Connect with us

Бизнис

РЕК БИТОЛА го раскина договорот со „Марковски компани“: Несовесно работеа и ја загрозија енергетската стабилност на државата

Published

on

РЕК Битола од вчера произведува електрична енергија со трите термоблокови, односно со максимален капацитет, а денеска поради несовесно и неквалитетно извршување на преземените обврски еднострано го раскина договорот за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина со фирмата „Марковски компани“, информира денеска директорот на Комбинатот, Тони Петрушевски, јавува МИА.

-Со натчовечки напори и ангажман на вработените, за краток период е оспособен за работа термоблокот „Битола 1“, со цел, со оглед на фактот што не подлегнал на редовен годишен ремонт, колку што е возможно, да помогне во зголемување на домашното производство на електрична енергија и да придонесе кон енергетската стабилност на државата во пресрет на зимата, изјави Петрушевски.

Поради несовесно и неквалитетно извршување на преземените обврски, посочи, РЕК Битола еднострано го раскина договорот за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина со фирмата „Марковски компани“.

-Со раскинувањето на соработката активирана е и банкарската гаранција во износ од 120 милиони денари поднесена од предметната фирма. Носителот на набавката не ги испочитува предвидените обврски за одговорно, целосно, стручно, квалитетно, совесно и навремено извршување на задачите согласно техничката спецификација. Овој економски оператор, со неодговорно постапување, покрај тоа што во континуитет не успевал да ги испорача договорените количини на јаглен, директно ја загрозил енергетската стабилност на државата. Во тој контекст, со несоодветна динамика за отстранување на јаловинските маси ја нарушил геомеханичката стабилност на рудникот Брод Гнеотино. Поради неиспорачаните количини и кршењето на договорните обврски од страна на предметниот оператор, РЕК Битола бил принуден да врши дополнителна набавка на јаглен за да овозможи стабилна и континуирана работа на блоковите во ТЕ „Битола“, појасни Петрушевски.

На раскинувањето на соработката, како што кажа, и претходеа опомени и укажувања од раководството на РЕК Битола, дека операторот не ги реализира договорните обврски според утврдениот обем, динамика и квалитет.

-Но, и покрај укажувањата, продолжи несериозниот однос преку флагрантно кршење и непочитување на договорените обврски. Станува збор за договор склучен на 13 февруари годинава чие извршување престанува да важи согласно член 15 според кој една од страните може да го раскине пред истекот на важноста, доколку другата страна не ги извршува договорните обврски, потенцира Петрушевски

Бизнис

Директорот на А.Д. МЕПСО, Бурим Латифи: Интерконекторот со Албанија, клучен приоритет за енергетска стабилност!

Published

on

Директорот на А.Д. МЕПСО, Бурим Латифи, заедно со министерката за енергетика, Сања Божиновска, промовираа значаен чекор за стабилноста на електроенергетската мрежа во југозападниот дел на Македонија. Овој проект, кој ги опфаќа градовите Битола, Ресен, Струга, Охрид и Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со електрична енергија за граѓаните од овој регион, додека новиот трансформатор веќе е во целосна функција.

На средбата, Латифи го истакна изградбата на интерконекторот Битола-Елбасан како клучен приоритет за новиот менаџмент на А.Д. МЕПСО. Тој нагласи дека раскинувањето на договорот со претходниот изведувач, Енергоинвест, го отвори патот за реализација на овој стратешки проект.

„Интензивно работиме на процедурите за јавна набавка и целта ни е овој значаен проект за енергетско поврзување помеѓу Северна Македонија и Република Албанија да се заврши во најбрз можен рок,“ изјави Латифи.

Според него, овој проект ќе ја зајакне стабилноста на снабдувањето со електрична енергија и регионалното поврзување, придонесувајќи кон посилна и поодржлива мрежа.

Continue Reading

Бизнис

Одење во кафеана станува луксуз, цените се поскапи

Published

on

Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6,1 %. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0,6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,6 проценти, додека во однос на декември 2023 година, е забележан раст од 3,5 отсто.

Continue Reading

Бизнис

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во придружба на директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи, ја посети трансформаторската станица (ТС) Битола 2 по повод пуштање во употреба на новиот 400/110 kV трансформатор. 

Оваа инвестиција,како што објавија од министерството, претставува пресвртница и клучен чекор во обезбедувањето енергетска стабилност за југозападниот регион на земјата и целиот електроенергетски систем.

„Нашата мрежа беше изложена на сериозен ризик, особено поради двата изгорени трансформатори, што создаде реална опасност од колапс на целиот електроенергетски систем.. Новиот трансформатор ќе ја зајакне сигурноста на снабдувањето со електрична енергија во градовите Битола, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга, обезбедувајќи стабилно снабдување за време на зголемената потрошувачка во зимските месеци. Дополнително, ќе овозможи непречено производство на електрична енергија во РЕК Битола, кој е клучен снабдувач на електрична енергија во државата.“, изјави Божиновска.

За транспорт на трансформаторот беа потребни дозволи за транзит низ неколку земји.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк