Connect with us

Инфо +

Трендафилов: Потребно е предвремено пензионирање, наплата на социјалните придонеси, а не зголемување на пензиската граница

Published

on

Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно загрижен од предлогот на Фискалниот совет за зголемување на пензискиот стаж за остварување на правото на старосна пензија на 67 години.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во изјава за МИА вели дека пензиските реформи во сериозни држави се прават врз основа на сеопфатни анализи за целокупната општествено –економска состојба со сите предности и клучни предизвици во насока на социјално згрижување и сигурност за најголем број од населението.

– Доколку членовите на Фискалниот совет сакаат да помогнат во крпење на буџетот во Фондот за пензиско, можеби треба да почнат да плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување за сите нивни приходи што ќе претставува пример и за останатите кој треба да се следи!  И во минатото сме биле сведоци на вакви несериозни предлози и тоа од луѓе кои не се дел од работниците, а на штета на работниците. Напоменуваме дека вакви избрзани мерки преку зголемување на стапката на придонес или продолжување на возраста за пензионирање, само и исклучиво во обем потребен за покривање на дефицитот на Пензинскиот фонд, на долг план не вложувале со плод, напротив структурните проблеми останувале нерешени и проблемите се повторувале, вели Трендафилов.

Според него, потребни се сериозни политики и мерки за зголемување на бројот на вработување на младите по пат на реални и одржливи работни места кои ќе бидат резултат на нови домашни или странски инвестиции и зголемување на платите, а со тоа и зголемување на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и намалување на сиромаштијата.

Трендафилов во изјавата за МИА посочува дека се потребни и политики и мерки за пристојна работа за сите со почитување на правата од работен однос според меѓународните трудови стандарди со цел да се задржат младите луѓе да работат и живеат во сопствената држава.

– Потребно е воведување на повеќе услови за пензионирање, како пензионирање со навршени 40 години работен стаж за мажи и 35 години работен стаж за жени, предвремено пензионирање, воведување на бенефициран стаж за градежните работници како и во други дејности каде што работните задачи се одвиваат во особено тешки услови за работа кои штетно се однесуваат на животот и здравјето на работниците, старосна пензија – по возраст или работен стаж – по дејности, предвремена старосна пензија по возраст, неполна старосна пензија по возраст обезбедување на можност за докуп на стаж, посочува Трендафилов.

Синдикатот бара и сеопфатни ангажмани за трансформација на непријавената работа во пријавена и целосен ангажман на инспекциските и други државни органи за наплата на социјалните придонеси во целост.

– Поради непријавената работа државата годишно губи 250 милиони евра кои остануваат во џебовите на газдите. Само на овој начин социјалните фондови можат и ќе станат реални и одржливи и ќе бидат вистинска заштита и сигурност за работниците и граѓаните во услови на болест, старост, невработеност. Дотогаш, не може да си играме со здравјето и животот на работниците и граѓаните, не може без нивна волја и потреба да го продолжуваме нивниот работен стаж и да ги изложуваме на опасност нивните животи со продолжување на работниот век и одлагање на заслуженото пензионирање како покритие за лошите политики долг временски период наназад, нагласува Трендафилов во изјава за МИА.

Фискалниот совет како предлог мислење на Фискалната стратегија 2025-2029 година предлага од 2026 година  да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензинско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти.

Од Фискалниот совет, кој е е независно тело што изработува анализи и мислења за макроекономските и за фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија, нагласуваат дека ваквите мерки се потребни за одржување на Фондот на ПИОМ, намалување на фискалните ризици и за консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период.

– Фискалниот совет е на мислење дека за одржување на Фондот на ПИОМ, намалување на фискалните ризици и консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период, потребни се дополнителни мерки како зголемување на работниот век на вработените и постепено зголемување на придонесот на пензиско и инвалидиско осоригување (тековно е на 18,8 проценти што е намалување од 2,4 проценти во однос на 2008 година кога изнесуваше 21,2 проценти). Кога на тоа би се додало старењеето на населението, а со тоа и секоја година зголемувањето на бројот на пензионери за околу 1500-1700 нови пензионери секоја година, придружувано и со преференцата за емигрирање на младите во странство, а со тоа и релативно намалување на покриеноста на пензионите приходи со наплатените придонеси, проблемот уште повеќе станува комплексен. Оттука фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ претставува посебен фискален ризик, се наведува во мислењето од Фискалниот совет.

Во однос на зголемувањето на стапката за пензиско осигурување, од Фискалниот совет препорачуваат во 2027 година да се направи анализа за фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ и во зависност од трендот и потребата, постепено да се зголемува придонесот до 21 проценти до 2029 година. 

Скопје

УПРАВНИОТ СУД ГО ПОНИШТИ ВТОРОТО МИСЛЕЊЕ НА КОНЗЕРВАТОРСКИОТ ЦЕНТАР Општината Карпош законски ја издала дозволата за изградба на зградата „Рубик“

Published

on

Општина Карпош соопшти дека Управниот суд пресудил дека поништувањето на позитивното конзерваторско мислење е неправилно и незаконито, затоа што во правниот промет не можат да постојат два правни акта, донесени по исто барање, а со различна содржина и притоа да произведуваат различни правни дејства, па затоа второто, негативното, конзерваторско мислење по службена должност мора да биде повлечено.

Општината Карпош информира дека Управниот суд го поништил второто конзерваторско мислење на Националниот конзерваторски центар, кое беше негативно, а се однесуваше на изградбата на зградата „Рубик“ на улицата Никола Русински, во близина на Воената болница.

Изградбата на оваа зграда предизвика многу реакции кај граѓаните од Карпош, кои не се согласуваа ниту со локацијата ниту со габаритот на зградата, која ќе има 17 ката.

За да се издаде дозволата за градба беше потребно позитивно мислење од Конзерваторскиот центар, затоа што Воената болница, сега ГОБ „8 Септември“ е споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Општината Карпош на 18 јануари 2024 година им ја издаде градежната дозвола на инвеститорите „ЗСФ Ком“ ДООЕЛ Скопје и „Делта 2015 Констракшн“ ДООЕЛ Скопје. Еден месец подоцна тогашната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска рече дека позитивното мислење потпишано од ексдиректорот на Конзерваторскиот центар Константин Димитровски е спротивно на Законот за заштита на културно наследство и затоа е поништено.

По ова се очекуваше потег од Општина Карпош, евентуално преиспитување на градежната дозвола, но случајот заврши пред Управниот суд.

„Поради повеќемесечни непринципиелни притисоци кои беа упатени до поединци од Секторот за урбанизам при Општина Карпош, локалната самоуправа има должност да ја информира јавноста во врска со одобрението за градење за објектот на улицата Никола Русински. Имено, Управниот суд достави пресуда до Секторот за урбанизам, која се однесува на утврдување на законитоста при издавањето на градежната дозвола за предметната локација и за законитоста на позитивното конзерваторско мислење од 8.11.2023 година. Управниот суд донесе одлука со која поништувањето на решението за позитивно конзерваторско мислење од страна на НУ Козерваторски центар – Скопје е неправилно и незаконито, од причини што во правниот промет не можат да постојат два правни акта, т.е. две конзерваторски мислења донесени по исто барање, но со сосема различна содржина и притоа да произведуваат различни правни дејства. Затоа второто, негативното, конзерваторско мислење по службена должност мора да биде повлечено од правниот промет од страна на НУ Козерваторски центар – Скопје, затоа што ваквото постапување на органите сериозно ја доведува во прашање правната сигурност на сите правни и физички лица“, се вели во денешнотосоопштение на Општината Карпош.

Против оваа одлука на Управниот суд, незадоволната странка во постапката нема право на жалба, додава Општина Карпош.

„Практично, со оваа одлука на Управниот суд се потврдува дека Секторот за урбанизам на Општина Карпош постапил законито при издавањето на дозволата за градба на горенаведената зграда“, соопшти локалната власт.

Continue Reading

Балкан

Србија дава 5.000 евра за купување електрична „панда“ произведена во Крагуевац

Published

on

Купувачите од Србија на електрични Фиат Панда, чие производство наскоро ќе започне во Крагуевац, ќе можат да добијат државна помош од 5.000 евра.

Граѓаните ќе можат да почнат да поднесуваат барања на почетокот на февруари, а самите апликации ќе може да се поднесуваат до 31 октомври, изјави за РТС државниот секретар во Министерството за заштита на животната средина Сандра Докиќ.

Сериското производство на електричниот автомобил Fiat Grande Panda ќе започне, според најавите, во третата недела од јануари.

Fiat Grande Panda е инспириран од модел од 1980-тите, а почетната цена на моделот е помалку од 25.000 евра за целосно електричната верзија. Основниот електричен модел, според некои специјализирани домашни автомобилски медиуми, во Србија би можел да чини околу 18.000 евра.

Владата одлучи повеќе да не субвенционира купување на хибридни возила и плагин хибридни возила на предлог на Министерството за заштита на животната средина.

„Како министерство, секогаш гледаме кои возила имаат најдобро влијание врз квалитетот на воздухот. Тоа се токму електрични возила. Кога почнавме во 2020 година, немаше толку многу инфраструктура за овие возила. Многу порасна во последните 4-5 години, особено минатата година“, се разви“, додаде Докиќ.

Таа изјави дека речиси секој трговски центар, пат и бензинска пумпа има полначи за овие автомобили.

„Значи, како што се развива инфраструктурата, решивме да субвенционираме само електрични автомобили. Одиме во чекор со нашата „панда“, која треба да се појави на пазарот, каде што ќе се дели и таа субвенција“, истакна Докиќ.

„Нашето министерство ќе обезбеди по 5.000 евра за секое купување на Панда. Доколку барањата го надминат износот на средствата, ќе обезбедиме дополнителни средства по потреба“, најави Докиќ.

Таа посочува дека и за оваа година се издвоени 170 милиони динари и дека сите апликанти ќе добијат субвенција до 31 октомври доколку е комплетирана документацијата.

Стелантис е мнозински сопственик на фабриката за автомобили во Крагуевац, додека малцинскиот удел е во сопственост на Република Србија, врз основа на договорот за стратешко партнерство склучен во 2008 година од страна на Владата на Србија со италијанскиот Фиат.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска Давкова за Алфа ТВ: Партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Алфа ТВ со Искра Коровешовска зборува за повеќе актуелни политички теми.

Меѓу другите прашањата претседателката се наврати на притисокот што дел од партиите го вршат врз највисокиот суд во државата во контекст на претставка за законот за јазиците.

Претседателката во емисијата бара партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд кој е независно тело кое мора да работи врз основа на законите и уставот а не врз нечии лични или партиски интереси.

Предходно ДУИ се обиде да изврши силен притисок на уставните судии од кои тројца под партиска команда се повлекоа од работата на највисокиот суд во Македонија за законот за јазиците.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк