Connect with us

Бизнис

Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Published

on

Стратегијата 2025–2030 предвидува нови средства и поддршка за зелени проекти – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја зајакнува соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД)

Министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа продуктивна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и поддршката во насока на зелената транзиција и одржливиот развој на Македонија.

Една од главните теми на состанокот беше новата Стратегија за Северна Македонија за периодот 2025–2030 година, која е во фаза на изработка. Оваа стратегија има за цел да ги адресира предизвиците со кои се соочува земјата и да го зајакне одржливиот развој. Нејзината финализација се очекува во првата половина на 2025 година, а ќе биде насочена кон поддршка на зелена економија, одржлива инфраструктура и регионална интеграција.

ЕБРД, како главен институционален инвеститор во земјата, ја реафирмираше својата посветеност за поддршка на реформите во инфраструктурата и енергетиката. Особен фокус беше ставен на можностите за зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на енергетската мрежа и унапредување на прекуграничната поврзаност.

Претставниците на Министерството и ЕБРД истакнаа дека досегашната соработка донесе значајни резултати, вклучително и финансиската поддршка за изградба на првите соларни фото-волтаични капацитети во сопственост на ЕСМ, како и проектите за проширување на капацитетите во Осломеј и термоелектраната Битола.

ЕБРД досега има инвестирано над 2,9 милијарди евра во 196 проекти во Македонија, со акцент на енергетската транзиција, инфраструктурата и зголемување на ликвидноста на енергетскиот пазар.

Министерството за енергетика и рударство и ЕБРД остануваат посветени на редовни средби и партнерство со цел остварување на заедничката визија за економски напредок и зелена иднина.

Бизнис

На тендерот на ЕВН Хоум, АД ЕСМ понуди повисока цена за две евра

Published

on

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Цената е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.

Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари 2025.

Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш зголемувањето би било минимално, од еден до три проценти.

Continue Reading

Бизнис

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

Published

on

Лидл Македонија на Linkedin објави оглас за ново работно место. Компанијата бара Проектен менаџер за осигурување, позиција која, како што се наведува во огласот, отвора уникатна можност за професионален развој.

-Компанијата е во потрага по искусен кандидат кој ќе обезбедува поддршка за усогласеност, ќе координира осигурителни барања и договори, и ќе ги едуцира колегите за релевантни теми.

Ова е можност да почнете со имплементација на глобални осигурителни стратегии, да преговарате и испорачувате вредни решенија. Аплицирајте веднаш и направете го следниот чекор во вашата кариера со Лидл Македонија, пишува во најновиот оглас за работно место на оваа компанија.

А ова се работните задачи и условите:

Спроведување на превенција од загуби, обезбедување поддршка за постигнување усогласеност во однос на сите видови групни и локални осигурувања (осигурување на имот, одговорност, осигурување на пари во транзит и др.)

Помош во координирањето на осигурителните барања со одделите

Помош во спроведувањето на тендери, обнови и склучување на локални (обврзувачки) осигурувања и проверка на локалните полиси (премија, износ на покритие и сл.)

Иницирање и продолжување на плаќање премии за главни и локални договори

Учествување во проверка на обврските за известување од главните и локалните договори за точност и пријавување на истите на SDL осигурување или локалниот осигурител

Придонесување во комуникацијата на осигурителното покритие (главно/локално) во земјата

Обезбедување соработка со локалниот осигурител/брокер

Известување и процесирање на осигурени побарувања и спроведување на помирување со осигурителите

Придонесување во имплементацијата на меѓународната осигурителна стратегија, во SDL осигурителни проекти, во подготовката на извештаи и нивното внатрешно распределување

Обука на осигурителни работници, како и на работниците и менаџерите од релевантните оддели за осигурителни теми

Што ви е потребно:

Универзитетска диплома по Право

Испит за адвокат е предност

Минимум 3-5 години професионално искуство

Силни вештини за преговарање и анализа

Способност за анализа на ситуации и информации

Течно говорење на англиски и македонски јазик

Висок степен на професионална етика и интегритет

Continue Reading

Бизнис

Општина Јегуновце вработува: Плата 35.000 денари

Published

on

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ –  270/2024

за вработување на 

 јавен службеник од група I, подгрупа II во Општинско основно училиште Симче Настовски с.Вратница, Јегуновцеза следните работни места

1. ОБН0102В01001 Советник за општи и нормативно правни работи – Секретар, Одделение за нормативно – правни работи, човечки ресурси и општи работи, Административна служба(1) извршител(и)

Општи услови
  • –   да е државјанин на Република Македонија, 
  • –   активно да го користи македонскиот јазик, 
  • –   да е полнолетен, 
  • –   да има општа здравствена способност за работното место, 
  • –   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. 
Посебни услови
  • – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки/Економски науки
  • – најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции

  • – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • – учење и развој
  • – комуникација
  • – остварување резултати
  • – работење со други/тимска работа
  • – стратешка свест
  • – ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • – финансиско управување

Посебни работни компетенции

  • – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
  • –   Работни денови понеделник-петок
  • –   Работни часови неделно 40
  • –   Работно време од 07:30 до 15:30
  • –   Опис за работното време 
Паричен нето износ на плата: 35.531,00 денари

За аплицирање на следион линк:

https://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/4046

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк