Connect with us

Македонија

Македонската ЕСМ бара изведувач за две соларни централи

Published

on

Македонското државно претпријатие за електрична енергија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) објави повик за изведувачи. Избраната компанија би изградила две соларни централи, 10 MВ и 20 MВ, во две области со рудници за јаглен и термоелектрани. Продолжувајќи со напорите што и ја донесоа титулата најуспешна земја на Западен Балкан во замена на енергијата од јаглен со фотоволтаици, Северна Македонија го подобрува своето фотонапонско портфолио. ЕСМ, која е под контрола на Владата, наскоро ќе го зајакне своето портфолио со уште две единици. До 17 јануари беше отворена покана за изведувач за работи на објекти во двата комплекса за јаглен во земјава – РЕК Осломеј и РЕК Битола, пишува Балкан Грин Енерџи Њус, пренесува Пословни дневник.

Компаниите заинтересирани за проектот мора да се регистрираат и да се пријават на порталот за е-набавки за клиенти на ЕБОР (ECEPP) за да можат да пристапат до документацијата. Се работи за натпревар во две фази. Во состав на јагленовиот комплекс РЕК Осломеј веќе работат три соларни централи. Пред повеќе од три години, Европската банка за обнова и развој одобри заем до 25 милиони евра за овој зафат.

Податоците на заемодавачот покажуваат дека ЕСМ го враќа долгот за проектот од 30 мегавати. „Во Северна Македонија енергетскиот сектор долго време е запоставен, а за оваа влада посебно место ќе има енергетиката и ќе се работи темелно на енергетската независност на земјата. Покрај изградбата на нови производствени енергетски капацитети, планираме да го завршиме и процесот на енергетско поврзување со нашите соседи, изјави Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини на Северна Македонија, во интервју за Eнерџипортал.бa.

Македонија

Сиљановска – Давкова: Горда сум на Иле Михајловски, македонскиот финалист за Глобалната награда за наставници

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, денес, на Меѓународниот ден на образованието, одаде признание на македонскиот одделенски наставник Иле Михајловски од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Свети Николе. Михајловски е избран меѓу 50 финалисти од вкупно 5.000 номинирани наставници од 89 земји за престижната Глобална награда за наставници за 2025 година, што ја доделува фондацијата Варки од Лондон.

„Восхитена сум од неговата скромност, емпатија и хуманост, како и од тридецениската примена на иновативни и неконвенционални методи во образованието. Неговата борба за инклузија на ранливите деца и неговиот импакт се пример за сите нас,“ истакна Сиљановска – Давкова.

Таа му посака успех на претстојниот „Наставнички оскар“ и ја нагласи важноста од препознавање и поддршка на вакви исклучителни личности, кои го менуваат општеството на подобро.

Continue Reading

Македонија

ДУИ ВО РАСПАД, им бегаат видни членови, а БУЈАР САКА ВО ТУРЦИЈА, пишува Република

Published

on

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера ја разгневи јавноста со изјавата која беше протолкувана дека Македонците зборуваат бугарски јазик. Вака некој треба да оди во Бугарија,а друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја, изјави вчера Ахмети во Чашка.

Оваа изјава на Ахмети може да се толкува како обид за привлекување на внимание од страна на Ахмети, во ситуација кога ДУИ е дефакторизирана, а тоа најдобро се прави со изјави во кои се спомнуваат Македонците и проблемите што ги имаат со Бугарија во однос на јазнкот.

Како што брифираат добро упатени извори, во ДУИ во моментов владее една хаотична атмосфера, која уште повеќе се влошила по бегството на Артан Груби кој во позадина ги влечеше сите конци, и организациски и кадровски. Се говори и дека се случувало во партијата да нема кој да напише ниту дневно сооштение, пишува Република.

Сегашното раководство ни оддалеку нема капацитет да одговори на барањата на ДУИ како најголема опозициска партија, која до пред само седум месеци жареше и палеше во Македонија.

Соред Републикасе шушка и дека голем дел од видните членови на ДУИ веќе преминуваат во партиите од коалицијата Вреди. Еден од нив е довчерашниот портпарол на Владата Мухамед Хоџа кој наводно преминал во партијата на Изет Меџити, Демократско движење. 

„Република“ му испратиле порака на Хоџа дали навистина заминал од ДУИ, но не добиле одговор.

За заминување од Македонија наводно размислувал и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Османи, кој по професија е доктор сакал својата кариера да ја продолжи на некоја од клиниките во Турција.

Continue Reading

Македонија

Џип од 60.000 евра сопственост од Министерството на Артан Груби, сега личи на „оскубена кокошка“

Published

on

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во изјава за медиумите кажа дека се откриени нови злоупотреби со имотот на Министерството.

Тој посочи дека возило џип марка „бмв, вредно околу 60.000 евра било најдено во многу лоша состојба во сервис за поправка, каде од него биле вадени делови и тие биле користени за потребите на сервисот.

– Најновата злоупотреба која пред некој ден е откриена, а тоа е возилото џипот „бмв“, кое е во сопственост на Министерството е најдено во поприлично лоша состојба во еден од сервисите во кое се вршело порано поправка на возилото. Тука веќе е ангажирано Министерството за внатрешни работи. Не сакаме да го подигнеме. Бараме записници, нема записници како е предадено, а сведоците велат дека е предадено во нормална состојба. Тој џип вреди 50-60 илјади евра. Не можам да утврдам за што бил користен, меѓутоа можам да пренесам дека сега личи на „оскубена кокошка“. Јавноста кога ќе ги види сликите ќе процени како може еден сериозно скап автомобил да биде оставен на милост и немилост на сервис каде се извадени вратите, извадени се делови од него – рече Стоилковиќ.

Тој вели дека е згрозен од начинот на кој се трошени не само средствата, но и како се управувало со ресурсите на Министерството.

– Возилото е оставено во сервис и не е подигнато. А, сервисот си постапувал согласно потребите кои му биле на дневен ред. Ваделе делови од него за нивните претпоставувам приватни потреби. Тоа истрагата ќе го утврди, рече министерот на настан во Министерството по повод празникот на Србите „Свети Сава“.

Стоиљковиќ потенцира дека претходното раководство од касата на Министерството подигнало 37.000 евра кои, како што рече, никогаш не биле вратени и се без никакво образложение.

– Триесет и седум илјади евра државни пари од касата на Министерството се подигнати и никогаш не се вратени, без никакво образложение. Поднесено е до Финансиската полиција соодветна пријава. Очекуваме оттаму тоа што е работа на државните органи да си ја сработат. Очекуваме ад-хок ревизијата која ја спроведе Министерство за финансии да ви ги даде резултатите. Таму има најави за сериозни нарушувања на некакви правила и процедури во однос на трошењето на државните пари. За тоа се подготвуваме да дадеме информација на затворена седница на Владата и согласно одлуките и заклучоците кои ќе произлезат од затворената седница ќе ги доставиме тие наоди на ад-хок Државната ревизија до надлежните институции. Досега за она што е констатирано, за сето она за што имам дадено изјава во македонската јавност, е проследено до државни органи – рече Стоилковиќ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк