „Стив Наумов“ е еден од значајните инфраструктурни проекти за Битола, со кој ќе се подобри сообраќајната и комуналната функционалност во овој дел од градот.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: Во ЕСМ начекав минус 80 милиони евра работење

Published

on

Во 2017 година, ЕСМ од тогашниот генерален директор беше оставен со 20 милиони евра профит, а денеска после седум години начекав минус 80 милиони евра работење, нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

– Тоа што го коментирате за нешто што се случило во 2017 година – тогаш вие бевте на власт и имавте седум години нешто да реагирате за тоа. Во 2017 година, ЕСМ од тогашниот генерален директор беше оставен со 20 милиони евра профит, со направени ремонти, со направен тендер за механизација и денеска после седум години начекав – минус 80 милиони евра работење на ЕСМ. Префрлени 379 милиони евра од граѓаните на ЕСМ. Тоа се пари на граѓаните со кои сте можеле да изградите некој објект – рече Божиновска, додавајќи дека во времето на СДСМ во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар.

Во фокусот беше и тоа дали министерката Божиновска поседува бугарски пасош на што таа одговори дека поседува македонски и чешки пасош. Во однос на нејзината фирма во Прага, Божиновска истакна дека кога живеела таму морала да основа фирма за да може да купи стан бидејќи, како што рече, со македонски пасош тоа не е можно.

На прашањето за вмешаност на министерката со картел здруженија, Божиновска рече дека нема никава врска со тие здруженија и фирми.

– Во 2014 година немам никаква врска со фирми и картел здруженија. Најубаво би било тие што ви ги напишале прашањата, да бидат малку поинформирани. Тогаш живеев и работев во Белград и немам никакви правни врски со ниту една фирма поврзана во Македонија. А отсега се надевам дека ќе прашувате за работата на Министерството – рече Божиновска.

Continue Reading

Македонија

(ВИДЕО) Избегната физичка пресметка во македонското собрание- Апасиев со слушалки го гаѓаше Јованчев

Published

on

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев на денешната собраниска седница најпрвин влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета.

Апасиев видно изнервиран извикуваше до Јованчев да не му се повтори да го споменува неговото семејство. Интервенираше и собраниското обезбедување. Во исто време и пратеникот од Левица, Борислав Крмов, со пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Велјановски, за малку не си разменија тупаници.

Собранискиот спикер Африм Гаши со цел да ја смири ситуацијата даде пауза.

https://youtu.be/XjXxn657418?si=ssIaYSMeGT_XZ2s7

Извор: Телма

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк