Connect with us

Инфо +

ВРХОВНАТА СУДИЈКА МИЛКА РИСТОВА НА ЧЕЛО НА НОВАТА КОМИСИЈА ЗА ПОМИЛУВАЊЕ  КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА, ЌЕ ОСЛОБОДУВА ЗА НОВА ГОДИНА

Published

on

Седмиот член доаѓа од невладиниот сектор, тоа е Дохан Сулејманоски, за кого денеска на брифингот со новинарите Сиљановска-Давкова кажа дека иако имал најдобро интервју и најубави резултати, не беше избран за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Комисијата за помилувања прва седница ќе има утре, кога ќе ги согледа проблемите во пропишаните законски процедури за нејзината работа. Токму поради законските ограничувања за проверки и мешање во работата на судовите и на обвинителствата, смета Сиљановска-Давкова, неправедно настрада минатиот состав на Комисијата за помилување, која се поднесе морална оставка.

Оваа Комисија на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добие осудено лице со правосилни пресуди.

Претходниот состав на Комисијата си поденесе оставка откако во рамки на помилувањата објавени за Денот на Македонската револуционерна борба 23 Октомври, без да знае дека се води предистрага и за потешки кривични дела го ослободи А. Р., член на наркокартелот „Барон“ за полесно кривично дело за кое бил во полуотворено одделение во „Идризово“. Освен тоа, ова помилувано лице сторило и обид за убиство, па на излегување од „Идризово“ како слободен човек кого го помилувала претседателката за празник, беше уапсен и сега се наоѓа во притвор.

Ова „невнимание“ наиде на жестоки реакции во јавноста, по што претходната Комисија за помилување си поднесе оставка. За Нова година, ќе има нови помилувања од новата комисија предводена од Ристова.

Извор: СДК.мк

Македонија

РАНА МЕТЕО НАЈАВА: Од 29 Ноември студен циклон ни носи обилни врнежи од дожд, снег и значителна снежна покривка!

Published

on

После ова стабилно, суво и претежно сончево време, со студени утра и малку попријатни температури преку ден, од 29 Ноември (петок) како и за време на викендот, и тоа под влијание на висински циклон со центар над Средоземјето во Македонија ќе имаме нова голема промена на времето.

Сето ова ќе биде проследено и со продор на ладна воздушна маса од север и од североисток. Ќе имаме нови врнежи од дожд, кој повремено ќе бидат обилни (локално над 30 л/м2). На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, каде се очекува да се формира и поголема снежна покривка (на планинските места, секако и на Скијачките центри со висина локално и над 30 cм). Секако, снежна идила ќе има и на повисоките места.

Што се однесува до пониските места, особено во западните и во северните предели повремено има услови врнежите од дожд да преминуваат во врнежи од снег со што и на овие места ќе има услови за формирање на снежна покривка. Кога станува збор за Скопскиот регион, таму ќе има врнежи од дожд во ниските делови од котлината, а врнежи од снег ќе има на околните планини каде ќе се формира снежна покривка. Услови за повремени врнежи од снег повремено ќе има и во повисоките предели од котлината.

Оваа голема промена на времето која не очекува, ќе биде проследена и со ветер од северен и од североисточен правец, кој повремено ќе засилува на интензитет. Температурите повторно позначително ќе опаднат.

НАПОМЕНА: Во следните мои метео објави следува нова, и по потреба обновена анализа токму околу оваа временска ситуација.

Continue Reading

Македонија

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

Published

on

Вчера во вечерните часови се одржа Конгрес на опозициската СДСМ. По Конгресот се огласи професорот Ѓорѓи Спасов кој даде свој суд за говорот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, откако присуствуваше на истиот.

„Одличен Конгрес на СДСМ.

Од времето на Црвенковски немавме слушнато толку добро структуриран и мотивирачки говор на лидерот. Има надеж за СДСМ.Се почуствува денес некоја нова енергија, ентузијазам и желба за победа,за подобар живот и успех на секого а не само на поединци. Тоа е мојот СДСМ“, напиша тој на фејсбук.

Continue Reading

Македонија

Штип во мрак, наставата во училиштата прекината

Published

on

Прекината е редовната настава на втората смена во неколку училишта во Штип, поради проблеми со снабдувањето со струјата.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека поради тоа што има проблеми со снабдувањето на струјата во градот учениците и наставниците се ослободени од настава, бидејќи нема услови истата да се одржува. Јорданов вели дека станува збор за дефект на трафостаницата кај приградските населба Чардаклија.

На телефонскиот број на ЕВН информираат дека без напојување на електрична енергија е Штип и околните села, а екипите работат на терен.

Инаку, граѓаните реагираат на социјалните мрежа и велат дека во одредени реони во своите домови на неколку минути добиваат, па повторно имаат прекин на струјата. Ваквата состојба, како што велат, речиси е цел ден, воедно реагираат дека со ваквите прекини има ризик и да се расипат електричните апарати во домовите.

Извор: нетпрес.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк