Connect with us

Бизнис

Зошто складирањето на електрична енергија со батерии е важно за Македонија?

Published

on

Складирањето на електрична енергија со батерии е од клучно значење за иднината на енергетскиот сектор во Македонија, особено во контекст на зголемувањето на обновливите извори на енергија. Како што земјата преминува кон поголемо учество на обновливите извори на енергија, постои потреба за ефикасни решенија кои ќе обезбедат континуитет во снабдувањето со електрична енергија. 

Батериските системи играат важна улога во управувањето со нестабилноста на овие извори, овозможувајќи чување на вишокот енергија за употреба во периоди на недостаток. Владата на Република Северна Македонија го смета секторот за енергетика за значаен во поглед на развојот на државата и има најави за развој на инфраструктурата за складирање на електрична енергија. Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се изготвуваат законски можности кои ќе овозможат батериски системи за складирање на електрична енергија, а според добро упатени извори, во рамки на Царинската управа се разгледува опцијата и за намалување на тарифите за увоз на батерии, што би можело да поттикне инвестициски проекти во овој сегмент. 

Инвестицијата на Акуо Енерџи во соларниот парк во Штип е пример за проекти кои ќе имаат корист од вложувањето во батериски системи. Со планиран капацитет од 400 MW, овој проект ќе овозможи производството на електрична енергија за околу 94 000 домаќинства и ќе придонесе за намалување на зависноста од увоз на електрична енергија. Успешната реализација на овој проект би можела да создаде нови работни места и да ја стимулира економија во источниот регион. 

Значајно е што инсталирањето на батериски системи не само што ќе ја подобри ефикасноста на постоечките обновливи извори, туку и ќе привлече нови инвестиции во енергетскиот сектор. Овие системи ќе обезбедат стабилност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија, што е од клучно значење за економскиот развој на Македонија. Имајќи ги во предвид најновите трендови во енергетиката, Македонија е на пат да стане пример за успешна транзиција кон зелена енергија во која батериските системи за складирање сигурно ќе имаат важен удел.

Бизнис

Нова измама во Куманово со биткоини, 59-годишна жена останала без 88 илјади денари откако зела брз кредит

Published

on

Втора измама во Куманово со биткони влезе во евиденцијата на полицијата. Кумановка на возраст од 59-години пријавила дека е измамена за сума од 88.338 денари информираат од полицијата во Куманово. Да биде трагедијата поголема таа зела и брз кредит за да добие ветената сума од наводната добивка од биткоините.

„Според пријавеното, лицето и се претставило дека е од „агенција за биткоини“ и ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите. Како што е пријавено, за да може да и ги префрли парите требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит парите и биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоинит“е, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Бизнис

Ценaтa на златото повторно над 2.700 долари

Published

on

Цените на златото пораснаа и во петокот, повторно надминивајќи го нивото 2.700 долари, а трговската седмица ја заврши со најголем плус во повеќе од една година благодарение на силната побарувачка на инвеститорите за сигурни средства во услови на интензивирање на тензиите во односите меѓу Русија и Западот.

На физичкиот пазар, унца злато во попладневното тргување изнесуваше 2.703 долари и беше за 1,3 отсто поскапо од вчерашното затворање на трговијата, достигнувајќи го највисокото ниво за нешто повеќе од две седмици.

На американскиот пазар со фјучерсите на златото се тргуваше по 1,1 отсто повисока цена од 2.705 долари.

Од почетокот на седмицата неговата цена се зголеми за повеќе од пет отсто, најсилно од октомври минатата година.

Златото расте и покрај тоа што американскиот долар го достигна највисокото ниво за нешто повеќе од една година. Со послаб долар, благородниот метал обично е поевтин за купувачите со други валути, а во моментов неговиот „сјај“ не му конкурира ниту приближувањето на биткоинот до нивото од 100.000 долари.

„Имајќи предвид дека излатото и доларот растат, нивните цени се чини дека се поттикнати од побарувачката на безбедни засолништа“ за капиталот, смета аналитичарот на UBS, Џовани Стауново.

Пазарите оваа недела се фокусираа на геополитиката, имајќи ги тензиите меѓу западот предводен од САД и Русија, откако американскиот претседател на заминување Џо Бајден му дозволи на Киев да изведува напади подлабоко на руската територија со ракетите што му ги испорачуваат САД. Москва предупреди дека таквата одлука, доколку официјално биде потврдена, ќе претставува директно вклучување на САД во конфликтот, бидејќи употребата на технолошки софистицирано американско оружје бара помош од САД.

Рускиот претседател Владимир Путин со декрет ја официјализираше измената на нуклеарната доктрина, со која се проширува списокот на услови за нуклеарен одговор на напад на руска територија. Украинската армија потоа нападна цели во Русија со американски ATACMS и британски Storm Shadows, а Москва одговори со напад на цели во Украина со нова балистичка ракета со среден дострел.

Во такви услови и среброто поскапе во петокот, за 1,8 отсто, на 31,34 долари за унца. Платината падна за 0,1 отсто, на 960,16 долари, а паладиумот за 0,6 отсто, на 1.023,55 долари.

Continue Reading

Бизнис

ЈАВНИОТ ДОЛГ ГОДИНАВА ЌЕ ДОСТИГНЕ 62,7% ОД БДП Може да биде помал, ако државниот сектор не повлече дел од кредитите

Published

on

Јавниот долг, вели министерката за финансии, во многу голема мера зависи од тоа колку останатите институции, акционерски друштва и т.н. ќе повлечат од веќе договорени кредити. 

Висината на јавниот долг, согласно последните пресметки велат дека на крајот на 2024 година ќе биде 62,7% од БДП, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Јавниот долг, нагласи Димитриеска Кочоска во многу голема мера зависи од тоа колку останатите институции, акционерски друштва и т.н. ќе повлечат од веќе договорени кредити.

-Ако не ги повлечат, може нема да биде ниту 62,7%. Тоа е проекција на Министерството за финансии, под претпоставка дека реализацијата на кредитите ќе оди така како што е договорено – изјави Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на настанот „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, во организација на Фискалниот Совет и Finance Think.

Прашана што ќе направи Министерството за финансии околу висината на јавниот долг, Димитриеска Кочоска, рече дека веќе работат најпрво на тоа да се види колкави се обврските од сите институции.

– Имаше заклучок од Влада, секоја од институциите, по заклучок од Влада, треба да достави информација колкави се обврските. Таму каде што имаме неусогласености, ги враќаме повторно кај институциите да ги усогласат и пријават обврските. Во меѓувреме како министер за финансии формирав неколку вонредни ревизии во одредени институции, кои што треба да ни потврдат, како внатрешна ревизија, дека навистина обврските кои што ги пријавуваат се такви, затоа што несоодветствуваат со коментарите кои што ги даваат вработените таму. Значи ревизорите ќе го констатираат тоа – изјави Димитриеска Кочоска. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк