Connect with us

Македонија

Трисет дена притвор за осум уапсени во акцијата „Адитив“, за 13 одредена мерка за претпазливост

Published

on

Кривичниот суд определи 30 дневен притвор за 8 од уапсените лица во акцијата „Адитив“, за едно лице, поради здравствени проблеми е определен домашен притвор, за останатите 13 пак, се определени мерки на претпазливост.

Меѓу оние кои добија притвор е и поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, кој утринава со лисици од полициско комбе беше спроведен во кривичниот суд, откако вчера беше уапсен на граничниот премин Табановце. Во меѓувреме и натаму се трага по неговиот претходник Васко Ковачевски кој не е во земјава, за кој во отсуство, од судот велат, не можат да изречат построги мерки. Министерот Тошковски посочи дека тој и натаму е недостапен за органите на прогон, но ги отфрли шпекулациите дека Ковачевски се откажал од македонското државјанство.

„Лицето кое што го напоменавте не е достапно на органите на прогон, органите на прогон ќе сторат се во рамки на нивната законска надлежност да постапат се со цел да истото биде обезбедено и биде изведено пред лицето на правдата. Она што е факт е дека посоченото лице е во рамки на регистарот на државјани на Македонија, истото е државјанин македонски и не побарало отпуст, согласно информациите кои ги имам во овој момент.“

При вчерашните апсења извршени се 77 претреси, во кои се пронајдени 208.000 евра во различни валути, а одземени се мобилни телефони, документација, компјутери и лаптопи, и БМВ од понов датмут. Исто така дадени се пет предлози за замрзнување на имоти, велат од обвинителството.

Министерот Тошковски вели дека сето она што е одземено во постапката или допрва ќе се одзема, ќе биде вратено во буџетот.

„Луѓе кои преку ноќ, без вработени, формирале фирми кои до вчера се занимавале со канцелариски материјали, наеднаш стануваат фирми кои што тргуваат на големо со ваков тип на адитиви и притоа заработуваат милионски суми кои што се три пати од пазарните цени, нели постојат основани сомненија и и те како голем број на докази дека она што е плаќано, е плаќано најмалку три пати повеќе од реалната цена која што би требало да се плати. После ние ќе говориме дали имало душманско крадење на народот“, рече Тошковски.

Во вчерашната акција „Адитив“ беа уапсени 22 лица во неколку градови во земјава поради сомнежи за перење на пари и криминал за јавни набавки на адитиви, за кои надлежните велат дека во ТЕЦ Осломеј од истите не е потрошен ниту еден процент, а во РЕК Битола 95% од адитивите никогаш не биле употребени и тоа во ек на енергетска криза. Уапсените, според пресметките ја оштетиле државата за 6,5 милиони евра.

Македонија

Земјотрес почувствуван во Тетово

Published

on

Земјотрес со јачина од 4.2 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Тетово во 01:46 часот. 

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на 20 километри југозападно од Призрен, Косово. 

Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат информации за потресот. 

Continue Reading

Македонија

Земјотрес почувствуван во Македонија

Published

on

Во Македонија, пред малку, е регистиран земјотрес бил со епицентар во Косово. Земјотресот се случил околу 01:45 часот, со магнитуда од 4,2 степени на Рихтеровата скала. Нема инфорамација за можни штети или повредени во моментов

Continue Reading

Македонија

НЕ СУМ ВО БЕГСТВО, ТУКУ РАБОТАМ НА МОЈАТА НОВА ЗБИРКА ПОЕЗИЈА Се огласи Васко Ковачевски од тајна локација

Published

on

Сатирична вест на порталот Кооперација.

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој денес беше осомничен за организирање на злосторничко здружение за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви, со што е нанесена штета од 6,5 милиони евра, испрати демант до редакцијата на Кооперација во кој тврди дека не е во бегство туку е во самоизолација, каде ја привршува својата најнова збирка со поезија.

„Веќе 2 месеци се наоѓам на тајна локација, каде заедно со мојата муза работам на мојата нова поетска збирка со работен наслов “33 песни за ЗЗ” и ја користам оваа прилика за да ѝ соопштам на јавноста дека ова е обична завист и љубомора кон мојот вонсериски, пишувачки талент и срамен обид да се прекине мојата поетска кариера, во време кога станува светски познат и признат поет“, – се вели во демантот на Ковачевски.

Целата сатирична вест на порталот Кооперација прочитајте ја ТУКА.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк