Connect with us

Бизнис

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

Published

on

Жетварскиот период стана „искушение“ за производителите на маслинки, бидејќи секоја година во овој период се на работ на нервен слом. Покрај справувањето со климатската криза и растот на цените, тие треба да се справат и со недостигот на работна сила.

Најголем „недостиг“ на работници е забележан во областите како Халкидики, Месенија, Крит и Пелопонез, каде што производството на маслинки е најголемо, а многу семејства се потпираат исклучиво на приходот од маслинки.

Претседателот на Малите задруги на Националниот сојуз на земјоделски задруги, Мирон Хилечакис, за enikos.gr изјави:

„Трагична е состојбата со наоѓање работна сила и оваа година. Според податоците, исчезнати се околу 40 проценти од работниците. Секаде каде што можеме бараме да најдеме луѓе и да ја завршиме жетвата, која почна срамежливо поради сушата“, рече Хилечакис.

Зголемување на дневниците за 60 отсто

Земјоделците се обидуваат да ги откријат причините зошто работниците ги „напуштиле“ иако дневниците се зголемени за речиси 60 проценти.

„Постојано бараме решенија за привлекување работници. Годинава решивме дневницата да ја зголемиме од 50 на 80 евра, што е над сите граници. Сепак, натамошните зголемувања се невозможни бидејќи на крајот, ако продолжиме вака, нема да имаме никаков профит За нас се потребни повеќе работници, бидејќи не можеме сами да ги исполниме потребите на жетвата“, додаде Хилечакис.

Дополнително, според неговите зборови, преку системот за повици од странство не пристигнале голем број сезонски работници. Меѓудржавните договори со Египет и Бангладеш „течат со темпо на полжав“.

Потребно е да се поедностави процедурата и да се намали бирократијата за да можат полесно да дојдат работниците и да ни помогнат“, нагласи претседателот.

Далеку од овогодинешната цел на производство

Целта за годинешното производство од околу 270.000 тони маслинки можеби нема да се постигне, бидејќи, како што истакнува Хилечакис, „долготрајната суша значително ги намали приносите“. Тоа може да доведе до дополнително зголемување на цената на маслиновото масло од јануари, по завршувањето на жетвата.

https://tas-mk.toboads.com/ads.php?b=2&rq=970cdd55-9552-3b23-262a-d153f3bb133a&vt=8a694527-4369-4dc5-8424-f32b53c5590b&isf=false&zn=6e0ce682e&tm=0&af=320×0&fv=undefined&nw=0&co=1&vh=658&vw=390&asc=0&srf=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fdnevnica-80-evra-a-rabotnici-nema-strashno-nedostigaat-rabotnici-za-ovaa-rabota&rf=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fnina-nedanoska-shparkase-banka-za-faktor–se-vkluchuvame-vo-plasiranje-na-sredstvata-od-ungarskiot-zaem-taka-kje-gradime-dolgorochno-partnerstvo-so-nashite-klienti&loc=eq-srf&rn=4200661c-9e99-5eda-9e24-877fc3603c5d&ct=df3571ce-6190-f2f1-d05e-d4d8e0dce06d&c=hA_c_1_86a362e6&ah=0&L=92e773fe-a4fa-4903-a30d-a70d33eeafac&afs=undefined&sck=3a1867fc248ee01f1529c48d15d7abece4162d1f&

Проблемот со недостигот на работници не ги засега само производителите на маслинки, туку и сите земјоделци во Грција. „Хилекакис“ предупредува дека производителите на јагоди, портокали и агруми се веќе загрижени, бидејќи постои ризик да останат без работна сила.

„Проблемот не е ограничен само на бербата на маслинките, туку ги погодува и другите земјоделски култури, каде потребата од работници може да биде уште поголема“, заклучува тој.Б92

Бизнис

Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Published

on

Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот Бизнис Муабети.

-Пошта мора да преживее. Тоа ми е огромна битка иако многумина не сакаат. Пошта има околу 1900 вработени, планираме да ја рационализираме на 1400 вработени со еден план што го работиме, но мора да преживее затоа што има големи приватни интереси кои сакаат Пошта да колабира. Тоа се приватните пошти. Но нема да дозволиме, истакна вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Бизнис

На германски путер во КАМ стои дека сме Провинција Македонија

Published

on

На залепената декларација на путерот што се продава во КАМ маркетите, а кој е од германско потекло, покрај на македонски, декларацијата е напишана и на албански јазик, а како земја увозник стои Провинција Македонија.

Увозник на путерот е назначена познатата КАМ ДОО.

На социјалните мрежи граѓаните реагираат дека ова треба да се пријави во Државниот пазарен инспекторат и другите надлежни институции, како и дека очекуваат овој производ веднаш да се повлече од продажба, со ваква декларација.

Ова се дел од коментарите:

„Сметајте дека, под а, овој путер ќе го купам пак кога ќе си го видам тилот, а ако не се корегира декларацијата брзо, под б, и КАМ ќе биде далечен успомен.

-“Покраина Северна Македонија.” Поздрав до КАМ и да си го бараат судскиот преведувач на декларацијата на Албански јазик. Ако не го тужат за преводот и јавно да се извини, значи соучесници се.

– „Ми посочуваат во коментари дека проблемот бил кај преведувачот, па дека не било провинција туку покраина итн итн… што и да е, маркетот треба да си реагира и да го корегира ова, бидејќи е на штета на имиџот на компанијата.  СРАМОТА!

– „Поздрав до КАМ и да си го бараат судскиот преведувач на декларацијата на Албански јазик. Ако не го тужат за преводот и јавно да се извини, значи соучесници се.

– „Кам маркет треба веднаш да го повлече од продажба и да го делистира овој производ. Во спротивно, уште утре треба инспекции да излезат на терен и да напишат казни до сите засегнати во овој случај.

Извор: Нетпрес

Continue Reading

Бизнис

На тендерот на ЕВН Хоум, АД ЕСМ понуди повисока цена за две евра

Published

on

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Цената е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.

Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари 2025.

Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш зголемувањето би било минимално, од еден до три проценти.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк