Connect with us

Македонија

Осми Светиклиментов научен собир на тема „Мирот Божји и мирот човечки“

Published

on

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска го организира Осмиот Светиклиментов научен собир. Темата на собирот, што ќе се одржи во Свечената сала на Факултетот, е „Мирот Божји и мирот човечки“.

– Поимот за мирот во православното богословие го надминува неговото вообичаено разбирање како строго општествен феномен, доминантно во современиот начин на користењето на овој поим. Воедно, тој не може да се исцрпи ниту со императивот на „внатрешниот мир“, својствен за современите спиритуални и популарно-психолошки движења. Наспроти редукционистичките тенденции во современата мисла, богословскиот концепт за мирот поседува сеопфатно значење, кое тргнува од доменот на онтологијата и ги одредува главните контури на православната антропологија, еклисиологија, етика, аскетското и литургиското богословие. Во Светото писмо, мирот се асоцира со Бога и спаѓа меѓу почесто спомнуваните библиски зборови. Во преданието на Црквата, пак, мирот е едно од божествените имиња, кое се сретнува во основните патристички извори, како што се на пр. ареопагитските списи. Мирот се јавува и како носечка тема во највозвишените дострели на црковната уметност и архитектура, а исто така и во химнографијата и црковната музика. Поседувајќи вакво сеопфано богословско значење, поимот за мирот се транспонира во доменот на световното, фрлајќи нова светлина врз современата философија, книжевноста, социологијата, политичките науки, психологијата, педагогијата итн, наведуваат организаторите во најавата за собирот.

Преку богословско обосновување на прашањето за мирот, Осмиот Светиклиментов научен собир ќе се сосредоточи врз неговите актуелни интерпретации во различните сфери на световното знаење и наука. Како традиционален настан од интердисциплинарен тип, годинашниот Собир ќе се погрижи да иницира дијалог меѓу научници и истражувачи засегнатите области.

Македонија

ДУИ: И СДСМ се албанофоби, го следат патот на ВМРО-ДПМНЕ

Published

on

Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО – ДПМНЕ – велат од политичката партија ДУИ.

Наместо да се соочи со сопствената криза и да ја преземе одговорноста за својот тежок пораз, таа бара спас со тоа што им сервира на Македонците лажен непријател – Албанците.

Но вистината е едноставна: Македонците не ја мразат ДУИ поради некаква измислена корупција – тие ја мразат затоа што ДУИ ги зајакна Албанците и ја смени старата рамнотежа на моќта .

Тие не ја гледаат ДУИ како проблем на криминалот, бидејќи токму македонските партии 30 години ја ограбуваа и уништуваа оваа земја.

Денес, Македонците се манипулирани да веруваат дека Албанците се нивна егзистенцијална закана.

Но кој ја шири оваа идеја?

Денес, македонските партии, предводени од експоненти на ‘српскиот свет’ како Стоилковиќ, го всадуваат кај Македонците стравот дека Албанците им се непријатели.

Но во реалноста, Албанците никогаш не биле и не се егзистенцијална закана за Македонците.

Вистинската закана за нив се оние што им ја негираат црквата, јазикот, идентитетот.

Тие што сакаат Северна Македонија да остане слаба, изолирана и разединета, се истите што ја внесуваат оваа психологија на страв.

Албанофобијата не е спонтано чувство на Македонците – таа е политички проект, поттикнат и финансиран од странски интереси за Северна Македонија да остане заробена во конфликт и несигурност.

И за жал, македонските партии, наместо да го водат својот народ кон заедничка и сигурна иднина, ја користат оваа нарација за краткорочни политички профити.

Но времето на овие игри истекува. Албанците нема да дозволат да бидат жртвувани за пропаднатите политики на СДСМ, ДПМНЕ или за странски агенди кои работат против Македонија.

Оваа земја нема иднина изградена врз омраза и етнички поделби.

Тие што денес сеат раздор, утре ќе останат сами во урнатините на нивната изгорена политика.

Реакцијата на ДУИ следи откако и лидерот на СДСМ во интервју за Независен рече дека јавно се дистанцира од ДУИ и дека тие се корупмирана партија.

Continue Reading

Македонија

Не е изненадување дека Артан Груби бил бандит, вели Николоски

Published

on

Состојбата во правосудството и обвинителството е рак рана на нашето општество во моментов, истакна во Вечерното шоу на Богдан Илиевски, вицепремиерот и министерот за транспорт, Александар Николоски.

-Мислам дека е доволно да се извадат прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција и ќе има работа за правосудниот систем во државава во наредните 20 години. Еве случајот со Артан Груби. Кој е изненаден во државата дека Артан Груби бил бандит? Ние сме го зборувале тоа со години, така што воопшто не е изненадување, како што не е изненадување тоа што го правеше Јован Деспотовски во Фондот за иновации и во ТИРЗ, ниту е било какво изненадување за било кој во Македонија она што се случуваше во Лотарија, во ТЕЦ Неготино, Електрани на Македонија, здравството, образованието, културата и кривичната пријава за екс министерката. Граѓаните го знаат тоа и не го оценуваат како политички прогон, туку напротив велат дека има многу повеќе и има многу повеќе и очекувам правосудната власт да си ја заврши работата, истакна Николоски.

Continue Reading

Македонија

Во министерството на Груби имало многу криминал и аздис, 20-тина илјади евра платени на две ќебапчилници

Published

on

-На прашањето дали наследувајќи го Артан Груби во Министерството за односи меѓу заедниците, (кое претходно беше фузирано она за Политички систем) со дел од просториите кои ги наследи, голчињата и кошот на поранешниот министер и вицепремиер, сегашниот прв човек на ова министерството Иван Стоилковиќ, во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски вели дека „на заминување“ е направена вистинска чистка и не е оставено ништо, дури ни филџани и чаши.

-За жал, ни голче, ни кош, ни фудбал, ни баскет, ни филџани, ни чаши, ни кафе, ни апарати за кафе, ни вода, ништо нема, дури ни телефони нема во министерството, чисто да знаат луѓето. Јас како министер немам земска/фиксна линија во кабинетот, затоа што сето тоа кога дојдовме беше растурено. Имало некакви камери поставено во кабинетот, па и тие биле извадени. Попис на инвентар никогаш не е извршен во министерството. Ќе има уште многу кривични пријави. Јас не знам која институција во државата ги прифаќала завршните сметки, бидејќи секогаш кога ја поднесувате мора да поднесете и пописна листа. Ние за првпат правиме попис на финансиски средства и на инвентар. Побаравме ад-хок ревизија и резултатите се толку фрапантни и грозни што ќе мора да одиме на затворена седница на Влада за информацијата за извештајот на ад-хок финансиската ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците. Дефинитивно, Министерството било приватна фирма и ревизијата тоа го покажува, вели тој.

Можеби немало попис и ревизија, ги нема и голчињата и кошот, но затоа пак има фрапантни сметки од 20-на илјади евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња, открива министерот Стоилковиќ.

-Просто да не верувате дека такви нешта може да има. Јас овие месеци немам платено ни една сметка на сметка на министерството, се си плаќам сам. Кафански сметки да ми плаќа министерството, тоа е глупава работа. Тоа порано било „добар ден“. Порано, битно е што секој Божји ден биле правени сметки од по 20, 30, по 40 илјади денари, секојдневно биле правени – ајде да е на десет дена, двапати во месецот ли, ако имате гости на пример, но вистинскиот проблем е кога тоа е секојдневно, а овде било така, потенцира Стоилковиќ.

Министерот во „Наткаст“ обзнани и дека 95 насто од вработените во министерството се Албанци, но потенцира дека работата е што тоа се Албанци од ДУИ, нешто што е проверено и докажано – институцијата се користела како партиско биро за вработување. Во меѓувреме, разрешени се и многу случаи со „вработени“ кои не ни доаѓале на работа, а десетина од нив си живееле и работеле во странство, притоа земајќи редовна плата од министерството на Артан Груби. Се очекува обелоденувањето на извештајот на ад-хок финнсиската ревизија за да се прикаже сиот криминал, аздис и незаконско работење во минатите години.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк