Connect with us

Македонија

Снежни услови на патиштата, внимавајте на правците Тетово-Шапка и на Стража, Ѓавато и Маврово

Published

on

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови. Слаб снег провејува низ Западна Македонија, а во остантите делови од државата врнежите се од дожд. 

Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека задолжително користење на зимска опрема (ланци) е потребна на патниот правец Тетово-Попова Шапка, а забрана за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово. 

Од 07:50 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Пресека.

Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во текот на денешниот ден. Во западните и јужните делови ќе бидат пообилни каде ќе наврнат над 30 l/m2. На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје, слично време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови (61 сантиметар), а снег има и во Крушево, Попова Шапка, Дебар, Претор, Берово и Битола. Најмногу дожд во последните 24 часа има наврнато во Демир Капија (127 литри на метар квадратен). 

Македонија

Хорор на булеварот „Илинденска“: „Форд“ удри пешак, 60-годишниот маж тешко повреден!

Published

on

На 30.11.2024 година во 13.15 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на булеварот „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „Форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.З. (22) од село Озурмиште, општина Желино удрило во пешакот Б.З. (60) од село Ораше, општина Јегуновце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Б.З., а констатирани во Клиничката болница во Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Continue Reading

Македонија

Тешка сообраќајка кај Јегуновце: Судир на „Пежо“ и „Југо“ ги испрати двајцата возачи во болница со тешки повреди!

Published

on

На 30.11.2024 година во 16.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат село Пршовце – село Јегуновце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М. (34) и патничко возило „Југо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р. (65), двајцата од с. Раотинце, општина Јегуновце. Во несреќата и двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово. За настанот известен е јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Битола блеска со празнична магија – започна новогодишното украсување на градот

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес официјално го најави почетокот на новогодишното украсување на градот, со кое оваа година ќе бидат опфатени повеќе локации, создавајќи волшебна празнична атмосфера. Украсувањето ќе ги облагороди Офицерскиот дом, Широк Сокак, Плоштадот Магнолија, Старата битолска чаршија, и многу други локации, со што Битола ќе се претвори во град на светлината и радоста.

„Секој агол на Битола ќе ја почувствува новогодишната магија, а новите украсни елементи ќе внесат дополнителен сјај и топлина,“ изјави Коњановски.

Освен традиционалните украси, локалната самоуправа воведува и новитети за збогатување на празничниот дух. Од 20 декември до 6 јануари, Битола повторно ќе биде домаќин на манифестацијата „Зимска приказна“, која четврта година по ред го оживува културниот туризам и ги радува сите генерации.

Програмата ќе вклучува концерти, детски претстави, традиционални куќички со локални деликатеси и сувенири, како и рачно изработени производи на празничниот базар кај Офицерскиот дом. Истовремено, Старата чаршија ќе се заживее со улични уметници, културни настани, промоции на занаетчиството и гастрономијата.

„Со оваа програма, не само што го збогатуваме празничното расположение, туку ја афирмираме Битола како центар на културен и туристички живот,“ додаде Коњановски.

Новогодишното украсување ќе биде завршено до 10 декември, а Битола ќе блесне во полн сјај, подготвена да ги пречека празниците со топлина, радост и магија за сите свои граѓани и посетители.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк