Connect with us

Македонија

ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ

Published

on

Интегрално соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС и ДУИ  ја заробија правосудната власт и ја претворија во алатка за политички клиентелизам, што резултира со институционална инерција.

СДС и ДУИ предизвикаа ерозија на довербата во јавните институции и судскиот систем.

СДС и ДУИ го повредија владеењето на правото и ја поткопаа јавната верба во способноста на државата да обезбеди правда без да има присуство на пристрасност, особено кога политичките елити на СДС и ДУИ се вклучени.

Врхушката на СДС и ДУИ се исплашени за милионите кои што ги спечалија на грбот на обичниот народ и поради тоа што се плашат дека доаѓа време за правда тие посегнаа по примитивни методи, со што ја уназадуваат државата.

Обвинителите и судиите избрани во Струмица и Зајас не смогнаа сили да се издигнат над ситуацијата и да делуваат професионално.

Само обвинителите на кој Коцевски им е одговорен и Коцевски не постапуваат по наводите за криминал во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино, МЕПСО, Онкологија, ЈПДП, Државна лотарија и многу други.

Обвинителите и судиите на Заев и Ахмети за стотици предмети кога треба да се одлучува и да стави потпис на налог за увид, претрес или лишување од слобода, тие се трудат со сите средства да ги опструираат процесите.

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски не презема мерки за значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција.

Неактивноста на Јавниот обвинител доведува до незадоволство кај  граѓаните од правосудниот систем, со тоа што се обидуваат да ги заштитат своите разбојници од правни последици, а на тој начин ја прошируваат корупцијата како да е нормална појава и комплетно го блокираат правосудството. Поради таквите постапки довербата на граѓаните во судскиот систем е 2 проценти.

СДС и ДУИ ги окупираа институциите со нивните функционери за да ги заштитат нивните интереси и да ја задржат власта.

На тој начин СДС и ДУИ ја лишија јавноста од правичност и отчетност.

ЈО да се разбуди и почне да работи, граѓаните очекуваат правда и владеење на правото.

Македонија

Хорор на булеварот „Илинденска“: „Форд“ удри пешак, 60-годишниот маж тешко повреден!

Published

on

На 30.11.2024 година во 13.15 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на булеварот „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „Форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.З. (22) од село Озурмиште, општина Желино удрило во пешакот Б.З. (60) од село Ораше, општина Јегуновце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Б.З., а констатирани во Клиничката болница во Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Continue Reading

Македонија

Тешка сообраќајка кај Јегуновце: Судир на „Пежо“ и „Југо“ ги испрати двајцата возачи во болница со тешки повреди!

Published

on

На 30.11.2024 година во 16.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат село Пршовце – село Јегуновце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М. (34) и патничко возило „Југо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р. (65), двајцата од с. Раотинце, општина Јегуновце. Во несреќата и двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово. За настанот известен е јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Битола блеска со празнична магија – започна новогодишното украсување на градот

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес официјално го најави почетокот на новогодишното украсување на градот, со кое оваа година ќе бидат опфатени повеќе локации, создавајќи волшебна празнична атмосфера. Украсувањето ќе ги облагороди Офицерскиот дом, Широк Сокак, Плоштадот Магнолија, Старата битолска чаршија, и многу други локации, со што Битола ќе се претвори во град на светлината и радоста.

„Секој агол на Битола ќе ја почувствува новогодишната магија, а новите украсни елементи ќе внесат дополнителен сјај и топлина,“ изјави Коњановски.

Освен традиционалните украси, локалната самоуправа воведува и новитети за збогатување на празничниот дух. Од 20 декември до 6 јануари, Битола повторно ќе биде домаќин на манифестацијата „Зимска приказна“, која четврта година по ред го оживува културниот туризам и ги радува сите генерации.

Програмата ќе вклучува концерти, детски претстави, традиционални куќички со локални деликатеси и сувенири, како и рачно изработени производи на празничниот базар кај Офицерскиот дом. Истовремено, Старата чаршија ќе се заживее со улични уметници, културни настани, промоции на занаетчиството и гастрономијата.

„Со оваа програма, не само што го збогатуваме празничното расположение, туку ја афирмираме Битола како центар на културен и туристички живот,“ додаде Коњановски.

Новогодишното украсување ќе биде завршено до 10 декември, а Битола ќе блесне во полн сјај, подготвена да ги пречека празниците со топлина, радост и магија за сите свои граѓани и посетители.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк