Connect with us

Македонија

Koja e Фани Каранфилова Пановска, новата заменик претседателка на СДСМ

Published

on

Нова заменик претседателка на опозициската СДСМ е Фани Каранфилова Пановска.

Таа беше избрана за оваа партиска функција на вчерашниот 30. Конгрес на партијата.

Каранфилова Пановска доаѓа на местото на Сања Лукаревска, која по последните парламентарни избори поднесе оставка, а сега е пратеничка на партијата.

Претходно на таа функција беше Радмила Шекеринска.

Која е Каранфилова-Пановска

Каранфилова-Пановска зад себе нема политичко искуство.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој и ја предложи за оваа функција, вчера изјави дека двајцата се познавале долго време, а на јавноста и е позната пред се како поранешен директор на Фондацијата Отворено општество Македонија.

На оваа позиција беше избрана во 2015 година и тогаш го наследи Владимир Милчин, првиот извршен директор на Фондацијата.

Повеќе не е на таа позиција.

Целата своја професионална кариера Каранфилова-Пановска ја поминала во граѓанскиот сектор.

Македонија

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Published

on

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити оценува дека природата овие денови направи Скопје да не е на врвот на листата на најзагадени градови. И ова според него, не е од денеска туку е од поодамна.

Меџити како што нагласи, сака повеќе да се занимава со причините отколку со последиците за овој случај.

„Главен фактор е тоа што индивидуалните домувања се греат на се и сешто, не по нивна вина туку дека досега не сме им овозможиле. Во овој дел сакаме да го вратиме проектот за гасификација и да го тераме до крај. Тоа ќе биде прво што ќе придонесе за намалување на загадувањето. Второ да го субвенционираме централното греење, односно луѓето да почнат да се враќаат на централното греење бидејќи тоа е уште почисто од гасификацијата“, нагласи министерот за животна средина Меџити.

Според Меџити, главниот фактор за загадувањето во градот е урбаниот транспорт и затоа, како што најави, утре ќе се донираат шест електрични автобуси на Град Скопје односно на ЈСП, на кои како што потсети, деновиве Владата им помогна со позајмување на нафта за да бидат во функција.

„Деновиве разговараме и пред одлука сме Владата да купи 120 електрични автобуси кои ќе бидат доделени како донација на јавниот транспорт по општините, посебно во урбаните средини. Има одлука и акциски план од Владата од сите сектори се преземаат мерки, но јас сум повеќе за тоа да се елиминираат причините“, потенцира Меџити.

Continue Reading

Македонија

Се упокои владиката Тимотеј: Загуба за Македонската православна црква и верниот народ

Published

on

Со голема тага Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниот народ ја примија веста за упокојувањето на Неговото Високопреосвештенство, владиката Тимотеј.

Владиката Тимотеј остави длабока трага во животот на МПЦ-ОА, особено преку својата посветеност и неуморна работа во Дебарско-Кичевската Епархија. Неговото делување беше обележано со духовна сила, мудрост и залагање за развојот на Црквата.

„Утеха за нас верните е сознанието колку тој се вложи во изградбата на МПЦ-ОА и колку придонесе за нејзиниот напредок. Господ да го насели во Царството Негово кај светите и праведниците!“ – се вели во соопштението.

Верниците и Црквата ќе го паметат како духовен пастир кој остави неизбришлив белег во македонското православие. Вечнаја памјат, владико Тимотеј!

Continue Reading

Македонија

Коце Трајановски на терен со тешката машинерија

Published

on

Со забрзано темпо продолжуваат градежните активности на автопатот Кичево – Охрид, еден од најважните инфраструктурни проекти во Македонија. Изградбата на овој автопат е клучна за поврзувањето на западниот дел од земјата и ќе придонесе за економски развој, побезбедно патување и подобра мобилност на граѓаните.

„За нас ова не е само пат, туку мост кон развојот на регионот и подобрување на секојдневието на нашите граѓани. Продолжуваме посветено за Македонија,“ изјави Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Проектот се реализира според планот, а изведувачите вложуваат максимални напори за да се обезбеди квалитетна и навремена изградба. Со ова, Македонија чекори кон посветла инфраструктурна иднина!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк