Connect with us

Бизнис

ФИРМИТЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Над 10.000 слободни работни места има во Македонија

Published

on

Голем број слободни работни места има во земјава. Тоа го регистрираше и Државниот завод за статистика(ДЗС). 

Деловните субјекти, со број на вработени од 10 до 49, имаат највисока стапка на слободни работни места, односно 3,06  проценти.

Државниот завод за статистика објави дека во третиот квартал годинава во државава имало 10,010 слободни работни места, а најголем број односно 1,950 во услужните дејности и продажба. Во групата Државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори имало 33 слободни работни места, 28  во Воени занимања, 15 во Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот.

Во групата Стручњаци и научници се регистрирани 1,909 слободни работни места, а следни се Елементарни занимања, 1,781, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 1313, Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 1,114, Техничари и сродни занимања, 1,001.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,44 проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0,11  проценти.

Бизнис

4iG ќе аплицира за фреквенција – почнува планот за инвестиција од над 100 милиони евра

Published

on

Унгарскиот телекомуникациски оператор „4 ИГ“ наредната недела официјално ќе ја поднесе својата апликација за влез на македонскиот телекомуникациски пазар. Планот на унгарската компанија е амбициозен и уште во старт носи инвестиции во вредност од 100 милиони евра. Првиот човек во делот за мобилни и 5 Г стратегии на групацијата Пал Заранди вели дека идејата е да почнат инвестиција од нула, односно таканаречена „гринфилд“ инвестиција.

Ова е таканаречен план за влез на пазарот преку „greenfield“ пристап. Тоа значи дека суштински ќе влеземе самостојно. Се разбира, ќе треба да имаме многу локални партнери од европскиот простор за инфраструктурата, кулите и добавувачите на опрема од кои ќе ја купуваме опремата. Како и во Албанија и во Македонија, ограничени сме во изборот, бидејќи е многу важно да соработуваме со европски или некинески добавувачи. Во Албанија, на пример, работиме со шведскиот „Ericsson“. Во овој момент, можам да кажам дека инвестицијата ќе биде најмалку 100 милиони евра што ќе треба да ги вложиме во мрежата и во сè друго. Но, тоа е долгорочна инвестиција. Ова не е нешто за 2 години, 5 години или 10 години. Ова не е компанија што останува статична. Како што велиме, оваа индустрија е маратон. Затоа сме стратешки инвеститори. И откако ќе влеземе на пазарот и мрежата ќе биде подготвена, ќе треба да продолжиме да инвестираме секоја година, веројатно 15-20% од нашите приходи. Тоа е многу“ вели Пал Заранди, директор за мобилни и 5Г на „4IG”.

Очекувањата за Македонија се позитивни пред се поради поволното политичко опкружување но и добрата инфраструктурна понуда за развојот на овој бизнис:

Секогаш кога сакаме да влеземе на нов пазар во телекомуникацискиот бизнис, многу е важно регулаторната средина и владата да нè прифатат позитивно. Сметаме дека сме добредојдени во Македонија. Тоа беше првиот чекор. Потоа, вториот важен чекор беше да ја анализираме ситуацијата на пазарот. Забележавме дека има многу добра понуда на опсег на фреквенции што може да го олесни нашето управување. Опсегот на фреквенции е многу важен – тоа е како кислородот за телекомуникациите. Тој е суштински. Без него, не можете вистински да станете значаен играч на пазарот. Ако го имате, добивате многу можности да го правите она што сакате. Тоа беше знак дека овој пазар е навистина интересен“ рече Пал Заранди, директор за мобилни и 5Г на „4IG“.

Инвестицијата во Македонија според „4 ИГ“ треба да претставува заокружување на успешната приказна на компанијата која преку брендот „ОНЕ“ веќе е присутна во Црна Гора и Албанија како водечки оператор. За неполни две години ОНЕ во Албанија стана лидер на пазарот.

Во Црна Гора, ова донесе подобрување на мрежната инфраструктура, инвестиции во нов бренд и воведување на брендот ONE, како и аквизиција на 5G фреквенциски опсег во рок од две години. „One Albania“ настана со спојување на два телекомуникациски оператори – Алтелеком, кој беше фиксниот оператор и One Telecommunications, кој беше водечкиот мобилен оператор во тој период. Ова беше голем инвестициски чекор, бидејќи самиот процес на спојување бараше значителни инвестиции во мрежната инфраструктура. Независните евалуации покажаа дека мобилните мрежи во Албанија сега се на исто ниво на квалитет со најквалитетните мобилни мрежи во Европа“ – изјави Брано Ѓуровиќ, извршен директор на ONE Албанија.

Влезот на 4 ИГ на македонскиот пазар треба да донесе поголема конкуренција, но и поквалитетни и поевтини услуги за корисниците. Освен во делот на телекомуникациите, унгарскиот гигант важи за многу сериозен играч во информатичката но и во развојот на веселенската технологија. Сателитската програма на 4 iG групацијата е прва иницијатива во Централна и Источна Европа која развива телекомуникациски и сателитски капацитети за набљудување на земјата, финансирани со приватни инвестиции.

Continue Reading

Бизнис

НЕМА ВЕЌЕ КОЈ ШТО САКА ДА СИ ПРАВИ: Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“

Published

on

Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“

Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе се спроведува заклучно со 15 јануари 2025 година. Во овој период, Пазарниот инспекторат најави дека ќе биде со засилени контроли на терен и ќе постапува во согласност со своите надлежности.

Во пресрет на акцијата „Новогодишна кошничка“, најавена за 15. месецов, пазарните инспектори ги мониторираат сегашните цени на производите кои ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена. Со акцијата се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти. Во меѓувреме статистиката регистрираше зголемувањето на трошоците на животот во групата храна и безалкохолни пијалаци во ноември во однос на октомври годинава за 2,1 процент.

Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници, информираше вчера Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе се спроведува заклучно со 15 јануари 2025 година. Во овој период, Пазарниот инспекторат најави дека ќе биде со засилени контроли на терен и ќе постапува во согласност со своите надлежности. Граѓаните може да пријават неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страна на ДПИ www.dpi.gov.mk, на која е достапна и листата со производи.

Од Владата викендот соопштија дека новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени од најмалку 10 проценти се проширува и опфаќа над 700 прехранбени производи, понудени од над 100 компании и производители и дистрибутери.

– Владата носи мерки со кои граѓаните конечно го добиваат она кое го заслужуваат, пристојни услови за живот и вистинска грижа за нивните реални потреби. Согласно Законот за заштита на потрошувачите треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10 проценти намалување на производите, наведоа во соопштение од Владата.

Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Државниот завод за статистика вчера објави дека трошоците на животот во ноември годинава, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4,3 проценти, а цените на мало од 4 проценти.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември во однос на октомври
годинава, изнесува еден процент. Зголемувањето на инфлацијата во ноември во однос на октомври годинава, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 2,1 процент, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5 проценти, ресторани и хотели за 0,8 проценти, облека и обувки, здравје за 0,2 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 процент.

Цените на мало во ноември во однос на октомври годинава забележале раст од 0,3 проценти.

Во третиот квартал годинава БДП забележа раст од 3 проценти на годишна основа, како резултат на благото забрзување на приватната потрошувачка (1,9 проценти) и значајното интензивирање на јавната потрошувачка (13,3 проценти).

Растот на БДП од 3 проценти, според Владата, е показател дека успеала да ја консолидира економијата шест месеци по преземањето на власта.

– Успеавме да ја консолидираме економијата и индикаторите со коишто денеска можеме да излеземе пред македонската јавност во ова тримесечие се едни од најдобрите во Европа. Многу ретко до сега сме имале можност да се пофалиме со економски резултат што ќе биде еден од најдобрите во Европа, рече премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата.

Со државниот Буџет за 2025 година, изгласан завчера, растот на економијата е проектиран на 3,7 проценти, а инфлацијата на 2,2 проценти.

Continue Reading

Бизнис

Одлучна сум да работам без задршка и моето име утре да се поврзува со инвестиции, нови капацитети и создавање енергетски независна Македонија: Интервју со министерката Божиновска

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е жена која инспирира. Со години е успешна како менаџер, експерт за енергетика, а образованието, посветеноста и меѓународните искуства ѝ го трасирале патот во професионалната кариера. 

Секој ден откако стана министерка постојано е ангажирана, подвижна, работата ја демонстрира на дело, а голем предизвик ѝ се и младите за кои смета дека енергетиката им пружа многу можности и може да им го трасира патот кон успехот. Се разбира, за тоа треба работа, учење и вештини, а таа е секогаш тука да помогне… Божиновска е и поборник за женските права и вели дека живееме во време каде лесно се осудува, лесно се лепат етикети, а вистинските вредности тешко доаѓаат на површина. Исто е и за поставување на жени на раководни позиции…

ЖМ: Како експерт во областа на енергетиката, дали е тешко да се биде жена која работи и во енергетскиот сектор? Колку се потребни жртвувања, откажувања …?

Работата во енергетскиот сектор сама по себе е предизвик, независно дали сте жена или маж. Зошто предизвик? Треба да имате добро познавање на пазарот, да следите многу информации, да правите анализи и да давате мислење коешто се цени во овој домен на бизнис. Оваа работа не е едноставна, но затоа ја сакам, бидејќи оној кој навлегува длабоко во суштината на енергетиката има резултати, не дозволува површност. Исто како задачата што ја имам сега, да поставам министерство, да го водам и да дадам конкретни резултати. Како прв министер за енергетика, рударство и минерални суровини во Македонија сакам и знам дека ќе успеам моето име утре да се поврзува со реализирани инвестиции, градба на капацитети и создавање на енергетски независна Македонија, што ќе донесе бенефит за граѓаните и економски развој на земјата. 

Целото интервју може да гo прочитате на ЖЕНСКИ МАГАЗИН

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк