Connect with us

Бизнис

На тендерот на ЕВН Хоум, АД ЕСМ понуди повисока цена за две евра

Published

on

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Цената е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.

Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари 2025.

Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш зголемувањето би било минимално, од еден до три проценти.

Бизнис

На германски путер во КАМ стои дека сме Провинција Македонија

Published

on

На залепената декларација на путерот што се продава во КАМ маркетите, а кој е од германско потекло, покрај на македонски, декларацијата е напишана и на албански јазик, а како земја увозник стои Провинција Македонија.

Увозник на путерот е назначена познатата КАМ ДОО.

На социјалните мрежи граѓаните реагираат дека ова треба да се пријави во Државниот пазарен инспекторат и другите надлежни институции, како и дека очекуваат овој производ веднаш да се повлече од продажба, со ваква декларација.

Ова се дел од коментарите:

„Сметајте дека, под а, овој путер ќе го купам пак кога ќе си го видам тилот, а ако не се корегира декларацијата брзо, под б, и КАМ ќе биде далечен успомен.

-“Покраина Северна Македонија.” Поздрав до КАМ и да си го бараат судскиот преведувач на декларацијата на Албански јазик. Ако не го тужат за преводот и јавно да се извини, значи соучесници се.

– „Ми посочуваат во коментари дека проблемот бил кај преведувачот, па дека не било провинција туку покраина итн итн… што и да е, маркетот треба да си реагира и да го корегира ова, бидејќи е на штета на имиџот на компанијата.  СРАМОТА!

– „Поздрав до КАМ и да си го бараат судскиот преведувач на декларацијата на Албански јазик. Ако не го тужат за преводот и јавно да се извини, значи соучесници се.

– „Кам маркет треба веднаш да го повлече од продажба и да го делистира овој производ. Во спротивно, уште утре треба инспекции да излезат на терен и да напишат казни до сите засегнати во овој случај.

Извор: Нетпрес

Continue Reading

Бизнис

Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Published

on

Стратегијата 2025–2030 предвидува нови средства и поддршка за зелени проекти – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја зајакнува соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД)

Министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа продуктивна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и поддршката во насока на зелената транзиција и одржливиот развој на Македонија.

Една од главните теми на состанокот беше новата Стратегија за Северна Македонија за периодот 2025–2030 година, која е во фаза на изработка. Оваа стратегија има за цел да ги адресира предизвиците со кои се соочува земјата и да го зајакне одржливиот развој. Нејзината финализација се очекува во првата половина на 2025 година, а ќе биде насочена кон поддршка на зелена економија, одржлива инфраструктура и регионална интеграција.

ЕБРД, како главен институционален инвеститор во земјата, ја реафирмираше својата посветеност за поддршка на реформите во инфраструктурата и енергетиката. Особен фокус беше ставен на можностите за зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на енергетската мрежа и унапредување на прекуграничната поврзаност.

Претставниците на Министерството и ЕБРД истакнаа дека досегашната соработка донесе значајни резултати, вклучително и финансиската поддршка за изградба на првите соларни фото-волтаични капацитети во сопственост на ЕСМ, како и проектите за проширување на капацитетите во Осломеј и термоелектраната Битола.

ЕБРД досега има инвестирано над 2,9 милијарди евра во 196 проекти во Македонија, со акцент на енергетската транзиција, инфраструктурата и зголемување на ликвидноста на енергетскиот пазар.

Министерството за енергетика и рударство и ЕБРД остануваат посветени на редовни средби и партнерство со цел остварување на заедничката визија за економски напредок и зелена иднина.

Continue Reading

Бизнис

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

Published

on

Лидл Македонија на Linkedin објави оглас за ново работно место. Компанијата бара Проектен менаџер за осигурување, позиција која, како што се наведува во огласот, отвора уникатна можност за професионален развој.

-Компанијата е во потрага по искусен кандидат кој ќе обезбедува поддршка за усогласеност, ќе координира осигурителни барања и договори, и ќе ги едуцира колегите за релевантни теми.

Ова е можност да почнете со имплементација на глобални осигурителни стратегии, да преговарате и испорачувате вредни решенија. Аплицирајте веднаш и направете го следниот чекор во вашата кариера со Лидл Македонија, пишува во најновиот оглас за работно место на оваа компанија.

А ова се работните задачи и условите:

Спроведување на превенција од загуби, обезбедување поддршка за постигнување усогласеност во однос на сите видови групни и локални осигурувања (осигурување на имот, одговорност, осигурување на пари во транзит и др.)

Помош во координирањето на осигурителните барања со одделите

Помош во спроведувањето на тендери, обнови и склучување на локални (обврзувачки) осигурувања и проверка на локалните полиси (премија, износ на покритие и сл.)

Иницирање и продолжување на плаќање премии за главни и локални договори

Учествување во проверка на обврските за известување од главните и локалните договори за точност и пријавување на истите на SDL осигурување или локалниот осигурител

Придонесување во комуникацијата на осигурителното покритие (главно/локално) во земјата

Обезбедување соработка со локалниот осигурител/брокер

Известување и процесирање на осигурени побарувања и спроведување на помирување со осигурителите

Придонесување во имплементацијата на меѓународната осигурителна стратегија, во SDL осигурителни проекти, во подготовката на извештаи и нивното внатрешно распределување

Обука на осигурителни работници, како и на работниците и менаџерите од релевантните оддели за осигурителни теми

Што ви е потребно:

Универзитетска диплома по Право

Испит за адвокат е предност

Минимум 3-5 години професионално искуство

Силни вештини за преговарање и анализа

Способност за анализа на ситуации и информации

Течно говорење на англиски и македонски јазик

Висок степен на професионална етика и интегритет

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк