Connect with us

Бизнис

За 25 денари за килограм, расте цената за откуп на тутун од прва класа

Published

on

Откупната компанија „Пашоски“, една од 10-те кои го купуваат тутунот во земјава, ја зголеми цената на тутунот на 400 денари. Од Сојузот на тутунските здруженија очекуваат овој пример да го следат другите откупувачи.

Конретно, со анекс на договорот, доставен до Сојузот компанијата соопштува дека првата класа откупен тутун се зголемува од 375 на 400 денари а килограм, а тутунот годинава се откупува, главно во прва класа.

-Нашите настојувања, во соработка со Министерството за земјоделство преку средби со откупувачите, почнуваат да вродуваат плод. Така, првата компанија која ја зголеми цената на првата класа тутун на 400 денари, е компанијата „Пашоски“ која денеска нѐ информираше за зголемувањето на цената, со тоа што ќе им биде доплатено на тутунарите кои досега го предале тутунот, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот за тутунски здруженија.

Тутунарите, а со нив и Сојузот, нема да се откажат од барањето за повисока цена.

-Очекуваме овој пример да го следат другите откупувачи за зголемување на цената. Тоа ќе биде мотив повеќе за производителите и за производство и за интензивирање на откупот, рече Ристески.

Инаку, досега се откупени преку 3.700 тони тутун по просечна цена од 374,71 денар.

Бизнис

Од Скопје ќе се лета директно кон Париз и Амстердам, ќе има и поврзување со прекуокеански летови

Published

on

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител истакна дека претстои силен развој во авиосообраќајот и во следниот период најави нови дестинации за граѓаните.

Тој потенцираше дека шест дестинации се веќе потврдени, од Скопје директно во наредниот период ќе се лета за Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, додека пак од охридскиот аеродром директно ќе се лета за Базел и до Истанбул на новиот главен аеродром, за што веќе се продаваат авионски карти од Сиднеј, Вашингтон и од Торонто за Охрид.

Покрај овие шест, Николоски вечерва најави уште четири нови авионски линии од македонските аеродроми.

„Ќе се лета од Скопје за Амстердам, од Скопје за Париз, и тоа до најблискиот аеродром до центарот – аеродромот “Орли”, имаме најава од “Катар Ерлајнс” дека ќе отворат најмалку една дестинација и многу интензивно работиме Скопје да стане само третиот главен град на Балканот од каде што ќе има прекуокеански летови. Во моментов прекуокеански летови има од аеродромот од Истанбул и аеродромот во Белград, а нашата цел е Скопје да биде третиот град од каде што ќе се лета прекуокеански”, истакна министерот Николоски.

Тој исто така најави и целосна реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром што ќе се реализира во следните неколку месеци, објект кој не е реконструиран откако е изграден.

Continue Reading

Бизнис

Ставрески: Значајно е да се одржи стабилност на цените за реално подобрување на животниот стандард

Published

on

„Најважно е да продолжат напорите за враќање на изгубената доверба во системот. За подобар живот е потребен економски раст, а за тоа се потребни економска слобода, политичка стабилност и предвидливост на политиките.
Македонската економија во 2025 година ќе оствари подинамичен раст со стапка на БДП од околу 4 %. Оваа проекција се потпира врз три столба: 1. Инфраструктурни проекти како автопати, железница, енергетика; 2. Локални инфраструктурни проекти со поддршка од 250 милиони евра од Владата; и 3. Инвестиции на приватниот сектор со кредитни средства со каматна стапка од 1,95 %. Овие три компоненти, заедно со странските инвестиции, силно ќе го придвижат инвестицискиот циклус. Потрошувачката ќе биде поддржана преку одмерено зголемување на платите, на пензиите и на кредитите од банките. Завршувањето на војната во Украина позитивно ќе влијае врз македонскиот извоз во ЕУ. Подеднакво значајно е да се одржи стабилност на цените за реално подобрување на животниот стандард. Не смее да се повтори трката на платите и на цените, која се случуваше изминативе години. Инфлацијата ќе се одржува на 2 до 2,5 % со координиран напор на НБРМ и на Владата“.

Извор: ekonomijaibiznis.mk

Continue Reading

Бизнис

„ГРИН МАШИНС“ ЌЕ ГИ ЧИСТАТ БЕРМУДИТЕ „Брако“ ќе ја одржува хигиената на улиците во светскaта туристичка дестинација

Published

on

Машините за чистење „Грин Машинс“ на „Брако“ станаа дел од флотата за одржување урбана хигиена на тропската држава Бермуди.

„Клиентот од Бермудите го избра моделот 414 rs на „Грин Машинс“, со кој истовремено можат да се чистат и улици и тротоари, може да се управува рачно, но нуди можност и за седење на операторот.

Нашиот тим од Обединетото Кралство беше на Бермуди, каде одржа обука за користење на нашите машини, и горди сме што македонски производи ќе придонесат за чисти улици и ќе бидат присутни на оваа британска островска територија, која е светскa туристичка дестинација“, се наведува во соопштението од „Фероинвест“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк