Connect with us

Инфо +

Скопје се гуши во смог, Шилегов ќе ги засили инспекциите

Маглата и смогот се се почеста глетка која ги пречекува секое утро и со која заспиваат секоја вечер жителите на главниот град. Надлежните најавуваат мерки, инспекции и повисоки казни. Ќе имаат ли некаков ефект?

Зимата се уште не е календарски ниту започната, а главниот град се гуши во смог. Со денови воздухот е енормно загаден, а видливоста во вечерните часови е толку отежната, што на фотографиите кои што граѓаните ги споделуваат на социјалните мрежи, не може да се забележи „ниту прст пред око“. Од ден на ден ситуацијата станува поалармантна – со намалувањето на температурите доаѓаат и проблемите за жителите на главниот град. Но, не се гуши во смог само Скопје. Проблем има и во останатите градови, каде дрвата најчесто се користат за затоплување на домовите.

„Едната е инспекцискиот надзор за кој верувам ќе се согласите дека е една од најактивните институции од тој вид и карактер во државата, втората е на самиот крај, а тоа е решавање на јавниот транспорт со кој ќе ги дестимулираме граѓаните да го користат автомобилот. И третата е организираното затоплување на домовите во која имавме сериозна интервенција оваа сезона“, вели градоначалникот Петре Шилегов. 

Advertisement

Балкан

Атина: 38 приведени за време на годишнината од убиството на тинејџерот

Во центарот на Атина вечерва избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17-годишнината од убиството на Александрос Григоропулос. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а 38 лица беа приведени, од кои осум се уапсени.

Тензии се појавија кога дел од демонстрантите се обидоа да се упатат кон квартот Егзархија, но полицијата ги спречи. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на властите.

Слични протести се одржаа и во Солун, каде беа приведени десет лица. Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година останува симбол на борбата против полициската бруталност, а годишнината и годинава беше обележана со судири и засилено полициско присуство.

Continue Reading

Балкан

Брод со мигранти се превртел кај Крит: 18 загинати, двајца преживеани

Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 загинати мигранти покрај брегот на Крит, јави грчката јавна телевизија ERT News. Двајца преживеани изјавиле дека ја изгубиле контролата над бродот за време на бура, останувајќи на отворено море без вода и храна.

Сè уште не е познато од каде потекнуваат жртвите, а форензичарите и истражителите работат на утврдување на околностите околу несреќата. Моќна бура беснее во морето околу Крит, со налети на ветер над 90 километри на час.

Според УНХЦР, криумчарски банди продолжуваат да испраќаат мигранти по опасната рута од Тобрук во Либија кон Крит, а речиси 17.000 мигранти пристигнале на островот до почетокот на декември 2025 година.

Continue Reading

Свет

260 животи загубени – Индија испраќа тим во САД да открие што се случило

Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ од јуни, јавува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Истражителите ќе соработуваат со Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и ќе ги анализираат податоците од црната кутија, како и информации од пилотската кабина на авионот. Целта е индиските експерти да ги споделат наодите и да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.

Засега нема официјална потврда за посетата на тимот од страна на САД. Во авиoнесреќата што се случи во јуни загинаа 260 лица.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг