Connect with us

Балкан

Србија со 15-минутен молк им оддаде почит на жртвите во Нови Сад

Published

on

Илјадници луѓе во градовите низ Србија во петокот им оддадоа почит на загинатите при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад со симболично петнаесетминутно молчење и привремена блокада на сообраќајотво организација на опозицијата што претседателката на парламентот Ана Брнабиќ го нарече „малтретирајање граѓани“.

На комеморативната акција „Србија, застани“, која симболично започна во 11 часот и 52 минути, кога падна настрешницата и усмрти 15 лица, повикаа повеќе граѓански активистички здруженија, иницијативи и движења, како и српската опозиција.

Сообраќајот денеска беше блокиран на повеќе локации во Белград, а граѓаните во знак на почит и изразување протест поради, како што велат, бавната истрага за несреќата, се собраа и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Крушевац, Зајечар, Ваљево, Трстеник и други градови, повторувајќи ги барањата да се гонат одговорните за фаталниот пад на настрешницата.

Повикот на акцијата „Србија, застани“, сепак, не допре до сите граѓани на Србија, ниту, пак, многу луѓе знаеле за тоа, тврди опозицијата поради тоа што повикот бил „игнориран од провладините медиуми и портали“.

„Хаос во цела Србија! Луѓето се лути на опозициските насилници, има инциденти! Тие продолжуваат со насилството врз народот“, објави на својот портал таблоидот Информер.

Во истрагата што ја спроведува Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, досега се уапсени 12 лица, а по едно лице се трага.

Меѓу уапсените беше и до неодамна министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, кој пет дена по несреќата „од морални причини“ поднесе оставка, негирајќи ја својата одговорноста и кривична вина. Сослушувањата се во тек.

Потоа следуваа оставки на поранешниот министер во истиот ресор Томислав Момировиќ, директорката на државната компанија „Инфраструктура на железници на Србија“, Јелена Танасковиќ и нејзиниот претходник на таа функција Небојша Шурлан, кои беа уапсени еден ден подоцна. Српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот за РТС изјави дека „заврши со оставките“ и дека судовите ќе утврдат кој е виновен.

Радио-телевизијата на Србија денеска јави дека почнале сослушувањата на дел од уапсените, без да наведат повеќе детали, освен дека не се знае дали сите ќе бидат сослушани денеска и кога судот ќе одлучи за евентуалниот притвор.

Набргу по денешниот протест, претседателката на парламентот Ана Брнабиќ одржа прес-конференција во зградата на парламентот, осудувајќи го „малтретирањето на српските граѓани“ и тврдејќи дека „околу дваесет луѓе го блокираат градот“.

„Сакам јасно да го осудам малтретирањето на српските граѓани. Демократија не е кога 20 или 50 луѓе блокираат цел булевар и на тој начин го блокираат целиот град. Тоа е насилство, насилство, тоа е малтретирање на граѓаните и ништо друго“, рече Брнабиќ, прашувајќи се „која е целта и смислата на тоа, освен хаос и дестабилизација на државата“.

По несреќата неколку протести се одржаа во Нови Сад и Белград. Група републички и покраински опозициски пратеници и советници на Собранието на Нови Сад ги блокираа обвинителството и зградата на судот во Нови Сад пред два дена, барајќи побрза истрага, гонење на одговорните и ослободување од притвор на активистите уапсени за време на претходните протести.

Балкан

ПРЕТЕПАНАТА СЛОБОДА МИЌАЛОВИЌ ИМА ПОВРЕДИ НА ГЛАВАТА Откриена состојбата на познатата актерка откако на паркинг ја нападна жена

Published

on

Слобода Миќаловиќ по конфликтот во Земун е префрлена во Ургентниот центар.

Српската актерка Слобода Миќаловиќ синоќа околу 19 часот била нападната во Белград на улицата Караѓорѓев трг. Како што дознава српски „Курир“, актерката повикала полиција, а на местото на инцидентот пристигнала и брзата помош.

Како што се дознава, на местото на настанот пристигнала Итната помош бидејќи Слобода се пожалила на болки во пределот на главата, поради што е префрлена во Ургентниот центар. По приемот на ургентниот центар, на Слобода ѝ биле констатирани повреди на главата и коленото, на кои има хематоми.

Слобода при прегледот изјавила дека била удирана неколкупати по главата, поради што се пожалила на болки. Полициските службеници за настанот го известиле дежурниот јавен обвинител на Третото основно јавно обвинителство Белград, по што им било наредено да ги соберат потребните информации, да извршат разговор со учесниците и со сите лица кои имаат сознанија за настанот, да ги одземат снимките од видеонадзор и да се соберат медицинска документација.

Се прибираат докази кои потоа ќе бидат доставени до обвинителството за понатамошно постапување и одлучување“, потврдуваат од обвинителството за „Курир“.

Извор: плусинфо

Continue Reading

Балкан

Физичка пресметка меѓу пратениците на владејачката коалиција и опозицијата во српското Собрание, седницата прекината

Published

on

Седницата на српското Собрание на која се расправа за Предлог-буџетот за 2025 година е прекината поради инцидент, туркања и физичка пресметка на пратениците од владејачката коалиција и опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.

До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода.

Continue Reading

Балкан

Македонците во Пустец одбележан патронот на црквата Свети Архангел Михаил (ФОТО)

Published

on

Македонците во Пустец, Мала Преспа, заедно со жители од останатите населени места од оваа општина, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен  заштитник.

Утрена, со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора.

Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на Свети Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Обновен е на темелите на старата црква, која била урната за време на комунистичкиот период.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк