Connect with us

Македонија

МАКЕДОНСКИ ИЗБОР НА ЖЕНА НА ГОДИНАТА Еве кои десет дами не освоија во 2024 година

Published

on

На свечена церемонија исполнета со инспиративна атмосфера и многу позитивна енергија, во Музејот на македонската борба во Скопје, денеска се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за Жена на годината 2024.

Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува.

Изборот за „Жена на годината“ започна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 437 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по 5 во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.

Лауреатот македонска Жена на годината 2024 го понесе Елена Пандева (ELENA LUKA), авангардна македонска дизајнерка, но и сопственик и генерален менаџер на повеќе компании од различни индустрии.

Во продолжение, следува листата со овогодинешните победнички во сите категории од изборот „Жена на годината 2024“:

1. Жена на годината – Елена Лука

2. Жена со трајни вредности – Зорана Костовска

3. Жена менаџер на годината – Никица Мојсоска – Блажевски

4. Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Јехона Спахиу Јанчевска

5. Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Зорица Бужаровска Бошковска

6. Жена со најголеми достигнувања во културата – Маја Андоновска Илијевски

7. Жена со најголеми достигнувања во спортот – Милијана Релиќ

8. Жена со најголеми достигнувања за општеството – Фатма Бајрам Аземовска

9. Жена со најдобар стил – Вера Мештеровиќ

10. Инфлуенсерка на годината – Ема Блажеска (@emmwandera)

Во конференцискиот дел на настанот, свои предавања одржаа: Сања Митровска (Networker); Елена Панова (А1) и Хелена Кодрич Мори. Во панел дискусијата која беше модерирана од Проф. Д-р Маја Кузмановска учествуваа: Биљана Шеновска – Генерален менаџер на ИТД Дистрибуција, Ана Секуловска – Програмски директор во Startup Club Скопје и Елена Лука .

Организатори на „Жена на годината“ се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Овогодишни покровители на настанот се: Инфософт Груп, Ананас, Империјал

Тобако, Фабу, Мартимекс, Версаче, ICON, Тиквеш, Енерџи Студио, Нескафе, Бизнис Академија Смилевски, Пакомак, Савекс, Семанта, Влашичка Роса, Ива-про Биромаркет и други.

Македонија

Сиљановска Давкова: Кабинетот оживеа во детски џагор и љубопитност

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, денеска го отвори кабинетот за најмладите, претворајќи го дворот во сцена исполнета со детска енергија и љубопитност. Свечената церемонија на менување на државното знаме, организирана за ученици, беше симбол на патриотизмот и градењето на свеста за значењето на татковината уште од најмали години.

„Денеска Кабинетот го огреа детска светлина, а дворот грмеше од детски џагор. Македонското државно знаме се вееше на сите страни, вриеше како во кошница,“ изјави Сиљановска Давкова.

Претседателката се соочи со безброј прашања од децата – од тоа како изгледа еден претседателски ден, до прашањето дали ќе ги посети нивните училишта. Настанот ја потврди нејзината определба за приближување на институцијата до граѓаните, особено до младите генерации.

„Си заминаа, ама ми останаа во мислите!“ заклучи претседателката, која го нагласи значењето на ваквите иницијативи за градење на врската меѓу институциите и идните генерации.

Continue Reading

Македонија

Загина градежен работник од Тетовско

Published

on

Вчера околу 11:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека при извршување градежни работи на објект на улица „Братство Единство“ во Струмица, З.Б.(60) од село Вешала, тетовско, паднал и од здобиените повреди починал на местото, соопштија денеска од СВР Струмица.

Смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Струмица, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица, инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на СВР Струмица.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Continue Reading

Македонија

Кривична пријава против 11 лица, меѓу нив лекар, адвокати, граѓани – вршеле измама против осигурителна компанија

Published

on

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 11 лица поради постоење сомение за злоупотреба на службената положба, измама, и помагање. Кривичната пријава е поднесена против И.Б.(52) – лекар во Клиничка болница Тетово, против Д.К.(35) и Н.Д.(34), двајцата адвокати, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „помагање“ во врска со „измама“, против А.Љ.(30), Б.Ф.(25), Н.А.(42), М.Д.(39), Т.Љ.(27), Т.М.(27), Б.Д.(29), С.Д. (21) сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „измама“.

„ Првопријавениот, во неколку наврати креирал медицински извештаи со невистинита содржина во корист на други лица, кои биле употребени како доказен материјал во осигурителна компанија и на име на обештетување на нематеријална оштета, исплатиле на жиро сметките на пријавените М.Д., Н.А., С.Д., Т.М. и на Ш.Х., поединечно по 80.000 денари, додека на пријавените Б.Д., Т.Љ. и лицето М.Т. им биле исплатени поединечно по 70.000 денари. Паричните средства на пријавените Д.М. и лицето Ш.Х. не се лично подигнати, туку од пријавениот Б.Ф., кој претходно зел полномошно за подигање на паричните средства од филијалата на банката и подоцна со полномошно се уплатени на жиро-сметката на пријавениот А.Л.. Пријавените адвокати, го сториле првото кривично дело „злоупотреба на службената положба“ во текот на септември и октомври 2023 година, на начин што полномошното не го добиле лично од странките, туку од пријавениот А.Љ. и извештаите ги доставиле до осигурителната компанија, врз основа на кое била исплатена оштетата на жиро-сметките на пријавените во износ од 610.000 денари. Останатите пријавени, во текот на септември и октомври 2023 година, свесно ги ставиле на располагање своите лични податоци врз основа на кои било креирано полномошно за подигање на парични средства од филијала на банка во Тетово, врз чија основа биле фалсификувани медицински извештаи“, се вели во билтенот на МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк