Connect with us

Македонија

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Published

on

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија? Дали стекнатите сознанија и искуства за здравствена заштита базирана на вредности можат да се применат во државата?
На овие прашања на конференцијата „Улогата на здравствената заштита базирана на вредности и тестирањата на биомаркери во модерната онкологија“ дебатираа претставници на здравствените власти, онколози, патолози, голем број експерти и пациенти. Беа одржани и предавања од еминентни доктори и истражувачи од Италија, Велика Британија и Словенија, кои ги изнесоа своите искуства во однос на примената на моделот на здравствената заштита базирана на вредност каде што во центарот се става пациентот.

Конференцијата беше организирана од МАНУ – Истражувачки центар за генетско инженерство, МАРО – Македонско здружение за радиотерапија и онкологија, Македонско здружение за патологија и Рош Македонија. Рош е една од најголемите светски фармацевтски компании и глобален снабдувач на иновативни решенија за најголем број болести. Симбол на конференцијата беше рубиковата коцка, со што се испрати порака до сите чинители во здравствениот систем – „коцката е фрлена, да размислиме како да дејствуваме во најголем интерес за пациентите и здравствениот систем!“
Во 2023 година, како што изнесе Акад. проф. д-р Александар Димовски од Македонската академија на науките и уметностите, во Македонија имало над 5 000 нови онколошки пациенти. Оттаму, на конференцијата се наметна прашањето за улогата и принципите на здравствената заштита базирана на вредности и нејзината применливост, како и за сите предизвици пред кои е застаната земјава во однос на ова прашање.

„Со здравствена заштита базирана на вредности фокусот се става на пациентот, на корисникот на услугата. Прашање на време е кога овој систем ќе се имплементира и кај нас, оти нашиот систем е финансиски неодржлив, но и човечки неодржлив, и за пациентите и за давателите на услуги. Со овој модел се гледа целиот пат на пациентот. Не е исто ако пациентот три пати се враќа на клиника, или ако работоспособноста ја сметате кај 30-годишен или кај 75-годишен човек. Едноставно, различно се постапува и пристапува. Не може патеката да ја гледате ако не седнат сите заедно, само тогаш ќе може да се види исходот“, рече проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет во Скопје.

Доц. д-р Игор Николов, советник за здравство на премиерот, ги потенцираше клучните проблеми во здравствениот систем кои мора да се надминат за да може да се воспостави здравствена заштита базирана на вредности.

Ние во овој период на пост-ковид епидемија, живееме во епидемија на незаразни болести, а доминираат онколошките заболувања. Затоа ни е потребна вистинска анализа и вистински вредности, активности базирани на реални, точни и прецизни податоци од редовно ажурирани регистри кои во земјава треба да ги подобриме, бидејќи тоа ќе помогне во грижата за онколошките пациенти. Зголемувањето на онколошката грижа би се одвивала во процес на децентрализација, бидејќи сведоци сме дека сѐ е централизирано, пациентите се насочуваат на едно место и тоа прави проблеми на системот. Со процесите на дисперзија ќе се придонесе онколошката грижа да се подобри во значителна мерка“, рече д-р Николов.

Тој додаде дека во моментов се прават планови и стратегии за онколошка грижа и дека е потребен Национален план за третман на онколошки пациенти.

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, исто така се осврна на клучните проблеми при имплементацијата на здравствена заштита базирана на вредности: непостоење на регистар и стручна комисија, со цел на исто место да бидат сите податоци за онколошките пациенти за да можат да бидат мерливи.

Имаме стручна комисија за малигни заболувања, но таа, според мои сознанија, не функционира. Таа треба да донесе еден мултидисциплинарен пристап кон онколошките пациенти. Сметам дека стручната комисија треба да профункционира како прв чекор во овој систем. Регистарот, исто така мора да функционира. Мора да знаеме точно колку пациенти имаме“, рече Клековски.

Милан Мишковиќ, претседател на Националната алијанса на пациентски организации во сегментот на здравствената заштита базирана на вредности се осврна на раната дијагностика, превенцијата и подигнување на свесноста.

Важно е да се размисли како да стигнеме до еден модел каде што можеме да помогнеме на онколошките пациенти. Без рана дијагностика тоа многу тешко ќе го постигнеме. Она што го приметувам кај нас е дека имаме зачетоци на многу работи, но не се завршуваат до крај. Оттаму е прашањето што точно треба да реорганизираме за пациентот навистина да биде во центарот? Ние пациентите мора да добиеме дијагностика, потоа терапија и процедура која треба да се одвива во следниот период. Нам ни требаат целисходни програми каде што ние заедно, мултидисциплинарно, ќе работиме на повеќеслојно ангажирање на повеќе нивоа, за да добиеме структура која што ги раслои предизвиците и за крај, да процесираме одредени програми. Она што сакам да го видам е ентузијазмот, сето ова да се креира во вредност која ќе биде во полза на пациентите“, рече Мишковиќ.

Акад. проф. д-р Александар Димовски, надоврзувајќи се на ова, заклучи:

Пациентот е центарот на здравствената заштита базирана на вредности, вклучително и на идни модели кои би ја подобриле онколошката грижа“.

Македонија

Димовски: Потписот на Димитров, аминот на Заев и криминалното гласање на „Преспа“ не обврзуваат ниту еден Македонец

Published

on

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ му реплицираше на Министерството за надворешни работи на Грција за пораката на македонскиот премиер Христијан Мицкоски пред иселениците во Њу Џерси дека македонското прашање и понатаму е отворено.

„Потписот на Димитров, аминот на Заев и криминалното гласање на Преспанскиот договор не се обврзувачки за ниту еден Македонец во светот (со или без македонско државјанство). Може да ја силувате државата, луѓето тешко“, вели во објава на Х членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен шеф на македонската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Continue Reading

Македонија

Нов современ дигитален систем за прием, поставени монитори за повик на пациенти и бар-код читачи за скенирање на упатите

Published

on

Изминатиот период Универзитетски институт – Клиничка биохемија презема низа активности за реорганизирање и подигнување на степенот на здравствена услуга за пациентите и евидентно е променета сликата во оваа јавна здравствена установа.

„Покрај обезбедување најсовремена апаратура од неколку различни реномирани произведувачи, Клиничка биохемија иницираше и воведе современ дигитален систем за нумериран редослед за прием на пациенти и поставени се монитори за повик на пациенти и информации. Исто така, набавени се бар-код читачи  за скенирање на упатите со што се забрзува процесот на регистрирање и прием на пациентите на шалтерите“, вели д-р Николина Гроздановска, директор на УИ Клиничка биохемија.

Д-р Гроздановска вели дека тимската работа е клучна и само заеднички може да се придонесе за унапредување на работата на здравствената установа.

„Изразувам посебна благодарност за сите здравствени работници кои даваат свој придонес за позитивните промени кои ги реализираме во интерес на пациентите. Наша заедничка цел е подигнување на квалитетот на здравствената услуга и подостоинствен третман за нашите пациенти, вели таа. За потсетување, во оваа установа набавена е најсовремена апаратура, реализирани се обуки за вработени со што скратено е времето за добивање здравствена услуга и прием на пациентот. Со новите иницијативи, новата организација и тимска работа, како и новата обезбедена апаратура од реномирани реномирани производители резултатот е видлив од самиот почеток при влезот на овој Универзитетски институт до добивањето на здравствената услуга, а бенефитот за пациентите е забрзување на процесот за прием, кој претходно беше просечно околу два часа, а со новата опрема овој временски период е максимум 15 минути“, вели таа.

Continue Reading

Македонија

Граѓаните будно следат, нема веќе кој да ги лаже – работиме на дела, не на зборови

Published

on

Во вечерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше пратеничката Дафина Стојаноска, која дискутираше за теми поврзани со ефикасноста на Собранието, направи компарација на состојбите во минатото и денес, зборуваше за тоа какви се нејзините визии и размислувања за во иднина, односно за нејзините согледувања, за тоа каква е координацијата меѓу пратениците, притоа ставајќи акцент на однесувањето на пратениците од опозицијата за време на седниците во Собранието.

Пратеничката Стојаноска образложи какво е работењето во Собранието, кои се позитивните промени кои настапиле со новиот мандат, наведе дека сега е јасно дефинирано кога почнува одредена пленарна седница за разлика од претходно, таа исто така посочи дека сега се знае и за кога е закажана секоја наредна седница, односно дека има поголем степен на предвидливост и планирање на времето, и сето тоа оди во нагорна линија со забележителна разлика помеѓу претходните два мандати и сегашниот.

„Огромна е разликата меѓу претходните седници на пратенички прашања и овие, прво во односот на премиерот и на министрите кон пратениците, а да не зборувам за содржината на поставените прашања, ако се сеќавате не така далеку првата седница на пратенички прашања онаа којашто трае според деловник седум часа со еден час пауза, значи шест, мислам дека тука премиерот Христијан Мицкоски сто нула ја изводи таа седница, бидејќи генерално мислам преку деведесет проценти беа поставувани прашањата кон него а не помалку се и сега поставувани, во следните две или три седници за пратенички прашања, значи сосема смирено, сосема со почит, со аргументи ги дава одговорите со еден коректен однос без разлика за кој да се работи пратеник“, вели Стојаноска.

Во поткастот пратеничката наведе дека однесувањето на пратениците од Левица, на седниците за пратенички прашања е бесмислено и дека тие се тотално некоординирани и неподготвени за поставување на прашања, па сето тоа сакаат да го затскријат со барање на паузи. Таа истакна дека Левица како опозиција не прифаќа институционална одговорност, туку само прави обиди да привлече внимание во јавноста со нивното ниско ниво на однесување и култура.

„Колегите од Левица коишто се многу гласни или „силни“ исклучиво на социјалните мрежи, немаше ниту еден пријавен за поставување на пратенички прашања, така да нивната немоќ ја камуфлираат еве со паузи со глумење на некое, не знам, сакаат да инсценираат некаков си вид на хаос во Собрание апсолутно далеку од тоа дека Собранието е хаотично или дека некој некому ускратува некое право како што тоа беше случај во минатиот мандат, безидејни се, очајни се, едните не можат да се помират дека се опозиција, другиве пак во опозиција си имаат други поголеми гајлиња, можеби најкомотно им е овој сега период да го поминат во Собрание, а пак третите оние најактивните на социјални мрежи се тука само за почеток на седница“, рече Стојаноска.

За крај на емисијата, пратеничката додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која работи и реализира проекти за разлика од претходната власт, која нема ништо направено. Таа посочи дека со преземањето на власта се работи со максимална посветеност и ангажираност, со успешна реализација на поставените приоритети и донесување на одлуки и мерки кои се важни за граѓаните, притоа напомнувајќи дека токму граѓаните се сведоци на тоа дека се работи на дела со исполнување на ветеното.

„ВМРО-ДПМНЕ од самиот старт кога ја презедовме власта почна со работа, реализираше многу проекти коишто тие ни за седум години не ги реализираа, напротив начекавме руина дури и полошо од она што го очекувавме реално, но полека со многу работа сè ќе се среди а тие ќе останат на нивните лажни обвинувања, на нивните бегања од задна врата, како што кажавте и вие Бети, впрочем јавноста ќе проследи скоро следуваат локални избори, годинава треба да се случат според Законот за избори, така да граѓаните будно следат нема веќе кој да ги лаже, работиме на дела, не на зборови“, истакна Стојаноска.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк