Connect with us

Македонија

На Бoки 13 му е продолжен прекинот; Доктор Јованов: Не му е забрането физичка активност, прима терапија и трипати во болница

Published

on

Болеста на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор бидејќи нема терапија, ниту услови, тој е инвалид од прв степен, а му се препорачува да биде физички активен. Ова е медицински став од конзилијарното мислење на докторите презентирани во Кривичниот суд, поради кои осудениот од „Рекет“ останува на слобода.

Одлуката е донесена врз основа на докази односно медицинската документација, на која има повеќе од десетина потписи на доктори-специјалисти, професори од Универзитетската клиника св. „Наум Охридски“. Од началникот доктор-специјалист Стојанче Јованов побаравме став како Боки 13 е во лоша состојба, а постојано присутен во јавноста. Тој посочува дека на лицето не му е забрането да ги обавува своите животни функции и му се препорачува физичка активност, но истовремено, вели дека состојбата му се третира секојдневно со болнички лекови и посебни режими.

Целиот текст на Скопје1

Македонија

„Влен“ за барањето на ДУИ за оставка од претседателот на Уставен: Тие прво да побараат оставка од своите членови

Published

on

Башким Асани од коалицијата „Влен“ на денешната прес-конференција, коментирајќи го барањето на ДУИ за итна оставка од претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, нагласи дека тие најпрвин треба да побараат оставка од своите членови.

– ДУИ оставки најпрвин треба да бара од своите членови на партијата. Од претседателот, потпретседателот, па по ред, од сите. Чесните членови на ДУИ мора да станат да постават шатори во Мала Речица и да бараат ослободување на партијата од сенки и корумпирани кукли. Ова е единствениот начин да се спаси она што остана од оваа партија. „Влен“ секогаш ќе се залага за Албанците и ќе се бори за ослободување на политиката корупција и измами, рече Асани.

Демократската унија за интеграција денеска преку соопштение побара итна оставка од претседателот на Уставниот суд.

– Реакцијата на Претседателот на Уставниот суд на прес-конференцијата ја означува кулминацијата на неприфатливоста. Прашан од новинар за недостигот на албанскиот јазик на таблата зад него, и покрај фактот што законот за употреба на јазиците е во сила, Претседателот изјави дека „знае дека законот е во сила, но не му се допаѓа законот“. Таквата изјава е скандалозна и целосно неприфатлива! Лице кое отворено изразува несогласување со законите во сила и применува двојни стандарди на толку важна позиција како Претседател на Уставниот суд, не може да биде достојно за да продолжи со должноста. Неговото однесување ја поткопува не само довербата на граѓаните во институциите, туку и основните принципи на демократијата и меѓуетничката еднаквост. Поради овие причини, ДУИ повикува на итна оставка на претседателот на Уставниот суд, се вели во соопштението на ДУИ.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, вчера истакна дека одлуката за одржување подготвителна седница за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците не треба да се толкува како слабост. Тој информираше дека на работен состанок на 23 декември ќе се дефинираат спорните прашања, а по завршување на подготвителната седница, најдоцна до мај, Судот ќе одлучува по предметот.

– Во оној момент кога ќе го добијам пријателскиот совет од Венецијанската комисија веднаш ќе биде свикана подготвителната седница. Уште сега на крајот од оваа седница побарав од судијата известител најдоцна до 23 декември да ги подготви спорните правни прашања за подготвителната, да подготви предлог листа на учесници, бидејќи одлуката ја носи Судот на посебен работен состанок, и во оној момент кога ќе го добиеме амикусот моја проценка е дека ќе биде тоа почетокот на март, ќе биде одржана подготвителната седница, рече тој, дополнувајќи дека по завршување на подготвителната седница, не повеќе од месец дена, ќе им бидат потребни за разработка на рефератот врз основа на резултатите од подготвителната седница, што значи, како што рече, најдоцна во мај Судот ќе одлучува по предметот.

Continue Reading

Македонија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ: „Се противиме на постоењето можност да се укине правото на бесплатно користење јавен градски превоз“

Published

on

Партијата на пензионери, најпринципиелно се спротиставува на постоењето на реалната можност за укинување на правото за бесплатно користење на градскиот јавен превоз во Скопје, информираа денес од Партијата на пензионерите.

„Во овие предизвикувачки времиња за пензионерскиот стандард, правото на користење на јавниот градски превоз во Скопје, е една од најдобрите одлуки за унапредувањето на повеќе сегменти, во не така светлото пензионерско секојдневие во главниот град.

Од таа голема суштинска причина, отворено ги повикуваме најодговорните институции во Владата и Советот на Град Скопје, детално да ги разгледаат и решат сите отворени прашања и проблеми во овој сегмент, и да донесат соодветни позитивни и практични решенија, со кои ќе се продолжи со досегашната добра пракса за добробит на сите пензионер, но секако и за учениците и студентите во главниот град.

Грижата за многубројната, млада и највозрасна популација во Скопје, не е само најдобра долгорочна политичка инвестиција на сите политички субјекти во нашата земја туку тоа претставува и нивна базична обврска за која сите тие се изјаснија во своите политички платформи и предизборни ветувања“ се вели во нивното соопштение.

Оваа реакција доаѓа откако на социјалните мрежи се крена паника дека нема да им биде дозволено да ги обноват своите автобуски карти.

Continue Reading

Македонија

Измените на Законот за јавни набавки е со цел зголемување на ефикасноста и подобрување на правната заштита за компаниите

Published

on

„Прво затоа што мислам дека оваа државна комисија за жалби по јавни набавки не покажа ефикасност и резултати. Ние гледаме и според одредени анкети, спроведени од институти и ЕК дека голем број на стопанственици дури не ни поднесувале жалби по јавните набавки затоа што знаеле дека однапред е одлучено како ќе биде“, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во изјава за Канал 5 телевизија.

„По однос на управната постапка или административна постапка сега, се работи само за подобрување на ефикасноста за да нема преклопување на надлежноста на бирото за јавни набавки со надлежноста на државната комисија за жалби по јавни набавки, односно да се зголеми ефикасноста на бирото за јавни набавки во почетокот на самата постапка кога има одредени поголеми јавни набавки, а државната комисија за жалби по јавни набавки да биде крајната инстанца која ќе значи правна заштита на оние стопански субјекти кои сметаат дека има повреда на постапката и сметаме дека ова разграничување ќе ги направи двете институции поефикасни во управувањето со финансиите и големи јавни набавки“, рече Милошоски.

Милошоски истакна дека измените се поврзани со реформската агенда на Владата и со планот за раст на ЕК.

„И третата работа зошто го правиме по скратена постапка затоа што овие измени се поврзани и со реформската агенда на Владата и со планот за раст на ЕК каде како држава сме презеле одредени обврски, но претходната влада не ги реализирала навремено односно ние треба во 2025 година да ги намалиме електронските набавки под 40%. Досега биле навистина преголеми што создавало сомнеж дали истите се правилни или голем дел се злоупотребуваат и токму имаме таква интервенција да се ограничи оваа можност за електронски јавни набавки“, истакна Милошоски.

Оцени дека досегашните сознанија за можни корупциски скандали укажуваат дека институциите ќе мора посилно да се ангажираат.

„И на крајот тоа што сакам да го потенцирам е дека самите случувања актуелен е тој предмет со РЕК Битола со големи јавни набавки, со преголем сомнеж за можен организиран криминал или корупција покажуваат дека досегашното дејствување според овој закон на Државната комисија за жалби по јавни набавки не било на задоволително ниво. Во иднина ќе треба многу посилен ангажман на овие две институции за да имаме поголема контрола во јавните набавки“, укажа Милошоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк