Connect with us

Бизнис

Домаќинствата и малите потрошувачи во иднина ќе може да плаќаат струја по променливи тековни цени

Published

on

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предлага домаќинствата и малите потрошувачи да можат да купуваат струја според концептот „динамична цена“ наместо да ја плаќаат како фиксна кај универзалниот снабдувач (во случајов ЕВН Хоме).

Според дополнителните и најнови предложени измени на Законот за енергетика, домаќинствата ќе може да купуваат струја од снабдувачи со динамична, односно тековна цена, каква што е во моментот на пазарот.  Бидејќи оваа цена е варијабилна, потрошувачот ќе може да ги користи периодите кога таа е ниска.

Снабдувачот ќе треба да им обезбедува постојани информации на потрошувачите за цената на струјата преку паметни мерни уреди, а своја улога како обезбедувач на информации и контрола ќе има Регулаторната комисија за енергетика.

Од Министерството за енергетика, на нашето прашање колку е веројатно ова да профункционира во пракса и колку време ке биде потребно овој концепт да се воспостави, велат дека оваа можност веќе е започната да се имплементира во некои земји од Европската унија.

– Оваа новина, која почнува да се имплементира во дел од земјите од Европската Унија, ја инкорпорираме и во нашето законодавство како дел од усогласувањето со европските стандарди. Министерството за енергетика смета дека, воведувањето на можноста домаќинствата и малите потрошувачи да склучуваат договори со снабдувачи на електрична енергија по динамична цена, е изводливо и во интерес на граѓаните, бидејќи ова ќе им овозможи флексибилност и оптимизирање на трошоците во согласност со реалната потрошувачка. Искуствата и праксата покажуваат дека потребното време за целосна имплементација зависи од техничките подготовки и договорите со снабдувачите. Што секако ќе биде во координација со потребите на потрошувачите и ќе се развива паралелно со прилагодувањето на потребите на пазарот и техничките капацитети, велат од министерството.

Од таму додаваат дека потрошувачите – во слуачјов домаќинствата и малите потрошувачи, ќе треба да инсталираат посебно броило во договор со снабдувачот за плаќање на електричната енергија по динамична (променлива) цена.

– Во однос на евентуалните трошоци за корисниците, единствениот можен почетен трошок би бил за инсталирање ново броило со опција за далечинско читање. Министерството се стреми да се минимизираат дополнителните трошоци, со цел да го направи овој модел достапен за што поголем број граѓани без дополнителен финансиски товар, гласи одговорот од Министерството за енергетика.

Извор: Faktor.mk

Бизнис

ОД СКОПЈЕ ДИРЕКТНО ДО ПАРИЗ ќе се лета со „Изиџет“

Published

on

Нискобуџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз.

Нискобуџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз.

Од Скопје ќе се лета до Париз почнувајќи од пролет, односно на аеродромот „Орли“ кој е 20 километри од главниот француски град. Сега има линија на „Визер“ до Париз, но до аеродромот „Буве“ кој е 90 километри подалеку од Париз, објави ТВ 21.

Continue Reading

Бизнис

БОЖИНОВСКА: Македонија до 2030 со 15.000 зелени работни места, помали сметки за струја – зелени можности за соработка и со Германија

Published

on

15 000 зелени работни места, 30 oтсто пониски сметки за струја и инвестиции од над 1 милијарда евра, очекува Македонија до 2030 година – нови можности за соработка и со германски компании. Министерката Божиновска се обрати на конференцијата за инфраструктура на обновливи извори на енергија, организирана од АХК Северна Македонија.

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денес се обрати на отворањето на стручната конференција посветена на проширување на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во регионот, организирана од АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори. Настанот претставува дел од делегациската посета на шест германски компании специјализирани за иновативни решенија во енергетскиот сектор.

Во своето обраќање, министерката Божиновска ги претстави тековните и планираните активности на Владата во насока на забрзување на енергетската транзиција, вклучувајќи го и новиот Закон за енергетика кој стапува на сила во 2025 година. Таа нагласи дека Македонија бележи пораст на инвестициите во обновливи извори на енергија, со посебен акцент на развојот на соларните и ветерните капацитети, како и на проектите за складирање енергија.

„ Македонија е подготвена да го искористи својот потенцијал за обновливи извори на енергија и да прерасне во регионален лидер во зелената транзиција.Трансформацијата ќе генерира повеќе од 15 000 зелени работни места до 2030 година, во сектори како што се изградба, одржување и менаџирање на обновливите капацитети и во наредната деценија се очекуваат инвестиции од над 1 милијарда евра што ќе го поттикнат локалниот економски раст. Ќе се намалат трошоците за електрична енергија преку зголеменото домашно производство и намалена зависност од увоз, домаќинствата и бизнисите ќе имаат до 30% пониски сметки за електрична енергија до 2030 година. Со реализирање на планираните проекти, Македонија ќе стане нето извозник на електрична енергија, со потенцијал да генерира повеќе од 300 милиони евра годишно од извоз на обновлива енергија.“ истакна министерката Божиновска.

Конференцијата, на која присуствуваа повеќе од 80 претставници од македонски и германски компании, понуди можност за директни деловни средби и размена на искуства. Големиот интерес за настанот, укажува на растечката важност на зелената енергија како фактор за привлекување на странски инвестиции и регионална соработка.

„Германските инвеститори сè повеќе гледаат на зелениот енергетски потенцијал како клучен елемент при донесувањето на одлуки за инвестирање. Нашата цел е Северна Македонија да ја позиционираме како атрактивна и одржлива дестинација за ваков тип инвестиции.“ додаде Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, Албанија и Косово.

Настанот претставува важен чекор кон зајакнување на партнерствата помеѓу компаниите од Северна Македонија и Германија, создавајќи основа за понатамошна размена на знаења и технологија во областа на обновливите извори на енергија.

Continue Reading

Бизнис

ФИРМИТЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Над 10.000 слободни работни места има во Македонија

Published

on

Голем број слободни работни места има во земјава. Тоа го регистрираше и Државниот завод за статистика(ДЗС). 

Деловните субјекти, со број на вработени од 10 до 49, имаат највисока стапка на слободни работни места, односно 3,06  проценти.

Државниот завод за статистика објави дека во третиот квартал годинава во државава имало 10,010 слободни работни места, а најголем број односно 1,950 во услужните дејности и продажба. Во групата Државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори имало 33 слободни работни места, 28  во Воени занимања, 15 во Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот.

Во групата Стручњаци и научници се регистрирани 1,909 слободни работни места, а следни се Елементарни занимања, 1,781, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 1313, Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 1,114, Техничари и сродни занимања, 1,001.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,44 проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0,11  проценти.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк