Connect with us

Македонија

Голем инцидент во Тетово – група средношколци нападнале и повредиле врсник

Published

on

Вчера во 15:45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир.

„Веднаш е постапено по пријавата и утврдено е дека повеќе ученици во училиштето физички нападнале малолетник од с.Селце, ученик во истото средно училиште, кој поради здобиените повреди бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош, додека полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца од учесниците во нападот и тоа Е.Б.(18) и Л.Ц.(18) двајцата од с.Мала Речица, ученици во истото училиште“, велат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Македонија

Човекот кој вчера го спасуваа пожарникари на Камен мост се фрлил во Вардар за да избега од полиција

Published

on

Човекот кој вчера попладне го спасуваа пожарникари од под Камениот мост се фрлил во Вардар за да избега од полицијата.

„Слободен печат“ вчера објави видео од спасувачката акција на Камениот мост на кое се гледаше како човек гол до појас се нашол на еден од столбовите на мостот, отсечен од копното.

Според информациите на „Слободен печат“ од Министерството за внатрешни работи, човекот се нашол таму откако полицајци од интервентната единица го забележале како врши „дрска кражба“, односно како и крадe чанта на жена. За да се спаси од полицијата човекот скокнал во Вардар, но потоа останал заглавен на еден од столбовите.

Пожарникари донесоа скала за да го извлечат човекот на копно, а полицијата потоа го привела. Но, морала да го пушти затоа што кај него не било најдено ништо, а жената која била жртва, воопшто не го пријавила обидот за кражба во полиција.

Continue Reading

Македонија

Тетовец направил тешка измама

Published

on

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 23-годишниот А.А поради сторена измама. Имено на него му бил даден автомобил, а за возврат требал да изработи мебел кој не го направил.

„Пријавениот, во мај 2022 година, со друго лице договориле меѓусебна компензација за изработка на мебел во вредност од 3.500 евра, а за истата сума оштетеното лице на пријавениот му го дал своето патничко возило „фолксваген голф“. Пријавениот доцнел со изработка на мебелот и не му се јавувал на лицето, а во септември 2023 го продал неговото возило на авто плац и на тој начин го измамил лицето“, се вели во соопштението на МВР.

Continue Reading

Македонија

Утре без струја делови од Скопје и Македонија

Published

on

ЕВН Македонија известува дека утре, 22 ноември 2024 година, ќе има прекин на електричната енергија во одредени делови од Скопје и други региони низ Македонија. Прекините се поради планирани технички зафати на електромрежата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк