Connect with us

Македонија

ВЛЕН: ДУИ треба да си поднесе интерпелација самата на себе

Published

on

Коалицијата ВЛЕН ја отфрла интерпелацијата на Блерим Беџети, Муса Џафери, Садула Дураку, Артан Груби и пратениците на ДУИ и Европскиот фронт како неодговорен однос кон граѓаните и нивната иднина.

„Ова е класичен предвидлив чекор на ДУИ кој следува после оркестрираното и организирано нарушување на мирното славање на 28 ноември од страна групи блиски до ДУИ и Артан Груби. Креираа проблеми и сега вината ја префрлуваат на друг. ДУИ ги организираше проблемите и инцидентите.

Креираат проблем, ги изложуваат граѓаните на ризик, ги оставаат на немилост, бегаат од нив и на крај се обидуваат да користат политички поени.

Блерим Беџети, мирниот и послушен министер на Груевски кој беше Министер за правда кога се случи случајот Монструм и ништо не превземе да се расчисти, туку ги остави луѓето да страдаат. Министерот кој доделуваше тендери на своите кабинетски вработени и заедно со Сашо Мијалков беше главен кадровик во правосудството, беше фатен со оружје и наркотични средства во дискотека, бизнис партнерот на Данела Арсовска, најмалку има право да поднесува интерпелација против вицепремиерот Изет Меџити и против заменик министерот Астрит Исени.

Интерпелацијата треба да ја поднесе во ДУИ против лицата блиски до Артан Груби кои ги организираа инцидентите и ја нарушија свечената и убава прослава на денот на албанското знаме. Не можете да се нарекувате Европски фронт, а да се обидувате да ја дестабилизирате државата и со тоа да ја одалечувате од европската перспектива, само затоа што се плашите од последиците на својот криминал. Оваа интерпелација е политички маневар без основа. ВЛЕН ќе продолжи со реформите и градењето на институционална стабилност, за разлика од оние кои го злоупотребуваат својот мандат за лични интереси. Граѓаните заслужуваат одговорна политика, а не враќање кон минатиот хаос. Попатно, ништо нема да ги спаси овие луѓе од последиците на својот криминал и штетата што им ја направија на Албанците во Северна Македонија“, велат од ВЛЕН.

Македонија

Дефект на владиниот авион, парламентарната делегација не можеше да патува назад

Published

on

Собраниската делегација, предводена од претседателот Африм Гаши и пратеници од Собранието, кои престојуваа во официјална посета на шведскиот парламент, синоќа не можеше да се врати назад во Скопје поради фактот дека владниот авион Learjet 60 не бил безбеден за враќање. Информацијата ја пренесе порталот Zoom.mk. 

Ова не е прв случај кога владниот авион, кој веќе е стар над 20 години, не е во состојба да лета поради безбедносни причини. Во неколку наврати, експертите укажуваат на фактот дека авионот е престар и дека не одговара на новите трендови и стандарди во авијацијата. Но, и покрај ваквите предупредувања, властите досега не презедоа иницијатива за набавка на нов владин авион.

Continue Reading

Македонија

Рударството бара млади умови: Знаењето во акција – Министерството отвора врати за идните експерти

Published

on

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се отвораат нови можности за едукација и развој на кадарот во секторот за рударство, енергетика и минерални суровини.

Потписници на меморандумот се министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Проф. д-р Дејан Мираковски.

Со оглед на тоа што секторот за рударство и минерални суровини во Македонија се соочува со сериозен недостиг на стручен кадар, оваа соработка е значајна за брза подготовка на едуцирани млади професионалци. Практикантската работа, стручната експертиза и можноста за директен пренос на знаење ќе обезбедат студентите да станат подготвени и високо квалификувани кадри.

„Соработката со еден од најреномираните универзитети во земјата е чекор кон обезбедување сигурна иднина во енергетиката и рударството. Со овој меморандум, вложуваме во едукација, иновации и нова генерација стручњаци,“ изјави министерката Божиновска по потпишувањето.

Ректорот, проф. д-р Мираковски, додаде дека Универзитетот ќе вложи максимални напори во создавање кадар кој ќе одговори на предизвиците на оваа значајна индустрија, со посебен акцент на примената на нови технологии.

Особено значајна е можноста за студентите да се вклучат во креирањето на јавни политики преку изработка на магистерски и докторски тези на теми релевантни за развојот на енергетиката и рударството.

„Нашите студенти имаат шанса да стекнат уникатно искуство и да придонесат за подобра иднина во индустријата која е мотор на економскиот развој,“ истакна проф. д-р Мираковски.

Меморандумот предвидува заедничко унапредување на законската регулатива во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини, апликација за проекти кои ќе овозможат развој на нови технологии, како и организирање на практикантска работа за студентите.

Со овој меморандум, државата испраќа порака дека инвестирањето во образованието е основата за стабилен и одржлив развој на секторите кои се од витално значење за Македонија.

Continue Reading

Македонија

Кочани ќе плаќа дел од потрошената струја за социјално загрозените семејства во Старата касарна

Published

on

Семејствата во социјален ризик кои живеат во објектот на Старата касарна во Кочани ќе имаат по 100 киловатчасови електрична енергија месечно што ќе им бидат платени од општинскиот буџет. Потрошената количина над овој износ ќе мора сами да ја плаќаат или ќе бидат исклучени од електричната мрежа.

Одлуката за покривање на дел од трошоците за струја на 18 семејства едногласно ја донесе Советот на Општина Кочани на денешната седница, по предлог на советникот Аки Акиов. Притоа, беше заклучено одлуката да важи до трајно решавање на проблемот со домувањето на овие граѓани, кои главно се со ромска етничка припадност.

„Општината формираше комисија која направи попис на граѓаните кои живеат во Старата касарна, при што е утврдено дека се сместени околу 90 лица, од кои најголем број се малолетници. Со одлуката што ја донесе Советот, најдоцна до утре тие повторно ќе бидат приклучени на електричната мрежа. Одлуката за покривање на дел од трошоците за струја за нив од Буџетот на Општината ќе важи сѐ до вселувањето во таканаречените типски куќички, а што треба да почнат да се градат оваа пролет“, истакна советникот Акиов.

Семејствата во Старата касарна, што се наоѓа во централното подрачје на Кочани, живеат во супстандардни услови над две децении, а покрај електричната енергија, основен проблем им е снабдувањето со вода за пиење и недостигот од канализациски одвод.

Пред неколку години од државниот буџет беа обезбедени средства за изградба на објекти за нивно сместување на друга локација, но по реакција на месното население проектот беше запрен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк