Connect with us

Македонија

Оглас за вработувања во МВР

Published

on

Министерството за внатрешни работи објави јавен оглас за прием на приправници со или без работно искуство. Работните позиции се отворени за подрачјето на цела државата.

Во продолжение може да ги прочитате условите кои се наведени во јавниот оглас.

I. За прием на 101 извршител за работа во Министерството за внатрешни работи на неопределено време, од кои:
– 48 извршители (приправници – со или без работно искуство) со високо образование VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 180 кредити според ЕКТС во областа и
– 53 извршители (приправници – со или без работно искуство) со завршено четиригодишно средно образование или завршено четиригодишно средно образование во областа, и тоа за:

1. Подрачје на Град Скопје (со седиште во Скопје)
1.1 – 19 извршители со завршено високо образование – Правен факултет, Економски или безбедност;
1.2 – 9 извршители со завршено високо образование – Електро-технички факултет, Природно-математички факултет или факултет од областа на информатичката технологија;
1.3 – 7 извршители со завршено високо образование – биологија, биохемија или хемија;
1.4 – 4 извршители со завршено средно образование – електро-техничко образование и друго средно од областа на информатика, телекомуникации или електроника;
1.5 – 24 извршители со завршено средно образование и
1.6 – 3 извршители со завршено средно образование и возачка дозвола Б, Ц, Д и Е категорија.

2. Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Битола
2.1 – 1 извршител со завршено високо образование – Правен факултет (со седиште во Битола);
2.2 – 4 извршители со завршено средно образование (со седиште во Битола) и
2.3 – 2 извршители со завршено средно образование (со седиште во Прилеп).

3. Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Велес
3.1 – 2 извршители со завршено високо образование – Правен факултет (со седиште во Велес);
3.2 – 1 извршител со завршено високо образование – Правен факултет, Економски или безбедност (со седиште во Кавадарци);
3.3 – 1 извршител со завршено високо образование – Правен факултет, Економски или безбедност (со седиште во Неготино) и
3.4 – 3 извршители со завршено средно образование (со седиште во Велес).

4. Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Охрид
4.1- 2 извршители со завршено високо образование – Правен факултет, Економски или безбедност (со седиште во Охрид);
4.2 – 2 извршители со завршено средно образование (со седиште во Охрид) и
4.3 – 1 извршител со завршено средно образование (со седиште во Струга).

5. Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Струмица
5.1 – 4 извршители со завршено високо образование – Правен, Економски или безбедност (со седиште во Струмица);
5.2 – 3 извршители со завршено средно образование (со седиште во Струмица) и
5.3 – 1 извршител со завршено средно образование (со седиште во Гевгелија).

6. Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Тетово
6.1 – 3 извршители со завршено средно образование (со седиште во Тетово)

7. Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Штип
7.1- 2 извршители со завршено високо образование – Правен факултет (со седиште во Штип) и
7.2 – 3 извршители со завршено средно образование (со седиште во Штип).

II. Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните општи услови:
– да се државјани на Република Северна Македонија,
– да се полнолетни,
– активно да го користат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
– да се здравствено и психофизички способни,
– да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование,
– со безбедносна проверка да е утврдено дека за истите не постои безбедносен ризик од вработување,
– со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
– да не се членови на политичка партија или членови на органи и тела на политичка партија и
– да имаат положено тест за интегритет.

Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните посебни услови:
– основно познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност) и
– познавање на работа со компјутери.

III. Право на поднесување на пријава имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат општите и посебните услови. Заинтересираните кандидати заедно со пријавата потребно е да ги достават доказите за исполнување на пропишаните услови во оригинал или копија заверена на нотар, и тоа:
– диплома или уверение за завршен степен на образование;
– извод од матичната книга на родените;
– доказ дека со правосилна пресуда не им е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
– сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки (доколку ги поседува) и
– кратка биографија (CV).

IV. Кандидатите се должни уредно да ја пополнат и потпишат пријавата. Во пријавата, кандидатите задолжително го наведуваат подрачјето и редниот број за кој се пријавуваат.

Кон пријавата кандидатите може да достават мотивациско писмо во кое ќе ги наведат причините за аплицирање, очекувањата од работата и целите во кариерата, како и да приложат и други документи од нивен интерес.

Пријавата со потребната документација, кандидатите може да ја поднесат лично во едно од определените места за пријавување секој работен ден во текот на работното време (08:00 – 16:00 часот), и тоа:
– За Сектор за внатрешни работи Скопје во:
Полициска станица од општа надлежност – Гази Баба,
Полициска станица од општа надлежност – Бит Пазар и
Полициска станица од општа надлежност – Карпош.
– Сектор за внатрешни работи Битола;
– Сектор за внатрешни работи Велес;
– Сектор за внатрешни работи Куманово;
– Сектор за внатрешни работи Тетово;
– Сектор за внатрешни работи Охрид;
– Сектор за внатрешни работи Струмица и
– Сектор за внатрешни работи Штип.

Заинтересирани кандидати потребната документација заедно со пријавата може да ја поднесат и по пошта на адреса: ул.„Димче Мирчев“ бр.9, 1000 Скопје со назнака “за оглас за прием на 101 извршител“.

V. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за селекција формирана од страна на министерот согласно одредбите од Законот за внатрешни работи и Правилникот за начинот на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи и истата се спроведува во следните фази:
– административна селекција;
– писмено тестирање (стручен тест);
– психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест);
– интервју;
– безбедносна проверка и
– здравствен преглед.

За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

Документот за докажување на државјанство на кандидатот го обезбедува Министерството за внатрешни работи по службена должност.

VI. По спроведената селекција, избраните кандидати склучуваат договор за вработување во Министерството за внатрешни работи на неопределено време, како приправник за одредено работно место. Лицето се оспособува за самостојно и стручно вршење на работите со спроведување на обука во траење од девет месеци.

VII. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

VIII. Кандидатите се охрабруваат да ја посетат web страната на Министерството за внатрешни работи www.mvr.gov.mk, каде и ќе биде објавен јавниот оглас и од каде можат да ја преземат пријавата за вработување или истата може да ја подигнат на едно од определените места за достава на документација.

IX. Ненавремената, непотполната и несоодветната документација нема да се разгледува.

Македонија

ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ КОЦЕВСКИ НЕ УСПЕА ДА ГО СПАСИ СЈО: Обвинителот Јове Цветановски посочи да има истрага!

Published

on

Има одлука за бонусите во СЈО. Предметот е вратен во Обвинителството за организиран криминал. Решението на Обвинителството за организиран криминал е укинато и дадени се напаствија за продолжување на истрагата за тоа што треба да преземе ОЈО. Целата работа се враќа за утврдување на кривична одговорноса, ја објаснува Цветановски одлуката за “Република“.

Вчера пак државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е поднесен предлог за дисциплинска постапка против вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи и јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски.

Цветановски претходно за Република објасни дека согледувајќи како се одвиваат работите, „држи“ муабетот од вишиот јавен обвинител Хајрулахи дека целта на сето овасо неговата суспензија е да се направи притисок за случајот за бонусите на СЈО, предмет кој се наоѓа кај него.

Притисокот кој подолго време го прави Коцевски е со цел да се потврди првостепената одлука на ВМРО-ДПМНЕ и партијата како поднесител на кривичната пријава да не се даде својство на оштетен. Според тврдењата на Хајрулахи Коцевски го повикал да се качи кај него.

Одам кај него, не дочека јас да го прашам ни како сте, ми се обраќа со зборовите „Стигна ли предметот кај вас“. Му викам “Кој предмет?“ Вика: “предметот за бонусите на СЈО“. Да, викам стигна. Кај кого е? Викам кај Цветановски. Вика ќе треба да се потврди првостепената одлука и на политичка партија, на ВМРО-ДПМНЕ, како поднесител на кривичната пријава, да не се даде својство на оштетен. Му викам: обвинителе нека го проучи предметот па ќе видиме. Ги тргна наочарите, ги фрли на маса и рече: јас завршив! Тој мислеше дека има работа со обвинител кој ќе му каже секако, прифатено. Јас се симнав во мојот кабинет, го викнав обвинителот кај кого е предметот му кажав дека ќе составам службена белешка и му објаснив што е како е и кои се притисоците. Службената белешка ја доставив во Совет за јавни обвинители и тие бараа од Коцевски да се произнесе. Дали е нормално републички јавен обвинител да наметнува исход на одлука на обвинител кој не го проучил се уште предметот. Законот е дециден – јавниот обвинител во своето постапување е самостоен. Јас на мојот обвинител не можам да му наложам каква одлука да донесе – тврди Хајрулахи.

Continue Reading

Македонија

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата поднесена од ДУИ, одлучи Извршниот одбор

Published

on

Денеска се одржа првата седница на новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ посветена на повеќе политички, безбедносни и економски актуелни теми.

1.СДСМ остро се спротивставува на секој предлог за зголемување на старосната граница за заминување во пензија на 67 години. Таквиот чекор претставува директен удар врз работниците, нивното достоинството и труд.

Станува збор за продолжување на погрешните политики за систематско потценување и експлоатација на трудот на граѓаните и работниците од страна на Владата предводена од ДПМНЕ.

Наместо да обезбедат покачување на платите и подобри услови за работниците, власта сака на мала врата да протне мерки кои ќе ги примораат работниците да работат подолго само за да се финансираат трошоците од нивните популистички потези.

Ваква мерка ќе придонесе за дополнителна дестимулација за вработување на младите, кои поради неповолните услови за пензионирање, уште повеќе ќе си го бараат чарето надвор од државата.

Политиките на СДСМ во изминатите години го стабилизираa Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и значително ја намали финансиската дупка, дефицитот од 43% се намали на 33%. Сега ДПМНЕ спроведува погрешни политики со кои ja загрозува одржливоста на Фондот, го зголемува дефицитот.

Нашиот приоритет е заштита на интересите на работниците и обезбедување услови за достоинствен живот. Наместо продолжување на работниот век, потребни се итни мерки за подобрување на животниот стандард и создавање перспективи за сите граѓани со праведна и одржлива пензиска политика.

2. За СДСМ загрижувачки се тенденциите за влошување на безбедноста и сигурноста на граѓаните и растечките тензии во општеството со загрозување на меѓуетничките односи.

Оценка на Извршниот одбор е дека неприфаќањето на лидерската средба од страна на власта испраќа лош сигнал и ја потврдува тезата дека очигледно партии на власт и ДУИ немаат интерес од стабилизација, што е многу опасно за државата.

3. Во однос на поднесените интерпелации од политичката партија ДУИ, Извршниот одбор заклучи дека нема да ги поддржи и гласа за овие интерпелации. Тие не претставуваат решение за кризата во овој момент и може да значат нови поделби по етничка основа.

Потребен беше поинаков пристап, да се седне на лидерска средба и да се упатат заеднички пораки за смирување на тензиите затоа што тој пристап е базиран на политичка зрелост, но власта тоа го одби.

4.Во однос на внатрепартиските активности СДСМ веќе направи оперативен план и новото раководство на СДСМ од утре започнува со интензивни теренски активности, во сите општински организации. СДСМ ќе го менува пристапот и го враќа гласот на членството при креирањето на политики. До крајот на годината ќе го заокружиме и изборот на претседатели на општинските организации со што целосно ќе заврши процесот на обединување, се наведува во партиското соопштение.

Continue Reading

Македонија

Филипче: Во моментов немам кола, ја продадов

Published

on

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вечерва порача дека во моментов нема автомобил.

Како што вели, тој го продал своето возило.

„Возев само некои автомобили за време на кампањата, и се уште немам автомобил поради тоа што мојот личен го продадов пред некое време. Сега не, апсолутно нема. Сега имам службено возило од партијата со која располага“, вели Филипче во интервју за 360 степени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк