Connect with us

Бизнис

КАТАСТРОФАЛНАТА СОСТОЈБА Е САМО ДЕЛ ОД ПРЕДИЗВИКОТ- Божиновска на терен во РЕК Осломеј

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети термоелектраната Осломеј кај Кичево, еден од клучните енергетски капацитети во земјата. Посетата е дел од заложбите на министерката редовно да ги посетува енергетските објекти со цел директно да се увери во состојбите на терен и да ја забрза транзицијата која ќе донесе енергетска стабилност и независност.

Состојбата што ја затекнавме е лоша и тоа нема да го криеме. Но, она што можам да кажам е дека се вложуваат максимални напори, а понекогаш и невозможното, за да ги стабилизираме капацитетите. Со ангажман на нашите стручни лица и новиот менаџмент, веќе гледаме позитивни резултати.“ изјави министерката Божиновска.

Министерката ја дочекаа претставници на раководниот тим на ЕСМ и директорите на РЕК Осломеј, кои детално ја информираа за моменталните состојби, како и за затекнатите состојби во комбинатот по смената на раководствата. Божиновска направи обиколка низ електраната, вклучувајќи ја машинската зграда, турбината, и локацијата на котелот и блок-командата.

Машини кои се борат со товарот на времето, јаглен кој е далеку од квалитетот што би го поддржал производството, и техничка опрема која итно бара замена. Ова е само дел од катастрофалната состојба во која е оставен РЕК Осломеј. Но, покрај предизвиците, тука има и нешто друго – посветени луѓе кои одбиваат да се предадат, и планови за трансформација кои ветуваат нова ера.“ истакна Божиновска.

Директорот на РЕК Осломеј, Сашо Вренцоски, информираше дека, иако соочени со исцрпени резерви на јаглен, затекната катастрофална состојба, неизвршен ремонт на термоелектраната, половина од деловите потребни за вклучување во производство нефункционални, сепак РЕК Осломеј успеа речиси половина месец да помогне во обезбедување енергија за електроенергетскиот систем за постабилна грејна сезона за сите граѓани во Македонија.

Благодарение на заедничките напори на новиот менаџмент и вработените, успеавме според можностите и краткиот период за подготовки да го оспособиме капацитетот, да го вклучиме во електроенергетскиот систем со цел да го зголеми домашното производство на електрична енергија. Доколку имаме дотур на јаглен, се надеваме дека термоелектраната ќе биде во можност да одговори на предизвиците и да помогне во текот на претстојните зимски месеци.“ истакна Вренцоски.

Божиновска изрази желба да разговара дирекно со вработените и од нив да чуе со што се соочуваат. Вработен, со 40 годишно работно искуство токму во оваа централа, со ист елан како и на почетокот на својата кариера, ја информираше министерката дека морале да го користат сето свое искуство и знаење за да го извлечат најдоброто од лошиот јаглен кој им бил донесен претходно, и кој сè уште го користат бидејќи мораат да ги дотрошат залихите како би и заштедиле на државата. Вели заедно со колегите успеале барем да ги ублажат последиците врз дотраените машини, и спречиле нивно неповратно оштетување, но апелираше до министерката да се заложи за строги контроли каков јаглен се набавува.

Божиновска му се заблагодари за 40 годишната посветена работа и ги увери вработените дека времето на расипништво, договори во 4 очи и негрижа за капацитетите витални за граѓаните на целата земја, е завршено и тоа не само што нема повеќе да се дозволи туку и најостро ќе се санкционира.

Министерката ја посети и лабораторијата каде беше информирана дека во таа установа ги имаат најточните резултати за составот на јагленот кој го испитуваат, и ѝ порачаа на министерката да не се сомнева во нивните резултати. „Ние си го знаеме и комбинатот и јагленот и нашите стари машини, а со новата апаратура која неодамна ја добивме сега сме уште попрецизни, а ако добиеме помодерна пак, ќе нема попрецизни од нас“ се пофалија вработените во лабораторијата.

Министерката изрази желба, наместо работен состанок со раководството во канцелариите, да им се придружат на вработените во мензата каде освен што минаа повеќе време со вработените, се дискутираше за предизвиците за тековната грејна сезона и долгорочните планови за трансформација на капацитетите. Министерката Божиновска ја истакна важноста на амбициозните инвестиции во чиста енергија

Директорот за развој и инвестиции Владимир Пејоски ги претстави плановите за 2025 година, истакнувајќи дека трансформацијата е во тек. „Градиме нови капацитети за обновлива енергија. Пред неколку дена објавивме оглас за изведувач на изградба на две фотоволтаични централи ФЕЦ Осломеј 2 и ФЕ Битола 1 со вкупна инсталирана моќност од 30 MW. Работиме и на физибилити студии за проекти кои ќе донесат уште поголема енергетска независност.“ рече Пејоски.

Наша обврска е да се соочиме со реалноста, но и да покажеме дека со работа и визија, можеме да ја смениме таа реалност. Ќе продолжам редовно да ги посетувам енергетските објекти низ Македонија за да добијам директен увид во состојбите и да осигурам дека секој вложен напор носи конкретни резултати. Само со домаќинско работење, професионалност и посветеност ќе ја обезбедиме енергетската стабилност и независност што нашите граѓани ја заслужуваат.“ истакна Божиновска на крајот на посетата.

Бизнис

Се бараат работници со средно образование – плата 75.000 денари

Published

on

Бурекџилница КИСМИ има потреба од продавачи во пекари во населби Аеродром и Маџари.

Продавачка
во пекара во Аеродром/Маџари

Потребни квалификации:

ССС
Со или без работно искуство

Што нудиме:

Плата 33.000 денари

Рок за пријавување: 17.01.2025

Сите заинтересирани за подетални информации може да добијат на следниот телефонски број:

070 810 779 – Лице за контакт Горан

Бурекџилница КИСМИ има потреба од продавачи во пекара во населна Тафталиџе:

Продавачка

во пекара во Тафталиџе

Потребни квалификации:

ССС
Со или без работно искуство

Што нудиме:

Плата 33.000 денари

Рок за пријавување: 17.01.2025

Сите заинтересирани за подетални информации може да добијат на следниот телефонски број:

070 810 779 – Лице за контакт Горан

Бурекџилница КИСМИ има потреба од мајстори-пекари во новоотворената пекара во населна Тафталиџе

Пекар/ка

во Тафталиџе

Потребни квалификации:

ССС
Со или без работно искуство

Што нудиме:

Плата 75.000 денари

Рок за пријавување: 17.01.2025

Сите заинтересирани за подетални информации може да добијат на следниот телефонски број:

070 810 779 – Лице за контакт Горан

Извор: Гламур.мк

Continue Reading

Бизнис

Ден на важни инвестиции во Штип: Премиерот ќе присуствува на три настани

Published

on

Клонот при детската градинка „Вера Циривири Трена“ е од буџетот на Општина Штип во вредност од 2.500.000 денари. Се изврши адаптирање на неискористен простор во подрачното училиште ОУ „Гоце Делчев“ со што се овозможува воспитно згрижувачка дејност и простор за 40 дечиња од Три Чешми.

Утре 08.01.2025 година (среда) во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на клон од детска градинка „Вера Циривири Трена“ и спортска балон сала во рамки на подрачното училиште ОУ „Гоце Делчев” во населено место Три Чешми во Општина Штип, каде што ќе даде изјава за медиуми.

Клонот при детската градинка „Вера Циривири Трена“ е од буџетот на Општина Штип во вредност од 2.500.000 денари. Се изврши адаптирање на неискористен простор во подрачното училиште ОУ „Гоце Делчев“ со што се овозможува воспитно згрижувачка дејност и простор за 40 дечиња од Три Чешми.

Спортската сала во рамки на подрачното училиште ОУ „Гоце Делчев“ е финансирана пред една година од остатокот од блок дотациите на Министерството за образование и наука во буџетот на Општина Штип. Вредноста на проектот е повеќе од 10.000.000 денари.

Потоа, во 12:00 часот ќе присуствува на поставување на камен темелник на главен резервоар за вода во населено место Пребег.

Со градењето на главен резервоар Пребег во населбата Пребег со капацитет од 1.500 кубни метри ќе се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето на овој дел од град Штип поради висинската кота која е на иста висина и со филтер станицата на ЈП Исар.

Проектот е во вредност од 41.000.000 денари, средства обезбедени од наменска сметка од самопридонес на граѓаните на Општина Штип.

Continue Reading

Бизнис

Мицкоски: Македонија ќе биде меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа

Published

on

Македонија ќе биде 5-та земја во Европа според економскиот раст годинава – ова се очекувањата на премиерот Мицкоски за 2025-та. Тој оптимизмот го темели на најавените странски инвестиции, растот на извозот и потрошувачката, домашните вложувања. Последните податоци упатувале на тоа дека странските инвестиции го достигнале посакуваното ниво од една милијарда евра, а тој очекува овој износ да се надмине годинава.

„Најголемиот дел од тие инвестиции се во напредната технологија и чувствувам дека мораме да привлекуваме инвестиции коишто можеби не се толку поврзани со автомобилската индустрија така што една од овие инвестиции е напредна технологија, повеќе од 350 милиони евра е инвестицијата“ – вели Мицкоски.

Во моментов Владата преговара со 15 странски инвеститори кои се заинтересирани да го прошират својот бизнис во Македонија. Освен изградбата на ветерниот парк во општините Радовиш, Штип и Карбинци, има и компанија која сака да гради гасна централа. Мицкоски вели дека овие инвестиции треба да придонесат за намалување на загадувањето, но поради изградбата на топловодната мрежа, за тоа ќе се почека неколку години.

„Во периодот од ноември до март да го смениме системот на затоплување на домовите, односно помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива., меѓу кои и централното греење. За тоа да се случи потребнмо е да се изградат гасни централи. Ние работиме. Еден од инвеститорите, од овие 15, е таков што е заинтересиран да изгради такви гасни централи, но за тоа ќе треба време, најмалку две до три години за да сето тоа профункционира. За да се изградат топловоди може и повеќе, 5 до 6 години“ – вели Мицкоски.

Владата само во втората половина од минатата година донесе 8 странски инвеститори во земјава, кои треба да вработат 2.800 луѓе. Освен изградбата на ветерници на „Алказар енерџи“, инвестицијата на „Епсотех“ е за изградба на истражувачки центар во вредност од 20 милиони евра и нови 110 вработувања. Американскиот Вабтек кој веќе е присутен во земјава ќе произведува сопирачки за шински возила. Германската компанија „BMZ Group“ ќе произведува батерии во капацитет кој чини 65 милиони евра. Се потпишаа и два договори за инвестициите на „Брејнчајд“. Германската „Костал“ отвора нов погон од 50 милиони евра и нови 250 вработувања. „АД БАУ Интернационал“ ќе вложи 7 милиони евра. Во зоната во Кичево пак фирмата „Avesta“ ќе вложи 40 милиони евра и ќе вработи 600 луѓе.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк