Connect with us

Бизнис

БОЖИНОВСКА: Македонија до 2030 со 15.000 зелени работни места, помали сметки за струја – зелени можности за соработка и со Германија

Published

on

15 000 зелени работни места, 30 oтсто пониски сметки за струја и инвестиции од над 1 милијарда евра, очекува Македонија до 2030 година – нови можности за соработка и со германски компании. Министерката Божиновска се обрати на конференцијата за инфраструктура на обновливи извори на енергија, организирана од АХК Северна Македонија.

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денес се обрати на отворањето на стручната конференција посветена на проширување на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во регионот, организирана од АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори. Настанот претставува дел од делегациската посета на шест германски компании специјализирани за иновативни решенија во енергетскиот сектор.

Во своето обраќање, министерката Божиновска ги претстави тековните и планираните активности на Владата во насока на забрзување на енергетската транзиција, вклучувајќи го и новиот Закон за енергетика кој стапува на сила во 2025 година. Таа нагласи дека Македонија бележи пораст на инвестициите во обновливи извори на енергија, со посебен акцент на развојот на соларните и ветерните капацитети, како и на проектите за складирање енергија.

„ Македонија е подготвена да го искористи својот потенцијал за обновливи извори на енергија и да прерасне во регионален лидер во зелената транзиција.Трансформацијата ќе генерира повеќе од 15 000 зелени работни места до 2030 година, во сектори како што се изградба, одржување и менаџирање на обновливите капацитети и во наредната деценија се очекуваат инвестиции од над 1 милијарда евра што ќе го поттикнат локалниот економски раст. Ќе се намалат трошоците за електрична енергија преку зголеменото домашно производство и намалена зависност од увоз, домаќинствата и бизнисите ќе имаат до 30% пониски сметки за електрична енергија до 2030 година. Со реализирање на планираните проекти, Македонија ќе стане нето извозник на електрична енергија, со потенцијал да генерира повеќе од 300 милиони евра годишно од извоз на обновлива енергија.“ истакна министерката Божиновска.

Конференцијата, на која присуствуваа повеќе од 80 претставници од македонски и германски компании, понуди можност за директни деловни средби и размена на искуства. Големиот интерес за настанот, укажува на растечката важност на зелената енергија како фактор за привлекување на странски инвестиции и регионална соработка.

„Германските инвеститори сè повеќе гледаат на зелениот енергетски потенцијал како клучен елемент при донесувањето на одлуки за инвестирање. Нашата цел е Северна Македонија да ја позиционираме како атрактивна и одржлива дестинација за ваков тип инвестиции.“ додаде Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, Албанија и Косово.

Настанот претставува важен чекор кон зајакнување на партнерствата помеѓу компаниите од Северна Македонија и Германија, создавајќи основа за понатамошна размена на знаења и технологија во областа на обновливите извори на енергија.

Бизнис

НЕМА ДА ИМА ПОНИСКА ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Оваа компанија ги зголемува платите од 1. јануари

Published

on

Компанијата Подравка од 1. јануари ги зголемува платите, а како што соопштија денеска, тоа значи дека основната бруто плата на сите работници ќе се зголеми за 90 евра, а потоа тој износ за нови три отсто.

Така, најниските плати на работниците ќе се зголемат за 13,4 отсто, односно за околу 119 евра бруто“, се вели во соопштението, во кое, сепак, нема информации колкави се моменталните најниски плати за работниците во Подравка.

Според она што Денис Парадиш, претседател на Синдикатот ППДИВ, кој е еден од потписниците на најновите измени на Колективниот договор на Групацијата Подравка, го изјави за ФОРБС Хрватска, по ова зголемување „ниту една основна бруто плата нема да биде под 1.000 евра“.

За работниците со највисоки плати зголемувањето ќе биде за околу шест отсто или 182 евра бруто, се вели во соопштението на Подравка. Се додава и дека, ако се гледа просечната плата, зголемувањето изнесува околу девет проценти или 136 евра бруто. Секако, згора на тоа се исплаќаат и надоместоци за стаж, работа во смени и други посебни додатоци.

Најниската основна бруто плата во моментов е 883 евра

Најниската бруто-плата на работниците во Подравка досега изнесуваше 883 евра, соопшти синдикатот ППДИВ, на прашање на ФОРБС Хрватска. Со зголемувањето од 1 јануари, новата најниска бруто-плата во првоплатен степен ќе изнесува 1.002,19 евра бруто.

„Покрај основната бруто-плата, работникот има право и на додаток за минат труд, како и други надоместоци на плата (за прекувремена работа, за ноќна работа, за работа во недела, за работа во втора смена. итн.). Работниците имаат право и на одредени неоданочливи месечни надоместоци“, се вели во одговорот на ППДИВ.

„Растот на платите на работниците е еден од најважните приоритети на оваа Управа. Тоа многу јасно го докажавме преку силните зголемувања на платите во изминатите три години. Исклучително сум задоволен што резултатите од нашето работење ни овозможија да постигнеме нов договор за раст на платите. Од 1. јануари платите на работниците во Подравка и Белупо се зголемуваат во просек за 9,3 отсто“, изјави претседателката на Управниот одбор на Подравка, Мартина Далиќ при потпишувањето на Анексот на Колективниот договор.

Најниската основна бруто плата во моментов е 883 евра

Најниската бруто-плата на работниците во Подравка досега изнесуваше 883 евра, соопшти синдикатот ППДИВ, на прашање на ФОРБС Хрватска. Со зголемувањето од 1 јануари, новата најниска бруто-плата во првоплатен степен ќе изнесува 1.002,19 евра бруто.

„Покрај основната бруто-плата, работникот има право и на додаток за минат труд, како и други надоместоци на плата (за прекувремена работа, за ноќна работа, за работа во недела, за работа во втора смена. итн.). Работниците имаат право и на одредени неоданочливи месечни надоместоци“, се вели во одговорот на ППДИВ.

„Растот на платите на работниците е еден од најважните приоритети на оваа Управа. Тоа многу јасно го докажавме преку силните зголемувања на платите во изминатите три години. Исклучително сум задоволен што резултатите од нашето работење ни овозможија да постигнеме нов договор за раст на платите. Од 1. јануари платите на работниците во Подравка и Белупо се зголемуваат во просек за 9,3 отсто“, изјави претседателката на Управниот одбор на Подравка, Мартина Далиќ при потпишувањето на Анексот на Колективниот договор.

Ова покачување на платите во Подравка е шесто во последните три години, а во однос на декември 2021 година просечната плата на работниците е зголемена, се вели, за околу 63 отсто.

Извор: Фактор.мк

Continue Reading

Бизнис

ОД СКОПЈЕ ДИРЕКТНО ДО ПАРИЗ ќе се лета со „Изиџет“

Published

on

Нискобуџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз.

Нискобуџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз.

Од Скопје ќе се лета до Париз почнувајќи од пролет, односно на аеродромот „Орли“ кој е 20 километри од главниот француски град. Сега има линија на „Визер“ до Париз, но до аеродромот „Буве“ кој е 90 километри подалеку од Париз, објави ТВ 21.

Continue Reading

Бизнис

ФИРМИТЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Над 10.000 слободни работни места има во Македонија

Published

on

Голем број слободни работни места има во земјава. Тоа го регистрираше и Државниот завод за статистика(ДЗС). 

Деловните субјекти, со број на вработени од 10 до 49, имаат највисока стапка на слободни работни места, односно 3,06  проценти.

Државниот завод за статистика објави дека во третиот квартал годинава во државава имало 10,010 слободни работни места, а најголем број односно 1,950 во услужните дејности и продажба. Во групата Државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори имало 33 слободни работни места, 28  во Воени занимања, 15 во Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот.

Во групата Стручњаци и научници се регистрирани 1,909 слободни работни места, а следни се Елементарни занимања, 1,781, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 1313, Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 1,114, Техничари и сродни занимања, 1,001.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,44 проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0,11  проценти.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк