Connect with us

Македонија

Битиќи: Со новиот Буџет владата не се грижи за граѓаните туку само за удобноста на функционерите

Published

on

Со Предлог Буџетот за 2025 година, Владата покажа неодговорност и самоволие и крајно игнорантски однос кон потребите на граѓаните но и препораките на експерите.

Покрај зголемувањето на јавниот долг, срамно е што истата оваа Влада, додека ја одбива поддршката за работниците, предвидува милиони евра за нови возила, повеќе од 7,5 милиони евра за удобност на функционерите. Ова не е буџет што се грижи за луѓето, туку буџет што се грижи за елитата, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница во Собранието за предлог Буџетот за 2025 година.

– Буџетот ги пресликува затечените состојби и потреби кои треба да се финансираат, но не и соодветните потреби за забрзување на економскиот раст и развој, а во исто време, гледаме дека Владата планира да потроши 106.970.000 денари за нов мебел, трошок кој е речиси петпати поголем од тоа што е потрошено годинава. Ова е јасен показател за погрешните приоритети на Владата, рече Битиќи

Тој се осврна и на основната точка во Буџетот, буџетскиот дефицит, чија проекцијата од 4% од БДП е јасен показател за неодговорност на Владата.

– Според Законот за буџети, максималниот дефицит треба да изнесува 3% од БДП. Но, што направи Владата? Наместо да го почитува законот и да управува со јавните финансии во рамки на утврдените граници, таа го игнорираше експертскиот совет на државата и своеволно одлучи дефицитот да го позиционира на 4% од БДП, рече Битиќи.

Она што загрижува, посочи Битиќи, е дека дури и овие 4% не ја претставуваат целосната слика. Владата не ги вклучува доспеаните, но неизмирени обврски на јавните институции и претпријатија, кои се очекува да достигнат 1 милијарда евра до крајот на годината. Ако се вклучат и овие обврски, реалниот буџетски дефицит не би бил 4%, (41,3 милијарди денари) туку 9.8% (101,3 милијарди денари) од БДП, тоа е алармантна бројка

– Оваа неодговорност ќе се прелее врз граѓаните, а зголемениот дефицит ќе значи зголемени долгови и поголем даночен товар за сите. Додека Владата зборува за „развој“ и „инвестиции“, фактите зборуваа друго. Согласно проекциите на Министерството за финансии, јавниот долг ќе достигне загрижувачки 62,7% од БДП до крајот на 2024 година, односно ќе се случи уште едно пробивање на законска обврска, за која од оваа Влада многу малку слушаме. Ако на овој процент се вклучат и ненамирените обврски на јавните институции и претпријатија, тогаш новата 2025 година ќе ја дочекаме со историски рекорд – јавен долг од 70,8% од БДП, рече Битиќи.

Кога го разгледуваме Предлог-Буџетот за 2025 година, мораме да се осврнеме уште еднаш на една суштинска неправда, како оваа Влада ги третира работниците во јавниот сектор. Во време кога инклузивноста треба да биде основен принцип, сведоци сме на длабока селективност. Селективност во тоа кои граѓани заслужуваат повисоки примања и сигурност, а кои остануваат на маргините, заборавени од политиките што треба да ги поддржат.

– Амандманот предложен од СДСМ, со кој се бараше зголемување на платите во јавниот сектор за 3,5 милијарди денари, беше одбиен без сериозна дебата од страна на мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Овој амандман не беше само обид за подобрување на животниот стандард на илјадници семејства туку и начин да се покаже дека државата го почитува Општиот колективен договор, историско постигнување што ја симболизира борбата за достоинството на работникот. Но, наместо почит, договорот беше погазен, оставајќи ги вработените во јавниот сектор без јасен план за раст на нивните примања, рече Битиќи.

Она што го критикуваме кај оваа Влада не е само обемот на дефицитот и јавниот долг, туку и начинот на кој тие се креираат, без стратегија, без визија и без реални инвестиции што ќе го забрзаат економскиот раст, додека огромни суми одат за нерационални трошоци или проекти без економска оправданост.

– Затоа, нашите барања не се во конфликт со критиките за дефицитот и долгот. Ние повикуваме на Буџет што нема да биде тежина за идните генерации, туку алатка за економска трансформација. Буџет што ќе вложува во луѓето, во инфраструктурата, во иновациите и во иднината и Буџет кој ќе биде одржлив на долг рок. Меѓутоа, предлогот за Буџетот за 2025 година покажува јасно отсуство на ваква визија, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Македонија

Малолетници во бессознание завршиле во болница

Published

on

Ноќеска 55 минути после полноќ во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена малолетничка од Гостивар. Според пријавеното, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар.

Подоцна во 4.35 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното и тој претходно консумирал алкохол во дискотека во Гостивар.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Полицијата во акција: апсења во Скопје, Тетово, Гевгелија и Битола

Published

on

На 25.01.2025 во периодот од 10.45 до 11.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот на С.С.(46) од Дреновец-Тетово. За време на претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава” и 263 куршуми калибар 9 мм. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 25.01.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 25.01.2025 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобда Р.Љ.(65) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 25.01.2025 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 25.01.2025 во 22.20 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода А.П.(19) од Неготино затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.01.2025 во 02.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.А.(22) од Гевгелија затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.01.2025 во 21.30 часот на ул„Крушево” во Битола, полициски службници од СВР Битола го лишиле од слобода од А.Р.(20) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документурање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Шарпланинскиот Куп се враќа? Нови можности за македонското скијање

Published

on

Директорот на Ски Центарот „Попова Шапка“, г. Абдиљгани Алији, заедно со техничкиот директор г. Станислав Бојчески, се сретнаа со претставниците на Федерацијата на Скијачите на Македонија.

На овој продуктивен состанок беше најавено враќањето на значајни натпревари, меѓу кои и престижниот Куп на Шар Планина. Овој натпревар претставува клучен чекор за развојот на скијањето во Македонија, овозможувајќи нови можности за спортистите и љубителите на овој спорт.

Со нетрпение ги очекуваме следните чекори и напредокот кој ќе го донесе оваа иницијатива за скијачката сцена во земјата!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк