Connect with us

Македонија

Првиот човек на МАНУ со говор каков што заслужува Македонија и највисоката научна институција

Published

on

Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите професорот Живко Попов на денот на МАНУ одржа говор каков што прилега на највисоката научна установа во Македонија.

Во неговиот говор одржан вчера пред академиците и гости академик Попов зборуваше и за теми кои досега со исклучок на предходниот претседател Љупчо Коцарев ретко биле споменувани во официјални настапи на раководството на МАНУ.

Професорот Попов се осврна и на дневно политички теми како Законот за јазиците и соодветната процедура пред уставниот суд, за формирањето на таканаречената Албанска академија на науките но она што е посебно интересно е фактот што академикот на прецизен, фактографски и неагресивен начин говореше за настани и процеси кои претходеле на формирањето на МАНУ и македонската држава.

Во продолжение деловите од неговиот говор кои се однесуваат на формирањето на МАНУ, историските и реал-политичките околности поврзани со формирањето на македонската држава и нација на територија на Македонија и во околните држави како и за договорите со Грција и Бугарија по кои Македонија се уште не почнала да преговара за членство во ЕУ:

Најнапред би сакал да го честитам Денот на МАНУ, Денот на конституирањето на еден од симболите на македонската државотворност.

МАНУ е формирана во 1967 година како највисока научна и уметничка институција во Република Македонија, во рамките на тогашната Југословенска федерација, со матична комисија составена од еминентни членови на најстарите академии во Југославија. При тоа, првиот состав на академици е избран согласно највисоките универзални научни и уметнички стандарди и критериуми.
Денес, после 57 години од нејзиното формирање, МАНУ претставува најзначајна национална научна и уметничка институција од посебен општествен интерес во нашата држава, која со децении наназад, со својата научно-истражувачка дејност, творештво и советодавна улога, претставува столб во градењето и зачувувањето на идентитетот, македонскиот јазик, историјата и државноста на македонскиот народ и деловите од другите народи кои живеат во земјата. 

Во годината кога ја одбележуваме осумдесетгодишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ неодминливо е да не зборуваме за овој најзначаен настан во поновата историја на македонскиот народ и развојот на неговата државност. Научните собири кои се организираат по тој повод секогаш претставуваат научен предизвик за учесниците да разменат различни мислења и факти со кои дополнително ќе бидат расветлени одредени моменти од историските настани (Илинден 1903 и АСНОМ 1944) и нивното политичко и национално влијание за време на Социјалистичка Република Македонија и денешна Македонија, како и во однос на деловите на македонскиот народ во географската целина Македонија, односно во Егејска и Пиринска Македонија, како и на нејзината дијаспора во светски рамки.
Осумдесет години можеби за историјата на човештвото се само еден миг, но за еден мал, распарчен народ како македонскиот, претставуваат огромна придобивка во која тој после вековна борба и страдање ги реализира своите национални стремежи за државност.
Современата македонска држава е создадена на темелите на антифашистичката борба на македонскиот народ и на припадниците на заедниците кои живеат во нашата земја и останатите јужнословенски народи, која прерасна и во негова народноослободителна борба. При тоа, таа се создаде на територијата на Вардарска Македонија каде постоеја најповолни услови за формирање на антифашистичко народноослободително движење од страна на организирани демократски и прогресивни сили на чие чело беа комунистите. Почетокот на изградбата на македонската држава е вграден во одлуките на Второто заседание на АВНОЈ (29 ноември 1943) за формирање на федеративна Југославија, со што за прв пат на македонскиот народ му се дава рамноправност со останатите народи на Југославија, станувајќи една од шесте конститутивни републики на федерацијата.
Посебна придобивка е одлуката на Претседателството на АВНОЈ со која македонскиот јазик, заедно со српскиот, хрватскиот и словенечкиот е прогласен за службен јазик на целата територија на Југословенската федерација. Наведените одлуки со воодушевување се прифатени на Првото заседание на АСНОМ, како потврда на суверената волја на македонскиот народ за формирање на сопствена национална држава, која истовремено е и рамноправна држава на сите националности/делови од народи кои живеат во неа.
За жал Народна Република Македонија се создаде само на еден дел од нејзината целокупна територија, што секако беше епилог на севкупноста на геополитичките односи и услови во текот и непосредно после Втората светска војна и се наметна како единствено можна реалност, и покрај тоа што македонскиот народ педесетина години наназад имаше добро организирана револуционерна борба и активност за автономија и ослободување на географската и етничка целина Македонија, преку различни форми на дејствување на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.
Уставната поставеност на македонската држава во составот на СФРЈ, согласно одлуките на АВНОЈ и АСНОМ, му дозволи на македонскиот народ да направи огромни достигнувања во сите области на општественото живеење, почнувајќи од современа економска структура, индустријализација на земјата, до сестран развој на образованието, науката, културата и духовното богаство. Во релативно краток педесетгодишен период на југословенската федерација македонскиот народ изгради современа држава со потврден национален идентитет и државност, и со висок потенцијал за постигнување највисоки дострели.
Но, кога се зборува за АСНОМ мора да се каже дека некои научни кругови во земјата и особено во соседните земји почетоците на македонската национална мисла и програма ги согледуваат дури по познатата резолуција на Коминтерната од 1934 година, а не пред Илинденското востание и пред книгата на Мисирков.
Во тој контекст во процесот на осознавањето на нашата национална мисла не смееме да ја пренебрегнеме улогата на една од најзначајните македонски национално-културни асоцијации во минатото – македонското научно-литературно другарство во Петроград. Имено на 28 октомври 1902 година во руската престолнина е спремен првиот досега познат официјален акт за основањето на едно посебно, легално и национално јасно дефинирано друштво на македонските студенти во Петроград што стана познато под името Македонско научно-литературно другарство. Цели 15 години сé до 1917 година со асоцијацијата раководи нејзиниот енергичен и авторитетен претседател Димитрија Чуповски.
Во рамките на ова другарство во 1902/1903 година беше подготвена првата дотогаш најкомплетна македонска национална програма, пласирана низ словенскиот свет, потоа првата кодификација на македонскиот современ јазик на кој што беше објавена и првата книга “За Македонцките работи” од Крсте П. Мисирков, беа составени повеќе историски меморандуми испратени до големите сили, беше подготвен обемен македонско-руски речник од страна на Чуповски, излегуваше научното и литературно списание “Вардар” и многу други нешта од национален интерес. Сите овие работи го поставуваат Македонското научно -литературно другарство во основата на сегашната Македонска академија на науките и уметностите, како континуитет кој треба да се афирмира и чествува во академијата на соодветен начин.
Во оваа насока е и денешната промоција на изданието “Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург 1902 – 1917” како дел на ова свечено собрание во амфитеатарот на МАНУ во 13h, при што промотор ќе биде директорот на Институтот за национална историја.
Големи историски настани во наредните триесетина години по распадот на југословенската федерација се прогласувањето на Република Македонија за независна и суверена држава, членка на ООН, членка на НАТО алијансата и рамноправен правен субјект во меѓународната заедница. На тој начин македонскиот народ уште еднаш го потврди својот државотворен капацитет, осамостојувајќи се по пат на мирна разврска со југословенската федерација.
На патот за членство во ЕУ тој стана пример за мирољубива коегзистенција со соседните земји, а на внатрешен план пример за соживот во услови на мултиетничка и мултикултурна заедница организирана на рамноправни и демократски принципи. Пријателството, спремноста за соработка и отворениот дијалог со сите, а посебно со соседните земји не секогаш беше возвратено на соодветен начин, напротив некои од нив покажаа неразбирање и нерационално однесување. Евроскептицизмот кој се јавува во последно време е резултат на пречките кои ЕУ неправедно ни ги постави на нашиот европски пат, а кои најмногу се однесуваат на меѓународно превземените обврски во врска со договорите со Грција и оној за добрососедство со Бугарија, кои во најмала рака беа референдумски прашања кои треба да се почитуваат, чии што последици се евидентни и сеуште не им се гледа крајот. За нив земјата направи болни компромиси, при што си го промени прво државното знаме, а потоа и државното неприкосновено име, но и покрај тоа изостана отворањето на процесот на преговори со ЕУ.
Сепак треба да сме свесни дека ние како мал народ и сиромашна држава само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ може да дојдеме до разумни и прифатливи решенија за создадените проблеми, зачувувајќи го при тоа културното и историско наследство кое му припаѓа на македонскиот народ како европска вредност. Но и покрај сите пречки македонската држава денес е дефинитивна историска реалност со потврден целосен историски идентитет и меѓународен државно-правен легитимитет, која што на достоинствен начин мора храбро да продолжи по зацртаниот европски пат.
Овие комплексни околности на современата македонска историја претставуваат големи научни предизвици и голема е одговорноста на научниците кои ги расветлуваат различните аспекти и значења на документите на АСНОМ и многу други историски настани. Потребно е со реална критика и објективни факти да ја соопштуваат вистината за тешката историја на македонскиот народ.
На крајот од ова мое обраќање, сакам да порачам дека иднината на македонската држава се гради со труд, со заедништво, обединетост и храброст. Ако по утрото денот се познава, со промените што се случуваа оваа година, може да се предвиди дека за нашава земја доаѓаат подобри времиња.
Во знакот на заедничката работа и на очекуваната посветла иднина за Македонија во која мора да веруваме, дозволете уште еднаш да и посакам на Македонската академија на науките и уметностите вековно постоење и, како и досега, успешно совладување на предизвиците што ги носи времето.

Македонија

ОВА СЕ ЧЕКАШЕ СЕДУМ ГОДИНИ, ВИДЕО ДОКАЗИ: Корупција кај некои обвинители, се до врвот!

Published

on

Се води досега невидена битка во една иста инститиција, Јавното обвинителство,  од страна на две групи: Една предводена од скопското ОЈО кое го раководи кадар на СЈО и која на секој начин се бори да не се прифати кривичната пријава за истрага против десетмина обвинители од СЈО и шефицата Катица Јанева за незаконски поделени над 4,5 милиони евра помеѓу себе за време на СЈО која е поддржаана о од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поставен на таа функција од СДСМ и ДУИ и, од друга страна, Вишото скопско јавно обвибителство кое смета дека таа кривична пријава треба да се процесуира и да се води истрага.

На маса се големи пари, над 4,5 милиони евра незакоснки подоленеи помеѓу наведените обвинители од СЈО кои, ако истрагата се води, можат да докажат вина и да налог парите да ги вратат плус камата. Иницијативата дојде од Антикрупциска, и секоја опструкција е јасен сигнал дека се работи за заштита на корупција на највисоко ниво во Обвинителството.

Како одговор, државниот јавен обвинител Коцевски го суспендира шефот на скопското Вишо обвинителство Мустафа Харлујаи и поведе постапка за инспекција на работата на друг јаевн одбвинител кој покажал спремност да потпише решение со кое од ОЈО се бара истрагата да се отвори. Практично, корумпираното крило во обвинителството на овој случај се открија самите себе.

Суспендираниот шеф на Вишото обвинителство, Скопје, Мустафа Хајрулахи, во подкастот Претрес со Ландов го објасни својот случај на суспензија по барање на државниот (републичкиот) јавен обвинотел Љупчо Коцевски, неговите мотиви, постапката и обидот за наметнување лична воља врз одлука на обвинитечите за предмети од јавен интерес, особено предметот за заштита на обвинителите од СЈО од истрага за незаконско примање надоместоци во висина од околу милион евра поделени меѓу десетмината обвинители од СЈО. 

Во неговитеите искази, ако не од други причини туку како “допрен глас“ неизоставно мора да произлезат истраги и одговорност за незаконско делување на обвинители и тоа се до врвот на обвинителскиот систем за кои шефот на скопското Вишо обвинителство посочи конкретни детали, имиња на предмети со опис на делувањето. Спомнатите обвинители не се веќе предмет од интерес само за Советот на обвинители и нивната стручна одговорност, туку одговорноста која се посочува е многу поголема и поконкретна.

Вишиот јавен обвинител детектира дека кланови, подовоеност и внатрешни местенки почнуваат кога обвинителите од СЈО влегуваат во Јавното обвинителство по распуштањето на СЈО и утврдениот криминал не шефицата на СЈО Катица Јанева. Со нив почнува и нивната борба за функции во Јавното обвинителство која оди до таму што некои од нив соработуваат со портали на кои им даваат податоци за своите конкуренти на можна функција за да ги дискретираат.

Посочи и пример на обвинител, дојден од СЈО, која бил цело време во контакт со обвинетиот за кој води истрага и заеднички вршеле размена на информации и соработувале.

Хајрулаи посочи конкретно наведени случаи на обвинителка од СЈО во Вишото обвинителство, а исто така и друг колега од Вишото обвинителство за соработка со портали во изнесување детали од работата на Обвинителството, за колегата наведе и детали дека користел лични податоци од сведок од Тетово за да набави СИМ картичка со неговите податоци и како така легитимирана СИМ картичка да дава по телефон информации кои него, Хајрулаи, го дискредитираат пред изборот на нов мандат за шеф на Вишото јавно обвинителство и како, по налог на државниот обвинител, истрагата за тој настан е нарачана и завршена како – неуспешна.

Шокантни беа деталите кои ги изнесе како се запрела истрагата за фатени 1,2 тони марихуана, одгледувана јавно, на нива кај Кавадарци, која во јавноста се поврзуваше со Трајче Заев за која истрагата одлучила дека нема основ за понатамошно постапување, како што е манипулирана и истрагата за фатен камион полн со шверцувани телефони која нема завршница… 

Според шефот на Вишото јавно обвинителство, докажувајќи со детали од повеќе случаи, постои спрега помеѓу државните обвинители Љубомир Јовевски, како и сегашниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски кои во соработка со обвинители од поранешното СЈО вршат притисок врз други обвинители и управуваат со предмети на истраги и обвинителски одлуки и наведе наредба од државниот обвинител Љубомир Јовевски со која им го одзема правото за постапување на Вишото јавно обвинителство за неколку јавно важни случаи, а кога обвиненија на СЈО паѓаат пред судот или се неосновани па Вишото јавно обвинителство ги повлекува тогаш државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски наредува контрола врз тие обвинители од Вишото јавно обвинителство со кои се обидува да ги собори нивните одлуки а на другите да имс е прати порака со закана. 

Контрола како постапувало Вишото јавно обвинителство со обвиненијата од СЈО кои се повлечени како неосновани од нив врши – обвинител од СЈО! Практично, обвинители од СЈО сами за свои предмети решаваат дали се основани или не! Тоа е јасен конфликт на интереси бидејќи сите обвиненија од СЈО се решавани колективно, а сега тој што решил дека обвинението е основано а Вишото јавно обвителство решило дека не е треба да биде наводно неутрален.

Нјапосле, својата суспензија од страна на државниот јавен обвинител Коцевски Хајрулаи ја објаснува со следните факти: Повикан сум од државниот обвинител Коцевски и давани ми се насоки и инструкции да се потврди од Вишото обвинителство одлуката на Основното јавно обвинителство дека нема услови да се отвори истрага за незаконски поделените милион евра за десетте обвинители од СЈО… што Хајрулаи го одбива и бара обвителот кој го решава предметот самиот да донесе одлука, што е и негово законско право.

Почнува судир меѓу нив, Харулаи го изнесува овој настан во јавноста. За истото, написмено, го известува и Советот на обвинители. Како одговор, државниот обвинител Коцевски поднесува кривична пријава против Хајрулаи за мобинг врз вработени во Вишото обвителство, се работи за пријава од администрација а не од обвинители, и експресно, за еден ден, обвителството во Штип отвара истрага против Хајрулаи по што тој е суспендиран и отстранет од работно место од страна на државниот обвинител Коцевски.

Во подкастот се изнесуваат и други детали, прецизно и детално, за работата на некои јавни обвинители, од основното обвителство па се до врвот, до државниот обвинител, кои јавноста досега не ги знаела и ги дознава од прва рака. Помеѓу останатото и како се случило членот на Судскиот совет, Иџет Мемети, фатен во корупција да помине со блага казна и спогодба за признаена за вина за која не одлучува обвинител кој го води предметот туку лично – државниот јавен обвинител Коцевски кој што службена должност е член на советот и – колега на обвинетиот Иџет Мемти… 

Ова видео треба да го погледне секој во јавноста затоа што јавноста плаќа данок за работа на обвинителите и судиите и се соочува со оваа состојба секој од нас. Треба да го погледне секој пратеник во Собранието и веднаш да отвори расправа со започнување реформи во обвинетлството и судството. Треба да го погледне секој судија кој, и онака знае дел од ова, и да види од какви луѓе и со мотиви имале закани и притисоци со години од обвинители и морале да пресудуваат вина по нивните обвиненија и, заедно со обвинителството, да бидат оценети од јавноста со доверба 2-3%.

Треба да го погледне и МВР, и да се потсети на можноста за акција “по допрен глас“.

Сега, кога на своја глава, видовте како работат некои обвинители… дали во Македонија има право и правда го праша домаќинот во подкастот шефот на Вишото обвинителство Хајрулаи кој тврди дека над 90% од обвинителите работат професионално, но остатокот го урива системот.

– Нема правда, и тие два посто доверба во јавноста се многу, одговори Хајрулаи.

https://www.youtube.com/live/DW7uAGwwXZ8?si=QFqp8ZYoyWuyEZWQ

Continue Reading

Македонија

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ВРАБОТЕНА НА ГИНЕКОЛОГИЈА Вработена заврши во Ургентен центар, трудов инспектор вклучен во случајот

Published

on

63-годишната В.К. од Скопје е пренесена во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако се здобила со тешка телесна повреда за време на извршување работни задачи на Клиниката за гинекологија. Според информациите, инцидентот се случил околу 13:00 часот на 27 ноември.

Повредената веднаш била префрлена во болница, каде што и е укажана лекарска помош. Настанот е пријавен во 14:45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, а за случајот е известен и трудов инспектор.

Полициски службеници излегле на терен и започнале увид за утврдување на околностите кои довеле до несреќата. Дополнителни информации за здравствената состојба на жената и можните причини за инцидентот се очекуваат по завршување на истрагата.

Трудовиот инспекторат најави дека ќе ги разгледа условите за работа и почитувањето на безбедносните протоколи на местото на настанот.

Continue Reading

Македонија

Ќе се стопира покачувањето на платите во АЕК, потпишано од претходното раководство

Published

on

Новиот Управен одбор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе ја стопира одлуката за покачување на расходите за бруто плати за 20 проценти, истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашањето од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој наведе дека со предложениот финансиски план за 2025 година ова тело предвидува приходи од 9,3 милиони денари, што е за 31 отсто помалку во однос на оваа година.

– Јас тоа го дознав од новото раководство во Агенцијата за електронски комуникации, кое што беше избрано во Парламентот пред отприлика две недели, дека раководството на одење потпишало Колективен договор заедно со директорот, кој што е кадар на Демократската унија за интеграција, овие кои што се грижат за стандардот и се загрижени многу кој е легитимен, кој не е легитимен. Потпишале ваков Колективен договор кој претходно никогаш не бил потпишан, ниту имало потреба од него, кога сите знаеме колкави и какви се примањата во Агенцијата за електронски комуникации. Добрата вест е што новото раководство, новиот Управен одбор прво што ќе направи е да ја стопира оваа одлука и ќе ги преземе сите механизми што стојат на располагање овој колективен договор да биде ништовен. Колективниот договор, ќе повторам, го потпишало претходното ракoводство каде што членот, односно претседателот на Управниот одбор е од СДСМ, а директорот кој што во моментот сѐ уште ја извршува таа позиција е од редовите на ДУИ – истакна Мицкоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк